Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Македонија и така испадна , вчерашната утакмица не се ни трудеа да играат само чекаа да заврши да си идат дома...


    али мислам дека сега следната група за 2014 Бразил ... против Србија и Хрватска ке има интересни дуели ...а да не спомнувам Србија - Хрватска 8)
     
  2. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Мешај, мешај :D Море овие подобри се за мешање отколку за фудбал :lol:
    шала, шала, али добро мешаат, посебно Чави :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=_XMAssAe ... re=related
    Специјално за фановите на Барса :D Да исплакнат очи малку :lol:
     
    На BlackSwan5 и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Немој сречо, немој данас.
    Што ќе ги гледам бе, не се за гледање.
    Некако излитен ми е муабетов, чекај дечко ми ќе си го викнам со другарчињата и ќе мешаме до сабајле :D
    Абе Мадридско дете сум, шта чеш. :)
     
    На BlackSwan5 и BoaVista им се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Овие ја згрешиле професијата,требало ориентални танчери да бидат :lol: .
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Утре пак ке има квалификации за ЕП,ајде да видиме како ке се избрука Македонија и овој пат |(
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Овде се коментирало за нашата репрезентација :o
    Не ми ја вреѓајте омилената ми тема ште ве молам :!:
    Јас патриотката кренав раце од наш нацинален фудбал . Додека не се смени нешто играчи , инвестиции да мрднеме од мртва точка јас не планирам да го гледам Титаник .
    Не Тошак туку Гвардиола , Фергусон и Мурињо не е спасот .

    [​IMG]
     
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    sport/makedonska-fudbalska-reprezentacija-t8790/

    Eве ти тема специјално ругајте ги,не треба темава да ја закашкуваме со ...
     
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Шакира е баш супер :)
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Од спорт страниве

    Весникот Спорт во својот денешен број наведува 10 причини за тоа зошто шпанците повеќе ја сакаат Барселона:

    1. Луѓето ги сакаат своите сонародници
    2. Лионел Меси е поомилен од Кристијано Роналдо
    3. Пеп Гвардиола се претпочита пред Мурињо
    4. Трофеите во последните три години - 12:1
    5. Повеќе им се допаѓа стилот на игра кои го користи Барселона
    6. УНИЦЕФ
    7. Златниот век на шпанскиот национален тим е изграден од фудбалери на Барса
    8. Ла Масиа - пример за фудбалско калемење и образование
    9. Барса е лидер во показателот „Чиста игра“
    10. Харизмата на Андрес Иниеста.
     
  10. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    :o :o :o
    Хахахаха анализава сигурно ја правел некој напален навијач на Барса.
    Ма дај ти се молам бре, Јипмен човече па ти се согласуваш ли со ова или само пренесуваш нечиј став?
    Ај кажи ми молим те дека само пренесуваш став плс :lol:

    Инаку ме мрзи сега да го побивам горенаведеното дел по дел, па затоа само во кратки црти ќе кажам. Не е точно дека шпанците повеќе ја сакаат Барса, можда Каталонците ја сакаат, ама шпанците(ова за останатите делови од Шпанија мислам) ноу веј. Гвардиола можеби го сакаат повеќе зошто така посмирен е ко бајче, нема гласна буква, за разлика од Мурињо кој е поскандалозна личност, ама ова само врз основа на карактер, а за тренерски способности Пеп е далеку поназад од Мурињо. Истото ова важи и за Кикица и Меси. За трофеите, ха па имаат ли очи да пишат за трофеи еј?? Па уште многу години ќе треба да поминат за да Барса ги стигне Реал во трофеи. За стил на игра е индивидуално, ама Барса се повеќе станува досадна со таа пас игра, само тоа па тоа, сакаат со се топка во гол да влезат. Уницеф им се свиѓа ама дали им се свига и Катарската фондација :wasntme: Доста шпекулации имаше околу тоа. Е сега доаѓаме до најголемиот виц дека Барса била лидер во чиста игра. Ова ,,чиста игра,, изгледа не за џабе е ставено во наводници а :lol: И на крај Иниеста и харизма = два различни поими. Иниеста го сакаат заради тој голот што го даде во последна минута и заради оној гестот со маичката, ама бре тоа не е харизма.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Листа на Топ 15 најголеми фудбалски предавници:

    15. Златан Ибрахимович
    Првиот предавник на нашата листа е високиот босански швеѓанец “Ибрахинович“.
    Тој е еден од неколкуте играчи кои како стар чорап ги поминале трите најдобри италијански клубови “Јувентус“, “Интер“ и “Милан“.
    Откако се проби на интернационалната сцена со “Јувентус“, тој експресно го напушти во период кога тие паднаа во втората лига за нивниот најлут ривал “Интер“.
    Тој таму прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во светот, ја освои лигата неколку пати и потоа премина во “Барселона“.
    Една година таму и тој се врати во Италија, но во градскиот ривал на “Интер“, “Милан“.

