Па не да го имам последниот збор но постојано нешто извртуваш и во секој пост мора да спомнеш контрадикторност.И да се совршено разбирам добро не е врат шија е рече цитирам Јас имам лична култура ако не се согласувам со тебе не значи дека те навредувам или дека те исмејувам.А ако сум цинична и саркастична тоа е дел од мојот карактер и мојот цинизам беше повеќе насмерен на шала. Партал ја направивме темата.Мислам дека нема потреба за расправија или навреди.Ти си за Барселона јас сум за Реал.И да ти зборам до утре сабајле пак нема да го промениш мислењето,ниту пак јас.Така да Аста ла Виста и од мене.
Добро ајде да не продолжуваме до другото сабајле, и еве нешто во знак на примирје од моја страна до следото ел класико Спојлер [url=http://www.demotivacija.mk/tag...al-Madrid-NEPROCENLIVO_131375713325.jpg[/img][/url]
Да како на пример Денеска има Arsenal vs Liverpool а после тоа ке гледаме како Челзи игра , и ке ги заеб*ваме (главна тема торес)
Е мене ми е жал што не можам да гледам Англиско поради тоа што немам спорт клуб а ова онлајн гледањето ми ги зеде сите живци оти сецка како лудо.Иначе од Англиско навивам за Челзи.Па се надевам дека ќе имат повеќе успех оваа утакмица.
Се типува дека Торес конечно ќе дал гол, на првиот натпревар бил во одлична форма. Исто така, изгледа ќе почекаме за Ел Класико, се’ поизвесно е дека фудбалерите во шпанското првенство ќе штрајкуваат, а со тоа и ќе го одложат почетокот на натпреварите.
Aко даде гол Торес ова коло јас ветувам фудбал веке нема да гледам нити да пишувам на форумов Одамна се типува на дечкото ама никако да даде гол.Лани едвај даде ама не верувам дека ке му успее денес или кога играт. И што мешате диктатори,Франковци Манковци кога е јасно веке се?Фановите на Реал велат дека Барса глуми што до некаде е и така а фановите на Барса негираат,јас се откажав зошто дискусијата се воде постојано во круг. Ел Класико мене искрено досадно ми стана зошто знам што ке има на сцената. Спојлер Покажување на своите вештини во глума
Кој ми го чепка Торес срце е порано заради него ги сакав Ливерпул а бидејки Челзи ѓи бамкаше на Ливерпул ѓи замразив Челзи и од кога Торес отиде да игра за Челзи ми доага него да го бамна една ме изневери
ЕЈ жал ми е за Венгер најискрено.Толку време не може да си најде добра тактика човекот.Мора да се смени политиката на клубот и да сфати дека само со млади не се освојува титула а тој упорно Најти ке те видам дали така ке си местиш косичето кога ке го јадете од Јунајтед
ЛОЛз, епски пост, ама очекувам и меѓу последните да ти е, зашто денес Торес ќе даде гол, а јас си зачував твое ветување од погоре. xD Сум, сум! Ми текнува на кој пост мислиш, тогаш сакав да кажам дека верувам дека Ливерпул сезонава се (по подолго време) сериозен тим, и дека тоа ќе го мислев И ДА НЕ навивав за нив.
Денеска играа Титаник и Ливерпул Вчера иако легнав во 5 и нешто решена да гледам со полуотворени очи , собрав сила за прво полувреме кое заврши 0-0. И сега од вас дознавам тепал Ливерпул после 14 средби на Емирати ? .Епа ајт со среќа нека им е . Не треба толку да се чудиме уствари пошо се повреди уште еден денеска така да Венгер не може да смета на 7 играчи ... Жервињо и уште кој беше црвен Се на се греота за Венгер ама со деца ракија не се пие . Јипмане некоја подобра идеја да даеше ? ! ај гледај како растура Торес денеска ... Честитки до Најтвокер и Цигарче единствените фанови на Ливерпул тука на темава
Дрва едни Ко без душа играат ц.ц.ц што е ова бе се тегнат на терен ... Ќе си пукнам бре Ефтин гол поефтин не може да биде . Ај шитните го во Јувентус дрвово Алекс пошо е глуп, туп и неупотрблив , А овој нашиов што не го става Дрогба алоо бе . Торес и Дрогба ќе напрват нешто тој го става Калу .Требаше уште 2 да им шибнат, Море овој Вест Бром ли е ?
Калу и Анелка безцелно трчаат по терен, само за едно нешто ги биват-да ресипат акција! Под итно треба креатиц, вака играва е тиња, се нема никава идеа за да се постигне гол, средниот ред е 0 епа затоа и таков е резултатот не паѓаат голови од небо. Време е да влези барем Дрогба и Бенајун, колку толку само Бенајун ни е преостанат креативец.
vendiii без нервози,чувај ги нервите за крајот на сезоната кога Немања мој ке го подигне пехарот http://www.time.mk/read/NONE/25c25d7883/index.html Што ке кажете?