Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. stevocar

    stevocar Нов член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    10
    Е ништо од фудбалот коа почна и Барселона со глуматање... Јас само се надевам и тие дека нема да станат како Реал и да ја фатат нивната удолница
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Значи аман веќе со тоа дека Реал бил нечесен тим оти пази богати бил тим на кралот, а Барса отсекогаш била потценувана, понижувана итн итн. Ало луѓе, кога беше тоа дали знаете? Па така било пред некои си 60-70 години во времето на диктатрорт Франко кој во тоа време го фаворизирал Реал. Уствари можда и не го фаворизирал толку многу Реал, колку што бил против Барселона. Причината за тоа е секако политичка, бидејќи Барса е каталонски тим, а каталонците сакат да се отцепат од Шпанија итн итн. Ама Франко веќе одамна не е меѓу живите, така да теоријата не ви држи вода. Но ете останала да се прераскажува, па сега кога се нема аргументи за дискусија, ајде веднаш со тезите како Реал е нечесен, фаворизиран итн итн. Како можете да кажете дека Реал е фаворизиран кога еве последните неколку години наназад(освен оваа година) Барса го освојуваше Кралскиот куп(copa del rey), да, да купот на шпанскиот крал, кој пази богати го фаворизирал Реал, а не можел ако не повеќе барем да му намести кралскиот куп да го земе.

    И тезите дека против ,,непријателот треба да се игра прљаво....,, ги сметам за банални и безвезни зошто овде станува збор за фудбалски клубови, а не за воени непријатели. Сепак непријател е малку претежок збор за некој што ти е само РИВАЛ и ништо повеќе!
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Ајде јас пак да се вмешам, значи сами си давате одговори. Шпанија повеќе не е она што беше во времето на Франко, времињата се менуваат, демократијата настапи па така Барселона доби можност да си ги покаже своите квалитети и да тргне кон врвот кој веќе и го достигна (ете затоа Барса ги освојува титулите во последниве 5-6 години), за разлика од Реал кој покажа пак дека тие квалитети ги нема и ете полека-полека ги губи привилегиите.
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Само проблмот е што франковизмот заврши со смртта на Франко во 1975 година, а на Барса и требаа 20 години за да почне да си ги покажува квалитетите. Или можда за фановите на Барса франковизмот завршил пред 5-6 години кога Барса почна да освојува :lol:
    Е сега, самата на себе си контрадикторна. Велиш сега настапила демократијата, а предмалку убедуваше дека Реал бил фаворизиран од кралот на Шпанија. Одлучи се, фаворизиран ли е Реал сега или не има ли демократија или нема? ;)
     
  5. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Нема никаква контрадикторност...Мал оф топик... Еден режим не замира така лесно, Франко ако умре 1975 сите негови приврзаници умреа со него заедно? Можеби демократизацијата започна тогаш, но умовите на луѓето не се привикнуваат така лесно на промените, затоа постои и термин демократизација. Па и Тито умре 80- та, а Југославија опстана до 91-ва . Македонија излезе од комунизам 91-ва а неговите остатоци и југо-носталгијата до ден денес се присутни. И доволно беше, вака ако продолжиме, можеме слободно да се префрлиме во политика... Сакав да кажам дека Барселона до скоро време се соочуваше со тие проблеми, но успеа да стигне таму каде што е сега, а демократијата и промените не доаѓаат така лесно како што велиш ти... ;)
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Аха, тоа ќе да е. И по некоја случајност во 1986 Шпанија влегува во ЕУ како диктаторска земја, :o (па дал је могуче, а нас тука услови ни поставуваат за да влеземе во еу :devil: ) пошто нели режимот сеуште не бил паднат. Ама еве после речиси 30 години режимот е паднат веќе. А како знаеме? Па по тоа што Барса почнала да освојува титули, нели. Да, да долг пат е тоа, во екот на 90 тите години, па и во почетокот на 21 век да напредуваш во држава која сеуште е диктаторска и без демократија :x :x :x Страшно.
    И да, дискусијата веќе навлегува во темата политика, затоа тука ќе стопирам ;)
     
