Како прво не знам зошто навивачите секое реми на Барселона го сметаат за победа,дури мислам дека и на победите толку не се радувате . Според мене Валенсија играше подобро вчера и не,не го велам тоа затоа што сум навивач на Реал Мадрид.Јас сум разочарана после вчерашниот натпревар на Реал додека гледам дека вие си се радувате кога ќе одиграте нерешено.Ама ако немам ништо против тоа . А каков пораз да прифатам,не ми е јасно кој беше поразен вчера? дај некој нека ме просветли.
Ева јас ќе се обидам да појаснам За Барселона ремиото вчера е еднакво на победа ! Зошто ? ! Затоа што играа на гости со една Валенсија погледни ја табелата ќе ти стане појасно . Реал Мадрид реми со аутсајдер некој кој е на дното на табелата и ќе се бори за опстанок е ТОА Е СРАМОТА !!! после 8 утакмици кај што се издвојувале убедливи победи да не можеш гол да постигнеш мислам . Не е арна работва . Со најскапиот играч значи со еден Кристијано Роналдо и остала солидна екипа на чело со Мурињо клуб кој има инвестиција од 500 милиони е срамота . Ете зошто ремито е супер а ова што се дешава на Реал е страшна работа . Гвардиола му покажа на Жозе што е господин! Во дербито од 5-то коло во Примера на Местаља Валенсија и Барселона ги поделија бодовите и одиграа 2:2. Со оглед на тоа дека Барса изгуби два бода како и Реал, тренерот на Каталонците после натпреварот реагираше сосема спротивно од неговиот ривал на клупата на Реал, Жозе Мурињо, кој повторно се вадеше на симулирање на противникот! Конечните 2:2 го задоволија тренерот на Барселона Пеп Гвардиола, кој пред новинарите му честиташе на противникот и призна дека неговата екипа на моменти имаше многу проблеми во играта. „Морам да и честитам на Валенсија на одиграниот на натпревар. Ова беше убав фудбалски спектакл“, рече Гвардиола после натпреварот во кој Валенсија имаше водство се до 77-та минута кога израмни Фабрегас. „Нашата сила ни донесе реми и мислам дека тоа е поштен резултат. Морам да им честитам на навивачите на Валенсија и да учам од она што во овој натпревар не го направивме добро. Сега мора да го проанализирам натпреварот, бидејќи тие ни создадоа многу проблеми во првиот дел. Мислам дека сега ја научивме лекцијата и ги чекаме на Камп Ноу. Осигуравме добар резултат против лидерите во првенството, тоа е прекрасна екипа“, заклучи Гвардиола и со тоа му покажа на Жозе како треба да се однесуваат господата после изгубени бодови.
Дури сега ќе се изнамачам пишувајки Ке почнам од назад Значи не свакајте буквално здраво за готово.Не зборував само за синокешниот натпревар туку општо дека после секој пораз во темата станува ука бука а за реванш веке да не зборувам.Слободно прочитај назад и ако најдеш еден коментар од типот да Барселона добро играше веднаш пиши ми Значи по реален коментар здравје.Се што е кажано е на место, потполно се согласувам за се.Значи не е фан на Барселона но признава дека се едни од најдобрите а јас признавам дека понекогаш прават театар но не секогаш како што велат останатите.Не може да бидат најдобар тим само со театри.Како знаат и умеат се борат за да бидат најдобри и досега успевале, секој си има свои тактики Нека прават и останатите тимови театри па да видеме до кај ке стигнат само со тоа.Прифатете го ова веке еднаш. Јас многу работи признавам Прочитај малку назад и ќе сретнеш коментари од мене и за Торес,Челзи,Ливерпул.Што значи јас не ги баам само Барсеона туку зборувам за сите искрено што мислам.И не ве убедувам дека Барселона е најдобра и дека треба да сте фан туку ме нервира тоа што после секоја утакмица само плукате по Барселона.Бидете барем еднаш реални
Еднакво на победа било,како да не.Ако ги погледнеш резултатите од минатата сезона Реал буквално ги смачка појаките тимови како Валенсија и Виљареал а со најслабите изгуби поени во две-три утакмици.Каде е тука логиката??? А вака како горд навивач на кралскиот клуб не можете да очекувате да ја дигам во облаци Барселона ни по победа а не па по реми со Валенсија каде што се намачија и да изедначат можеше да си отидат поразени.