    14. Роналдо (правиот:)
    Од респект не сакав да го ставам на листава, но неможе да поминеме без него.
    Роналдо e всушност двоен предавник бидејќи играше и за “Барселона“, и за “Реал Мадрид“, но и за “Интер“ и за “Милан“. Меѓутоа ниеднаш не премина директно кај ривалите и во секој негов трансфер, двата клуба беа задоволни.
    Како шлаг при крај на кариерата, иако тренираше поради кондиција во “Фламенго“, тој потпиша за ривалите “Коринтијанс“. Уште за Аргентинска репрезентација да заиграше и ќе беше врвот! :)

    13. Кристиан Виери
    Италијанскиот шмекер Бобо Виери е исто така еден од многуте играчи кои веќе не се ни сеќаваат за колку италијански клубови играле. Стартувајќи од трите најдобри “Јув-Инт-Мил“ тој играл и за “Аталанта“, “Фиорентина“, “Лацио“ и уште неколку.
    Своевремено беше и најскапиот трансфер кога прејде во “Интер“ од “Лацио“ во 1999 за 32 милиони фунти!

    12. Фернандо Торес
    Популарниот Ел Нињо откако дојде во “Ливерпул“ од “Атлетико Мадрид“ за сума од 20 милиони фунти и стана хит кај црвените. За две сезони стана можеби најдобриот напаѓач во светот и за малку не ја освои “Премиер Лигата“.
    Меѓутоа Бенитез ја напушти тренерската позиција, формата на Торес опадна и тој самиот побара да биде продаден во “Челзи“ во јануарски преоден рок за 50 милиони фунти.
    Фановите на “Ливерпул“ беа лути бидејќи тој самиот се нарекуваше Ливерпулчанец, но можат да земат утеха во тоа што најдоа достојни замени, а Торес во “Челзи“ неможе да погоди вода од чамец.

    11. Николас Анелка
    Анелка е еден од модерните платеници – ги менува како коли! Откако прејде во “Арсенал“ од “ПСЖ“ и во својата прва сезона од непознато дете стана прв стрелец, ја освои двојната круна заедно со Венгер и беше прогласен за “Млад играч на годината“, тој заедно со својот брат-агент веднаш истрчаа во “Реал Мадрид“ за рекордни 23 милиони фунти.
    Неуспехот му беше проследен со трансфери во “ПСЖ“, “Ливерпул, “Ман Сити“,“Фенербахче“,“Болтон“ па конечно во “Челзи“. Барем од парите од продажбата на Анелка, “Арсенал“ го купија Анри, нивниот рекорден голгетер.

    10. Емануел Адебајор
    Уште еден непознат напаѓач од Француската Лига купен од Венгер и направен во смртоносен шпиц кој после првата успешна сезона флертуваше со неколку странски големи клубови и фановите не му го опростија тоа.
    Тој беше продаден во “Сити“ за 25 милиони фунти и направи бум кога се радуваше пред навивачите на “Арсенал“ откако постигна гол против нив.
    И тој беше неуспех во “Сити“, и конечно заврши во “Тотенхем“, најомразениот ривал на “Арсенал“, а тој самиот се нарекуваше фан на “Арсенал“ уште од мал.

    9. Карлос Тевез
    Аргентинскиот напаѓач кој сам лично ги спаси “Вест Хем“ од испаѓање, премина во “Манчестер Јунајтед“ каде ја освои лигата и “Лигата на Шампионите“.
    Кога дојде време тој целосно да биде откупен, Фергусон не сакаше да ја плати високата цена за него иако фановите го молеа да го купи и Тевез отиде каде друго ако не во новите богаташи од Манчестер и ривали на “Јунајтед“, “Манчестер Сити“.

    8. Мајкл Овен
    Златното дете на Англија од 98, освојувачот на “Ballon d’Or“ 2001, и легендарниот број 7 на “Ливерпул“ ја направи ултиматната грешка во фудбалот. Откако помина осум години (1996-2004) во “Ливерпул“, тој индиректно прејде во историските ривали “Манчестер Јунајтед“. Да, претходно играше и во “Реал Мадрид“ и во “Њукасл“, но Овен својот статус легенда мислам дека го изгуби со трансферот во “Јунајтед“ во 2009.

