Епа баш на Камп Ноу да ги бедите? Како и да е, јас знаев дека Реал со нови сили ќе заигра против Барса, така да бев скептик. Но не губам надеж. Во среда е реваншот. Инаку ми се допадна играта на Алексис Санчез. Се снаоѓа. Браво! Спојлер Добро кажа еден другар: И 100-0 да изгубиме, пак ќе ја сакам Барса. :up:
Краен резултат: 2-2 Головите за Барса ги постигнаа: Давид Виља и Лионел Меси. Головите за Реал ги постигнаа: Месут Озил и Чави Алонсо. Реванш: среда, 23 часот.
Ууу значи кладбата се дуплира Е на Камп Ноу ќе гледаме борба ... Ма кој и да е тим на Камп Ноу се губи најпрво од атмосферата , а камоли кога станува збор за најлутиот противник ... Така да ... Барсеолна тепа потпис и печат . Немам против да тепа Реал макар изгубила добри пари , зошто некако Премиера станува досадна . Барселона , па Барселона па Барселона . Доволно е тапа ситуација што само 2 тима се борат за титула . Која разлика со Англија бре ... Ваму 5 тима претендираат за 1 место и солидниот Тотенхем ваму . Мора да се врати Реал за доброто на шпанскиот фудбал .
Иако резултатот можеби и не е така добар(секако не е ни лош), иако овој резултат од 2-2 не ја отсликува вистинската слика за вечерашниот натпревар, јас сум презадоволна. Зошто? Зошто Реал покажа игра и покажа борбеност, покажа целосна доминација од прва до последна минута. Барса беше изгубена, немаа прецизни додавања, немаа посед на топка, се на се изиграа многу лошо, ама имааа малку повеќе среќа да двете единствени шанси ги направи голови. Еј цели 90 минути едвај двапати го минаа центарот и два гола дадоа. Среќа, ништо друго Да не раскажувам многу, кој ја гледал утакмицата знае Ќе биде тешко на реваншот, ама очекувам победа на Мадрид Hala Madrid!
На кој тв канал гледавте? И јас знаев дека има натпревар ама не го најдов никаде Ајде известете ме за во среда!
Реал ќе тепа во среда сигурни бидете , претходната сезона имаа страв од барселона и не излегуваа ни до половина терен, но Мурињо ги среди и сега се по борбени ни грам страв немаат играат опуштено и така и ќе продолжат Hala Madrid
Овие селаните од Манчестер - Шити имаа добар старт а и Агуеро.Се надевам последна ке им биде Ајде вечерва Фарселона - Реал Мадрид. HALA MADRID. Се надевам дека Мурињо конечно нашол лек против БарСЕЛОна. И Арсенал синока се снајде убаво без Фабрегас Мило ми е за нив
За фановите на Барселона .... Погледнете што му посака Гвардиола на Фабрегас во 2001г. Деновиве Фабрегас се врати во родната Барселона откако како 16-годишно момче замина во Лондон да игра за Арсенал. Британскиот таблоид Сан објави уникатна снимка на дрес на Барселона, кој своевремено специјално го потпишал Гвардиола за Фабрегас во 2001г. Тогаш сегашниот тренер беше капитен на тимот, а Сеск блескаше во детските формации на Каталонците. Фабрегас во тој период бил исправен пред првиот голем тест во животот, откако родителите почнале бракоразводна парница. За да го подигне малку духот на момчето, тренерот во јуниорскиот тим, Родолфо Борел го замолил Гвардиола да го направи тоа за Сеск. Гвардиола со задоволство прифатил, а на подарокот за 13-годишниот Фабрегас тогашниот играч на Барселона напишал: „За Франсеск Фабрегас, за неколку години да те видам ти да ја носиш ’четворката’ на Ноу Камп. Со здравје и среќа. Пеп Гвардиола“. Сега, една деценија подоцна, желбата на Гвардиола веќе е факт. За вечер ... на фановите на Барселона и честитам однапред
Ебате капитенот (веке бивш) наместо да биде за пример него го удрила славата во глава па бега ја изгуби почитта од мене,али никој не ме прашува
Има ли некој линк за вечерашниот натпревар Фарселона - Реал? Немам спорт клуб а слушам таму ќе ја даваат.
http://www.sportlemon.tv/ На овој линк јас го гледав претходниот натпревар, па најверојатно ќе го има и овој
http://www.freelivesportstv.com повелете Hala Madrid се надевам ќе доминира и Кристијано барем со еден гол и да му биди 100 јубилеен од кога е во РМ, и Мурињо да го внеси во игра Кака , верувам дека ќе игра добро ..