Јас не разбирам зошто сите мислат дека Барселона е Меси. Барселона има одлични играчи, Пике, Чави, Иниеста. Меси ги прима одличните топки и дава гол. Пример вториот гол, кога Пике му подаде. Меси е одличен играч, ама е тоа што е, заради соиграчите. Кога игра за Аргенитина нигде го нема. Баш на светското го следев, немаше ни М од Меси во Барселона. Ако сакаат Шпанициве убав фудбал клоците на Пепе најпрвин (навивачи на Реал мора да си признаете дека е ѓубре од играч) и Марсело. На од Барса на Пинто и Бускетс. Не гледам уште еднаш, најозбилно се изнервирав. Повеќе фаули, преправање, глумење и тепачки, отколку фудбал. Сегде има ривали, па пак никој не се тепа вака. Море ич, амин уште еднаш Шпански фудбал.
Добро Боа пристрасна си и јас не сум најреална кога Челзи игра знам ... Прво викаш Марсело си доби картон демек па што ? Марсело и така влезе нервозен во игра , а зошто да направи таков фаул ? ! Не беше ни пред гол ни ништо пред сам крај , значи решена утакмица на пола терен му крши нога ! и тоа на кого ? На дебитантче на некој што се радува на прва утакмци НЕПОТРЕБНО апсулутно ! ! ! Зошто скокнаа ? Јас че скокнев да можев жими се , па гледаш дека беше од немоќ од завист и тоа на кого ... Затоа се испровоцираа ... Кој почна Мрчало (Реал Мадрид ) Пинто секогаш скока таков е човекот краток фитил ама барем Пинто бре резерва дете ... А Мурињо бе Боа на што личеше тоа ? Тој е лидер тој е најстариот најпаметниот де тој треба да ги смири а не да додава масло на огнот . И што постигна со тоа само ќе добие казна . Тој самиот не знае како да се носи со поразот и таквите ситуации . Тука се гледа класата на фудбалерите .И тимот воопшто . Колку скокнаа од Барселона а колку од Реал ? Да се десеше слична ситуација на Бернабе ќе скокнеше и публиката а може е Мурињо ќе се замешаше ... Ц.ц.ц ваков фудбал ?
Фауловите се нормални во жарот на играта а овие Фарселонските мајмуни се понашаат како да е извршено убиство.А да не спомнувам дека реакцијата на секој фаул им 10 пати по драматична него што бил тежок фаулот.Кога топката е подолго кај Реал овие едино што знаат е да паднат и да молат за прекршок.Ако се толку нежни пи*ки нека не играат фудбал нека играат балет кога веќе не знаат да се понашат како машки и плачат секој пат кога некој ќе ги потегле за косата. Абе ајде Фарса биле малце подобри,освоиле неколку титулички последните три години и сега се одма некој вансериски клуб не ме засмејувај те молам.Реал е класа,историја,клуб на сите времиња а Барса е само мода која брзо мине и уште еднаш ќе напоменам дека без судиите нема да имаа ни пола од ова постигнато. Реал се најдобри и секогаш ќе бидат.
Затоа 6 години неможеа да поминат 1/8 финале во лига на шампиони... http://www.youtube.com/watch?v=_GF_E-1PAPc
За разлика од Барса чичко судија не им помага секоја година да влезат во финале.Оваа година Арсенал....Ван Перси исклучен оти не го чул свирчето на чичко судија се со цел Барса по секоја цена да влезе во четврт-финале.Абе ајде вашето е 40 проценти игра 60 глумење.
Венди како прво скршена нога немаше. Како второ, стартот можеби беше опасен ама секако дека Марсело не одел со намера на некого да му скрши нога. Како трето, такви стартови се секојдневие во фудбалот, со таа разлика што кога се направени над некој друг играч не им се придава толку многу важност, ама кога се направени над играч на Барса се прави една фама што ќе речеш дека некој им извадил моторна пила на терен. И како четрврто за таков старт постои казна, а казната е црвен картон, а не скокање на цела клупа и тепање. Ако на секој фаул вака скокаат фудбалерите, ништо од фудбалот. Друго, велиш што би било ако натпреварот се играше на Бернабе? Па уште и претпоставуваш дека ќе скокнела и публиката ? Јас како што знам во последните неколку години Реал губеше од Барса и на бернабе, па не видов некој инцидент или недај боже публика да скока и да се тепа. Е тоа ме нервира. Што се трудите да ги покажете играчите на реал ко животињи, а балетаните на Барса ко цвеќиња за мирисање. Кога Роналдињо играше во Барса еј неможеш да ги сопреш, сега неможеш да ги дигнеш од терен, при најмал контакт паѓаат ко покосени, а после на снимки на ју туб гледаш дека уствари немало ни контакт. И незнам што се чудиш за Мурињо? Таков е човекот, скандалозен, со непотребно потези, ама отсекогаш бил таков. И кога беше во Интер, ама и кога беше во Челзи.
