Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Хахахах добро кажано ;)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Е ајде навивачи на Реал, оставете ја Барселона, на секое Барселона, соочете се со реалноста : Барселона е далеку подобар тим од Реал, и тактички и секако, затоа победува и готово. А за тоа што се истепаа не се само Барселона виновни, а Реал за глумење се познати од поодамна, и што не зборувате малку и за играта се само за тепањето тоа па тоа
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    За играта зборуваат статистиките. И чудно ама не покажуваат некоја посебна предност за Барса, освен некој си 5% посед на топка ;)
    http://www.rezultati.com/detail/Usx8zCaN/#statistics
     
  4. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    За болдираното : Да , глуми , уште од време се прославија со тоа , можеби ќе речев дека би можеле и во Холивуд да се прослават , да не беше нивната глума толку проѕирна и бедна , да не беше помошта што ја добиваа од поткупените и определените судии на секој натпревар ( значи со кого било да играа , не само со Барселона ), нивната глума немаше ни пет пари да вреди и добро е и што играчите на Барселона почнаа да глумат и да им враќаат со иста мера , зашто навистина со овие поинаку не може да се излезе на крај , што се однесува до пристојноста на Меси , нема да коментирам зашто не сум го воспитувала јас , ни него ни Гвардиола , а уште помалку ќе ги коментирам " царските " потези на Роналдо ," фудбалерот " со најпатетична глума од сите останати , со која се прочу уште кога играше во Манчестер . И за крај , ќе се цитирам себеси

    Дечки , без лутење , но и Барса губела од Реал , и тоа колку пати неправедно , поради познатата блискост на " кралскиот клуб " со судиите ама не правеле циркуз поради тоа
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Јас со оваа слика сакам да ги поздравам сите навивачи на Барселона па и тие што навиваат за другите тимови. Се надевам дека некогаш во животот и вие ќе имате прилика да застанете на вашиот омилен стадион и да се изнавикате хахахаахаххааххааахахахаа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0271.jpg
      Photo0271.jpg
      Големина на фајлот:
      303,2 KB
      Прегледи:
      108
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Снајди се па живеј за мене важи ова правило :D со глума или без глума,со тепање или без тепање,со помош на судии или без помош....сите се снаогаат на свој начин како знајат и умејат.Па и сите вие да сте на нивно место не ли би направиле се за да победите и да се бањате со пари :?: Се додека ова не излегува надвор од нормала без големи инциденти се се важи.Барселна се снајде и ги победи Реал и завршена работа а ние овде може уште 100 години да се инатиме.А на Реал им посакувам добри оцени на часовите по глума па се надевам следната утакмица ќе победат :P Поздрав фудбалерки :*
     
  7. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Значи која нервоза изедов и во понеделник и во среда неможам ни да опишам. Случајно или не, таму кај што гледавме сите навиваа за Реал (среќа) :D
    Кратко и јасно кажано - не ми се допаѓаа натпреварите (посебно во среда).
    Многу насилство, многу глума, многу провокации.
    Иако мојот Реал не го освои купот се радувам што има големо подобрување во играта. Очекувам смирување на страстите и кај Реал и кај Барселона и сакам да нема веќе вакви скандали, да се игра фер и да запрат овие драми кои за ''чудо'' ама секогаш ги започнува Барса :!:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Не, не и не! Ова не е Меси. Ова мора да е некој негов двојник. Меси е безгрешен, најдобар е. Тој не провоцира никогаш, секад него го провоцираат, ама тој не потклекнува на провокациите, туку си седи мирен на страна. Меси е Бог и затоа он не прави вакви работи. Пу бре вие фановите на Реал па и монтажи почнавте да правите само да го извалкате името на Меси ;) :rofl: :lol:
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Меси е далеку од ангел на теренот, провокатор невиден е станат последниве сезона-две...
    Но, додека ги има Чави и Иниеста крај него, факт е дека е недопирлив. :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  11. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Овој е поарен од Меси
    http://www.kurir.mk/sport/fudbal/39639- ... na-Murinjo И ние не го величиме Меси, добро, знае да биде провокаторче, признавам ама не може ни да се спореди со Мурињо во недоличност, вие ги величите вашите, се само тие се вечни жртви, се другиот е крив а и што ми е гајле мене Меси како се однесува, не ми е в куќи, не ви е ни вас, ама кога веќе непрестано зборуваме за нечие недозволиво однесување тогаш кој е попогоден за тоа од Мурињо, кој е и главен виновник за тепачката, мислам дека доволно е јасно дека Мурињо ги натера неговите да се тепаат , вакви ексцеси на Ел Класико немаше пред тој да дојде
    Боа, јас не гледам овде ни за Реал некоја посебна предност, факт е дека победи подобриот, тоа го призна и целата фудбалска јавност, неопределена во случајов. Доста се лутите, повеќе среќа следниот пат
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aко фановите на Барса не го величат кој тогаш?Реаловите фанови? :wasntme: Самите фанови почнаа да се лигават со тоа дека е најдобар светски играч,ванземаљац и не знам уште што не па и демотивации ставаа.И да,Мурињо знаеме дека одсекогаш бил арогантен ама не и Меси кој е најдобар светски фудбалер моментално(според некои)почнува да се бутка на терен(а сите го правеа ангел)а Виља да навредува врз база на верската раса после други им се криви.Ни холивудските звезди не им се рамни во глумење ама ај.
     