Лани за лани ... И лани Милан газеше па ене го сега . Формата е променлива тоа се знае .Не се очекува да ја дигаш Барса ама малку реалност не е на одмет . Јас поштено си признавам кога Челзи губи . Навивачите и дел од играчите се свртеа против Мурињо Навивачите на Реал Мадрид го гледаат Жозе Мурињо како главен виновник за резултатската криза во која моментно се наоѓа ’кралскиот’ клуб, покажа анкетата која ја спроведе шпанскиот весник„ АС“. Реал во последните два првенствени натпревари на гостувањата кај Леванте и Расинг Сантандер освои само бод и тоа во двата натпревари не постигна гол. Од Леванте загуби со 1:0, а со Расинг одигра 0:0. Дури 69% од 75.000 читатели на „АС“ сметаат дека „Специјалниот“ е главен виновник за само еден освоен бод, 19% ги обвинуваат играчите, а 11% претседателот Флорентино Перез. Во меѓувреме „Марка“ објавува дека Мурињо ќе биде во сериозна опасност да добие отказ доколку Реал не победи убедливо во саботниот дуел од Примера на Сантиаго Бернабе против Рајо Ваљекано. Покрај ова многу медиуми во Шпанија потврдија дека поголемиот дел од играчите на Реал се свртеле против Мурињо, откако овој јавно го искритикува Кедира и го посочи како виновник за поразот од Леванте. Фудбалерите на Реал Мадрид застанале во одбрана на својот соиграч и го критикувале Мурињо затоа што Кедира само ги следел неговите инструкции, бидејќи Португалецот побарал од играчите да бидат поагресивни на теренот и константно да му вршат притисок на судијата. Информацијата ја потврдија повеќе медиуми, а шпанскиот „Спорт“ тврди дека Мурињо има поддршка само од така наречениот „Мендеш Тим“, односно фудбалерите кои се застапувани од агентот на Мурињо - Жорже Мендеш, а тоа се Карваљо, Роналдо, Пепе, Ди Мариа и Коентрао.
Уффффф мора Реал да ми се врати во нормала, јас ова не можам да го гледам, се нервирам... Последните 3 натпревари ... не ми се допаѓаат
Ако свртиш некоја страница ке видиш дека кажав дека сум разочарана од ваквата игра на Реал што значи дека сум многу реална. А навивачите на Барселона не се реални ако се среќни со она што го направија вчера.Така да не ми е јасно зошто сега сите да се однесувате како Барса да освоила Лига на Шампиони вчера а јас не сакам да им го признаам тоа. Не сакам стварно да дискутирам пак за тоа затоа што ќе се вртиме во круг. Ако сакате мислите дека Барселона е непобедлив,вонземјански,марсовски,терминаторски клуб но јас не мислам така.Енд оф д стори .
Добро де не е секое коло Велигден.За Манчестер збореа дека има помош од судии а сите видоа како се измакнаа Барселона против Челзи и лани против Реал.
Заклучок мој знаете што е ? ! Дека НИТУ ЕДЕН ТИМ НЕ Е НЕПОБЕДЛИВ ... Тоа се луѓе од крв и од месо ... Тоа не е машинерија некои роботи па како ќе ги подесиш така ќе си тераат . Во моментов Шити е во елемент ќе видиме до кога . Реал Мадрид не е во форма де факто ама ќе се врати ... Сигурно дека така ќе биде . Барселона е јака мноооооооооооооооогу јака ама тоа не значи дека таа мора да ја тепа секоја утакмица дека е НЕВОЗМОЖНО некој да ја ПОРАЗИ . Како што видов вчера и Барса знае да киксне . За некоја скала е пониско нивото на играта од лани . Ќе видиме , што како понатаму . Играчите ќе имаат подеми и падови . Па автоматски и клубовите .
Во меѓувреме, Раниери е нов тренер на Интер. Никогаш не сум го сакал, но моментално тој беше најдобриот слободен избор... Го помнам (како и многу други) како вечно втор, но ај, овојпат нека му се позлати.
Чекај сега, како Барса кикснала Па нели ремито со Валенсија било еднакво на победа, твои зборови беа тоа ако не се лажам
Не говорам за резултатот краен говорам за играта во глобала имаше некои грешки кои до лани беа незамисливи за Барселона . Со таква силна Валенсија реми е повеќе од успех . Pelikuna кога ќе рикне Алекс пошо очигледно решил наклупа да си умре тогаш ќе го видиме Манчестер а на Мурињо не се надевај кажа човекот дека никогаш нема да води тим кој е конкурент на Челзи ... Од респект за истиот
Ke збориме јас и ти пак вендиии кој те лажеше тоа?Човекот едвај чека да дојде на кормилото а се надевам дека Ферги ке остане уште долго и да го надмине Лузерпул и во ЛШ
Абе имаш право, во однос на играта на Валенсија и играта на Барса до 80 та минута, реално Барса треба да се радува што извади реми, а не изгуби
Еј додека се расправате да не заборавиме Челзи се тапа и Торес промашува чист гол продолжете со муабетот
Милан е 16 место Челзи е 3 значи за некои 13 места разлика Кој е тапа сега ? Торес промашува праззен гол ама затоа Милан не може ни да стигне до голот . Пато 4 недели надвор што значи црно ви се пишува и во продолжение ... Да не заборавиме !!! Дискусијата може да продолжи . Фала , чао Пријатно