Офи ма па немој така, оваа година пројдовме а сега за нареднава сезона планираме и Лига шампиони да ја освоиме, не само осмина да поминеме
Македонска работа - а нешто некому не е по ќеф, веднаш е наместено И не сум за Барса, само го поштувам ради добрата игра. Што е право - право е
Не е наместено бе Офспрингче туку како што кажа БоаВиста ваква фама за еден фаул се прави само кога Барса е во прашање.Зошто Реал ги нема овие проблеми кога игра со друг туку само кога играат со Барса испаѓат грубјани и насилници.И јас го прифаќам поразот ете не победиле ама не беше ова некој катастрофален пораз па навивачите да нафрлаат како Барса игра совршено а Реал не вреди.Истото го збореа и за првиот натпревар кога беше нерешено а овие Меси го среди Реал бла бла бла а резултато еднаков ват д фак.А за посед на топка ништо не спомнуваа пошто нели Реал имаше поголем процент а иначе го тупат со тоа дека Барса ја имала топката а Пике и Маскерано си ја подаваат еден саат еден на друг.
Се случува така зашто се ривали. И нормално е. Јас како субјективен гледач и не навивач на ниту една од екипите констатирам дека Барса имаат подобра игра.
А што е најчудно значи на секое Ел класико по два - тројца играчи на Барса се тркалаат по 5 минути на тревата, најчесто Педро, Бускетс, Дани Алвеш или Маскерао и секад се крева прашина, леле нога ќе му скршел ова она. Епа незнам како е можно после незнам колку такви наводно ,,касапски стартови,, да нема ни една повреда кај барем некој играч на Барса, оти нели тоа биле стартови за во затвор?!?
Твое мислење но за мене не е така. Хала Мадрид - и да губат и да победуват верните навивачи се секогаш со нив
Боа не сваќај буквално за стратот мислев на грубоста на стартот ...ОЧИГЛЕДНА НАМЕРА ! на нога пред крај .Дека се добиваат црвени директни картони во 89 минута па не би рекла . Не се трудиме да ги покажеме како животни , сами си се покажуваат . Има и друг спорт за нив Боречки вештини , Кик бокс ... Мурињо за квалиетет ко менаџер никогаш нема да му спорам ама ова ? Јас си го знам добро темперамен , редовно со казни , редовно седи на трибина се тоа ... Ама ова ? Дека користат ситуцаии Барселона некогаш користат ама им се може де ! Нашле слаба точка нашле аматери ( во таа смисла ) така се наседнуваат деца , а не фудбалери од Реалова класа (кралевите де ) 500 милионски клуб Користат каталонците знаат како абе дозволиве глупиве , ги осетиле дека лесно пукаат вај нат ? Ако некој не гледал случајно http://www.youtube.com/watch?v=UNajyNeem3w Еве ти го и Роналдо колку не е провокатор http://www.youtube.com/watch?v=sqDNiNMpfc0 Ова почнува од тренерот http://www.taratur.com/node/24789
Барса - Реал Почнуваме со Реал 1 ПЕПЕ = треба ли повеке да се каже ... глуми подобро од леонардо ди каприо , а да не спомнувам неговата прљава игра 2 Марсело = колку сака нека е љут ама да влезеш у Karate Kid на некој играч е црвен картон 3 Ги вади Di Maria и Ozil ... ги става Kaka i Iguain ... мурињо уште испробува тактики неуспешни 4 Мурињо мислам дека со другарите не сме се изнасмеале толку кога го потегна тој за увцето убаво ... Барса Педро и Дечкото на Шакира манекени и глумци .... овој го фака за грб ... пага и се жали лицето му го уништиле.... Пинто ..... прв за да се тепа , а да одбрани гол не дај боже MESSI , XAVI , INIESTA = 3-2 Fabregas ништо не освои кај Арсенал , дојде заигра 10 минути и ете трофеј Како и да е Барса си тепаше заслужено , како и по обичај малце се тепаа , црвен картони , и Карате кид стилови удираа EDIT : Cristiano Ronaldo се изгуби на терен го снема , едвај тој првиот гол што го даде (офсајд )