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    [​IMG]

    http://www.goal.com/en/news/1717/editor ... -must-stop
    [​IMG]


    :D :D :D џабе да се расправа , Барса е мометално нумеро 1 . Тоа е тоа искрено и јас сакам Реал да се врати кажав претходно за доброто на шпанскиот фудбал . Пошто Ла лига и се подосадна ... Тепачкиве ја одржуваат гледаноста :D
    Останувам на своето дека Реал мометално е глуп , туп и неупотреблив ! Наивен што се зезнува ептен лесно , што паѓаат на ефтини фори . И квалитетот и итрината е на страната на Бареселона . Повеќе респект имав за РМ ама тоа е :?: . Карате куб Реал Мадрид |(
    До некое следно Ел класико :hai:
     
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    ХАХАХАХАХА!!!!! :DDDDD
    А ова бе? :D
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ani22

    ani22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    303
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    На оваа дискусија и нема крај но ајде уште ендаш да ти возвратам.Што се однесува за Роналдо.Роналдо е за мене цар,најмногу ми се свиѓа неговото понашање оти си прави што сака и ич не се замара што мислат другите за него.Многу го сметаат за арогантен но јас мислам дека е баш спротивното,се сеќавате кога му ја даде маицата на навивачот на кој случајно му го скрши носот :D хилериас.А што се однесува за глумењето на терен признавам дека во некој прилики има претерано но сега се измени во однос на тоа,си сфати човекот дека е брилијантен и без тие мали театри.А и да те потсетам Роналдо е тој што го обори рекордот во Ла Лига а ми беше задовлоство да го гледам Меси како крши нози за да го престигне но залудно.Роналдо е класа играч за Меси затоа што и во Англија и во Шпанија реди успеси и оборува рекорди додека Меси ако се одели од Барселона кутриот ќе го снема.

    А не ми се верува дека навивач или подржувач на Барса зборува за глума и поткупување на судии :x
     
    На Pelikuna и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Добро , ајде , за Роналдо не коментирам и онака ми се превртува стомакот од него , и големината на Меси повеќе не ја коментирам , затоа што мене повеќе ме интересираат клубовите во целина како функционираат и нивната тимска игра , тимска игра која Реал Мадрид не ја поседувал никогаш и покрај тоа што Мурињо некако се обидува да ја наметне ( кога сме веќе кај Мурињо и неговите очајнички испади , и нив нема да ги коментирам ) , а не ме интересира толку фудбалерот како индивидуалец . Некој може да биде и најдобар фудбалер , но да се најде во средина каде не се негува фудбалскиот фер - плеј и потполно да пропадне неговата кариера ( еве на пример Мајкл Овен и Реал - типичен пример ) . А јас не разбирам една работа . Реал Мадрид е општо познат како еден од најнечесните клубови во Европа (т. е најнечесен ) кој се што постигнал уште од неговото постоење се должи на тоа што е " клубот на кралот " , и од каде излезе сега Барселона понепоштена ? Тоа што Барса го прави во последно време го прави со право , затоа што против непријателот можеш да се бориш најуспешно со неговото сопствено оружје . И во право си кога велиш дека дискусијава нема крај , џабе ние мелиме овде и се убедуваме , никој нема да мрдне од своето и да се премисли зашто секој си има право да си го брани својот клуб :)
    иако аргументите се на наша страна :)
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Барселона одсекогаш ги спасува среќата (за оној натпревар со Реал 5-0 не зборувам затоа што и самата бев разочарана од играта на Реал).Каталонците имаа среќа што Реал изгуби со два-три слаби екипи и изгуби бодови па ја земаа титулата во Ла-Лига.А на крајот на лигата се виде кој блесна Реал на секоја утакмица по 5-6 гола а овие се мачеа по едно голче да дадат.Истото се случи и на овие утакмици од Суперкупот Реал 10 шанси 2 гола овие 3 шанси 3 гола.Веќе нема многу да филозофирам само едно ќе ти кажам.
    Реал Мадрид најтрофеен клуб во историјата на фудбалот :) .
     
  19. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Уште ова од мене вечерва ... Па подобро среќата да ги спасува Барселона отколку судиите , како некои што ги спасуваат . Иако Барселона си има добра игра па среќа не и е многу потребна . Барселона не се мачеше да постигнува голови затоа што истите не им беа ни потребни . Реал до " спектакуларните " победи се знае како стигнува , а истото важи и за трофеите што ги заработил низ историјата . А тоа болдираното и не говори баш лошо за Барселона , тактичка игра што сакате повеќе , Реал ако губи од слаби екипи Барса е крива ? ... Толку од мене , време за спиење е
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Не туку Реал немаше среќа со тие слаби тимови а најсилните партали ги правеше.Чиста среќа за Барса се тие ненајдени порази.А тактичка игра е цел натпревар да не се доближиш до голот на Касиљас??? :) не би рекла повеќе е до тоа што не можеа да најдат начин да се пробијат низ Реаловата одбрана.А за тоа дека судиите ги спасуваат Реал само силно ќе се изнасмеам :D .Ме мрзи пак да набројувам примери како Барселона со помош на судии победувала и не само против Реал туку и против други екипи Арсенал,Челзи.На навивачите на Барселона им е најпаметно да не зборуваат за помош на судии и нечиста игра ете толку од мене.