  7. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Е ова последново ич не ти држи вода, ама баш ич ... Друго сме ние малата, неразвиена Македонија со соседот Грција (која знаеме нели дека веднаш ќе ја примат во ЕУ ако го смени името) а друго е Шпанија ... И ако е за така и погоре споменатата Грција е членка на ЕУ од осумдесеттите а до ден денес не признаваат малцинства. И не била Шпанија официјално диктаторска земја во 1986, ама тие појави и предрасудите си се задржуваат кај луѓето, што да не не е така, си имаме ние примери во секојдневието. Гледам знаеш историски датуми ама историските прилики се нешто друго... Последен оф топик, од двете страни се надевам...
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Само едно ќе кажам не сум знаела дека демократијата во Шпанија почнала пред три години.И не сум знаела дека кога Реал освојуваше се живо со бразилецот Роналдо,Роберто Карлос,Раул тоа не било поради тоа што биле добри туку поради тоа што имало уште остатоци од дикатурата абе смешки на квадрат :D
     
  9. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Aбе кој рече дека демократијата почнала пред три години веќе јас ќе се пресмеам :D :D :D или не ги сфаќате работиве или претерувате со сарказам. Што да не не е точно дека Барселона како тим беше омаловажувана до пред некое време при натпреварите со Реал? И ако владее апсолутна демократија во Шпанија тогаш зошто не и дадат независност на Каталонија кога Каталонците уште ја бараат? И не почнав јас, некој друг почна со Франко и со шпанската политика, а сега гледам и со шпански села почнувате... И веќе ми се смачи да давам мислење на тема сто пати кај што го дадов... Вас ви е криво Реал што изгуби од Барса па сега ајде, ќе раскажуваме како демократијата во Шпанија се родила преку ноќ, па како влегла во ЕУ па не знам што и како лошата Барселона му ги краде титулите на кутриот Реал во последните шест години само затоа што судиите и помагаат а е послаба екипа, а кутрите кралчиња се дискриминирани од подмитените судии... Што сакате зборете, пред фактите и боговите молчат ама очигледно не и разочараните навивачи на Реал
     
    На softqueen и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за оф топик, ама ти ова озбилно мислиш дека Каталонија треба да добие независност? Само за напомена, демократијата не значи анархија. Во демократијата се почитуваат уставот и законите, а неотуѓивоста на територијата е загарантирана со уставите на речиси сите држави.
     
  12. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Јас немам потреба да си ги читам претходните мислења затоа што добро знам што сум напишала, не реков дека Барселона добила слободи сега преку ноќ, туку дека со текот на годините полека-полека се ослободуваше од пристрасноста на подмитените судии (знаеме од кого подмитени), остатоци од диктатурата не спомнав никаде, туку некогашни размислувања кои уште не се искоренети притоа подразбирав омаловажување на една каталонска екипа не во однос на другите екипи, туку во однос на кралскиот клуб... Диктатура во Шпанија пред три години немало, јас не знам каде си го прочитала па тоа, исто не знам каде си прочитала дека Барселона почна да освојува титули во 2008-та, времето на Роналдињо изгледа го заборавивме, а и уште мислев да кажам дека што ако и Барселона почнала да поткупува судии, тоа Реал го прави откако знае за себе... Што ако глумат фаули? Тоа го научија од нивните противници. Фанови на Реал подобро е да не почнуваат да зборуваат за поткупување, зашто нивниот клуб има долгогодишно искуство со тоа... На претходниот натпревар и двете екипи играа валкано (еве да оставиме настрана што се е масло на Мурињо, демек со се да се обидат па и со клоци и тупаници), сепак Барселона беше подобра, не само во меѓусебниот дуел, туку општо, изминативе сезони...
    Епа ајде и за оф топикот Не размислувам за тоа, затоа што и не ме интересира многу, сепак ќе кажам дека ако каталонците бараат држава, тогаш зошто да не? Па не се тие некои доселеници таму од пред 50 години, тие се автохтон народ таму, ако сакаат независност зошто да не ја добијат? А тоа што го велиш за демократијата, постојат референдуми, тоа е демократски начин за мнозинството да ја изрази својата волја и да прави што сака со својата покраина. Тоа што Шпанија не им го дозволува, тоа е демократија за тебе-непочитуввањето на волјата на мнозинството во една покраина? Неотуѓивоста е загарантирана, но тоа важи во случаи кога некој однадвор сака да ти земе нешто твое, а не кога народот внатре бара нешто друго. Да не бидам погрешно сфатена, не ме засега ова прашање,само си кажувам мислење
    edit
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Гледај чудо јас па мислам дека Барселона е таа која е повеќе фаворизирана од страна на судиите.Така да таа улога на пожртвуван и омаловажуван каталонски клуб не им стои.
    Еве ги Ла Лига титулите на Барселона
    1929, 1944–45, 1947–48, 1948–49, 1951–52, 1952–53, 1958–59, 1959–60, 1973–74, 1984–85, 1990–91, 1991–92, 1992–93, 1993–94, 1997–98, 1998–99, 2004–05, 2005–06, 2008–09, 2009–10, 2010–11
    Значи демократијата почнала во 2004 или кога ќе размислам подобро Реал освои во сезоната 2007-2008 што значи дека пак се вратила диктатурата таа година :D .
    Те молам немој повеќе со овие глупости оти политиката во спортот можеби била застапена во тоа време но сега не.Но затоа пак сите ја прават Барселона некој непобедлив клуб а Реал го понижуваат.И да ви кажам ич не сум разочарана што не победивме во Суперкупот затоа што Реал играеше извонредно,имаа повеќе шанси и секогаш ќе бидат класа над Барселона сакале вие тоа или не.
     