Па тие штом видат дека Реал добиле жолт или црвен картон веднаш стануваат и ништо не им е. А овие тројцата водат во глума.Предлагам за оскар да ги номинираат. http://www.youtube.com/watch?v=ygmGIFz_EP0
Лејдис енд џентланменс уште овa од мене на темава засега ама морав .... Кометар на фан на Реал Мадрид *Пореално амин еве тоа се јас што го зборев претходно Дури бев во транс,викав:Удри на кучињата,на копилињата,на циганите.....Ама сеа си мислам,и сватив дека најмалоумните,најслабо психичките одбрамбени играчи играат во Реал.Ние како да сме некоја психијатриска десница,која шо служит за тестирање за бес и само контрола.Како да играат во општинска 3 лига кај нас,па ако губиш удри,тепај...ако водиш,исто.Криво ми е шо добиваме репутација на селски тим(чекај бе,нели од МАдрид бевме???)....која не знае да претрпи пораз.Не дека БАрса се светци,напротив,но тоа што победуваат 4 години со ред не ја покажува нивната страна кога губат,кукавичка како нашата(ако воопшто ја имаат).Ако си голем спортист,требит да претрпиш секакви..СЕКАКВИ провокации... А од играта сум задоволен тотално,освен од некоординацијата на шутракот и дедото....едноставно имаше празнина меѓу нив од 20 метри,па за топка меѓу нив моеше и Мело да пуштит,а не ЧАви или меси.....Кејф ми е шо Бензема го скрши мразот против БАрса.Едино ми е криво шо после гужвава на крајов...следните ЕЛ Класика ќе личат повеќе на УФЦ натпревар збогатени со топка за да можат тепачиве да се занимаваат за време на пауза меќу рундите,одколку на прав фудбал.. И уште еден Не ме интересира како игра БАрселона дали се фолира или не ...Дали сексуално ги задоволува судиите пред натпреварите или нее... Јас знам дека ние сме РЕАЛ МАДРИД и треба да се понашеме како ГОСПОДА на теренот и надвор од него... А не да му дозволиме на Гвардиола на крајот на натпреварот да оди кај судијата и со сочна насмевка да му вика,,Заврши одлична , работа,,Ако ги растуриш 0-4 ни судија ни шеик ништо не им помага... еден римејк на една реченица од Дон Сантијаго Бернабеу..Реченицата вака гласи,,Постојат добри и лоши фудбалери а не стари и млади,, а еве го римејкот,,Постојат паметни и малоумни персони,, Ме нервира што во овие дуели Барселона се паметни затоа што ги користат судиите а ние сме глупавите затоа што се бориме каако луди..Хала МАДРИД
Венди ме интересира дали истото ова мислење го имаше и за твојот тим кога Челзи изгуби од Барса во Лига на шампиони и кога Балак трчаше по судијата и викаше на цел глас, кога го исклучија Дрогба кој упорно викаше накај камерманите и неможеа да го додржат за да не оди да да направи некој инцидент со судијата?
FCB Hrvatska: „ovdje nećemo pričati o brutalnom startu Marcela na Fabregasu.Pronašao sam svjetlu točku u Real Madridu, koliko god to zvučalo nevjerojatno. KAKA ! Na 0:43 min videa se vidi da je stao sastrane i čekao rasplet događaja i JEDINI iz Reala nije sudjelovao u tučnjavi ! Bravo Kaka, UVIJEK BIO I OSTAO POŠTEN I MIRAN, ne daš se isprovocirati, čak te ni Murinho nije uspio natjerati da se tučeš ! LEGENDO!„ http://www.youtube.com/watch?v=JjPfdKMjHi8