  14. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Па нормално дека сега не е застапена политиката што ти зборувам јас ? А тие титулите што ги покажуваш од дваесеттите и од триесеттите и понатаму се само доказ дека Барселона и покрај се поседувала фудбалска големина. И од една страна велиш дека политиката порано била застапена во спортот а сега не, а со тие титулите што ги вадиш од минатиот век го тврдиш спротивното. Ајде ти се молам, контрадикторна си сама на себе мислам ова е запаѓање од глупост во глупост, и не, диктатурата 2007 година не се вратила
    :rofl: :D
    туку таа година Реал имаше повеќе среќа со судиите, добро и Барса не беа во форма Роналдињо замина, Деко и т.н, но што ти кажувам ти би требало ова да го знаеш, или почна да гледаш шпански фудбал Роналдо кога дојде во Реал, а ? И доста веќе со таа диктатура
     
  15. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Е значи понекогаш навистина форумов е полош и од бојно поле . Зошто морате за се да се расправате , да употребувате сарказам , за секој збор да се фаќате . Едноставно некој има свое мислење , а вие со сила ќе го наметнувате вашето ? И зошто баш во се во оваа држава мора политика да се спомене ?

    Ти Боа Виста претпоставувам на мене мислеше кога го пишуваше постот . Е добро фаќај се за еден збор , јас зборувам за фудбал , ти за војни и после читам и за диктатурите на генерал Франко . Тоа го кажав метафорички , не сум луда па да мислам дека треба фудбалерите да се испоубијат како во војна , иако овие не беа далеку од тоа . И што сакаш да кажеш , божем вие можете да играте валкано , но другиот не смее така ? Добро , баш убав Франковистички метод

    И престанете веќе , натпреварот беше пред три дена вие уште со тоа , па ни Меси повеќе не мисли на ова . И зошто мора некој нешто лога ќе си напише да излезат уште двајца да го цитираат и да го побиваат ? После ќе зборувате за демократија . А овде кавги , како за Бранко и за Груевски да читам , а не за Барса и за Реал , ајде барем за политика разбирам , агитираат , земаат надохнада , но овде ? Барса и Реал ни плаќаат за ова ?
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Во ЛШ е најтрофеен а во историјата е Милан

    собери ги сите титули на двата тима па види си
     
    На UnA...-7 и Hiii им се допаѓа ова.
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Е извини но јас си навивам за Реал уште од малечка.Се сеќавам кога се восхитував на головите на бразилецот Роналдо,Роберто Карлос,Фиго,Зидан така да ако мислеш дека сум од напалените клинки кои навиваат за Реал поради Роналдо грешка ти е проценката.Тие титули не се добиени само поради Франко и поради тоа што бил против каталонскиот клуб туку Реал отсекогаш си имале квалитет како клуб.
    И ти велиш дека нема политика во фудбалот но велиш дека тоа е од скоро
    А јас велам дека имало само во времето на Франко но тоа не значи дека Реал се добил незаслужено.
    А ти си таа која почна со диктатурата и политичките глупости само затоа што твојот тим освен последните три години и една година пред тоа не бил способен да освои ништо.

    Во ЛШ е најтрофеен а во историјата е Милан

    собери ги сите титули на двата тима па види си[/quote]

    А се извинувам моја грешка.Реал е најтрофеен клуб во Лига на шампиони и Ла лига.
    бај д веј Милан можеби е најтрофеен во историјата но сега е дом за пензионери :D мала шала.
     
    На House95 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100


    Слушај ајде врати се две страници поназад па види дали јас почнав за Франко? И не знам јас од кога ти навиваш за Реал, ама јас овде само културно си кажав мислење, а некој почна да ме цитира и тоа со вакви некои смајлиња :D :x . Зошто? За да ми докаже дека не сум во право. Па тоа правете го со аргументи а не со цитати па со иронија по нив. Само аргументите не постојат. И не мислев да те навредам дека си напалена клинка ама стварно се некој излегува на темава и ми кажува како стоеле работите а јас знам дека не е така и никој не може да ме убеди во спротивното. А инаку и самата си напиша податоци за титулите на Барса, па после велиш дека до пред фамозните три години Барса не била способна титула да освои. Пак контрадикторниост, ми се здосади, не мислам повеќе да се расправам, ниту сакам, само не сакам ни со мене некој да се расправа.
     
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    А зошто мислиш дека јас се расправам.Па ова е форум место за дискусија и кога напишеш мислење треба да бидеш спремна на секакви цитирања и контраргументи (истиот коментар го добив и јас во една тема но јас не сакав да ме цитираат оти некој ми пишуваше нешто сосема друго).Мене твоето мислење ми беше смешно и банално па затоа саркастично искоментирав.
    И таа контрадикторност ти е во глава изгледа.Титулите не Барса :D Па можеби освоила по една титуличка на едно 7-8 години но споредено со Реал тоа е ништо.Но тие титули се за Ла Лига а во Лигата на Шампионите како што знам освен последните години немаат ништо освоено или добро можеби една.
    Дали се вистина овие аргументи и статистики или можеби генерал Франко ги умешал своите прсти и во Лигата на Шампионите :D извини ама навистина ми е многу смешно тоа.
    П.С.Се извинувам не почна ти прва но почнаа други фанови на Барселона со нивната логика дека Реал е клуб со привилегии.
     
  20. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Е ајде доста веќе со тој Франко изгледа опседнати сте со него, во мојата глава нема никаква контрадикторност, туку во нечија друга има и за да ти појаснам дека не сум контрадикторна еве ова го заборавив прееска
    Кај го реков јас ова? Јас реков дека политика имало порано, само Барса и покрај тоа се снаоѓала, а имаше и до скоро време, само тоа не беше баш политика, туку ете, останало нешто од тоа време а тоа е ФАВОРИЗИРАЊЕ НА КРАЛСКИОТ КЛУБ И ПОВЕЌЕ ПАТИ ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА КАТАЛОНСКАТА ЕКИПА ПА И НА СИТЕ ОСТАНАТИ што е факт. Барселона со текот на времето дојде до влијание, пари и моќ и готово. А не јас сум рекла нешто сосема тринаесто. Ти или навистина не сфаќаш ништо, или се измотаваш тукa. Ти па која си да пишуваш овде дали моето мислење било смешно и банално? И да го мислиш ова, кажувањето е одраз на немање лична култура. И ако сакаш да знаеш, реплицирањето на секој пост, настојувањето да го имаш последниот збор и циничните постови е расправање. И ајде доста веќе, глава ме заболе од дискусијава, не сакав да навредувам, мислам дека не навредив и готово. Аста ла виста што би рекле Шпанците edit се извинувам па и ако навредив не сакајќи е