    7. Алан Смит
    Напаѓачот кој беше дел од легендарната екскурзија на “Лидс“ во “Лигата на Шампионите“ во 2001, после 6 години (1998-2004) во “Лидс Јунајтед“, премина во нивните омразени ривали “Манчестер Јунајтед“. Смит во своето време во “Лидс“ постојано го бакнуваше логото на дресот после постигнати голови, глумеше најверен фан на “Лидс“ и дури во едно интервју на “Скај Спортс“ изјави дека едниот клуб каде што никогаш не би отишол е “Јунајтед“. Иронично не? Но како оправдување беше тешката финансиска сосјтојба на “Лидс“ во 2004 која ги однесе во четвртата лига и ги натера сите играчи да ги продадат.

    6. Вејн Руни
    Малото “Ливерпулчанче” своите почетоци ги имаше во тимот за кој што тој и целата негова фамилија навиваат – “Евертон“. Еднаш плав, секогаш плав беше една од неговите изјави во неговото време на “Евертон“. Тој на само 16 години го имаше своето деби во Англија, а постигна и победососен гол против “Арсенал“ на само 16 години.
    Иако следната сезона тој постигна повеќе жолти картони од голови, а имаше и “мали” несогласувања со менаџерот, тој во летото 2004 на изненадување на сите фанови на “Евертон“ прејде во “Манчестер Јунајтед“ за 26 милиони фунти. И нели инстантно стана Ѓавол од Манчестер, но да не заборавиме, тој во 2010, побара излез од Манчестер бидејќи клубот немал амбиција.
    Но се извини, потпиша нов договор, и се е заборавено.

    5. Роберто Баџо
    Кој го заборава овој “Ballon d’Or“ освојувач со тоа легендарно репче, што ги прошалтаа најдобрите италијански клубови “Јув-Инт-Мил”. Како еден од најдобрите напаѓачи во 90-тите, помина 5 години(1985-90) во “Фиорентина“ пред да премине во “Јувентус“ за тогашен рекорд од 20 милиони марки. Кога фановите на “Фиорентина“ слушнаа за трансферот, масовен бунт и протести настаа во Фиренца при што 50 луѓе беа повредени.
    На следниот натпревар помеѓу овие два клуба тоја одби да го шутне пеналот против “Фиорентина“ и кога беше заменет, зема шал на “Фиорентина“ фрлен од трибините го бакна и после на потоа изјави “Моето срце секогаш ќе остане лилаково“.

    4. Луис Енрике
    Сегашниот тренер на “Рома“, во периодот од 1991-1996 ги помина во “Реал Мадрид“, но ја стресе Шпанија откако непотпиша нов договор со кралскиот клуб тој дозволи да му истече договорот и потпиша со каталонскиот клуб “Барселона“. Тој стана икона во “Барселона“ и играше 8 сезони, се до 2004 кога се пензионираше. Навивачите на “Реал Мадрид“ никогаш не му простија!

    3. Ешли кол
    Е можеби најдобриот лев бек на оваа генерација, а својата кариера ја започна во 1997 во клубот за кој навиваше уште од мал, “Арсенал“. Таму тој прерасна во најдобриот лев бек во стетот, освои титули, беше дел од “Непобедливите“ од 2004.
    Но летото по поразот на “Арсенал” од страна на “Барселона” излегоа гласини дека Мурињо прави се позади сцените да го донесе Ешли во редовите на “Челзи“. “Арсенал“ му понуди нов договор, но како што Ешли имаше изјавено “Кога чув од агентот дека ми нудат само 55.000 неделно за малку ќе се излетав од патот со колата”, а во “Челзи“ му нудеа 90.000!
    Ешли отиде во “Челзи“, а до ден денес навивачите на “Арсенал“ неможат да му простат на “нивното дете” што ги напушти за пари. Оттаму и надимакот Кешли Кол.

    2. Сол Кембел
    Еден од најдобрите англиски дефанзивци во своето време, ја започна кариерата во првиот тим на “Тоттенхем“ во 1992, и после 2 сезони се закотви како централен бек и првотимец во составот. Тој во 1998 стана капитен на “Тотенхем“ и иако во неговото време никогаш не постигнаа повеќе од 7-мо место, тој прерасна во еден од најдобрите светски дефанзивци.
    Во 1999 “Тотенхем“ одби понуда од 15 милиони фунти од “Манчестер Јунајтед“, верувајќи дека нивниот талисман ќе биде иднината на клубот и ќе потпише нов договор.
    Сол се одлучи да не потпише нов договор и во летото 2001 беше слободен играч и имаше прилика да потпише за кој било светски клуб бидејќи буквално сите беа заинтересирани за неговите одлуки, а и “Тотенхем“ немаше да се налутат бидејќи сепак не беа на неговото ниво. Но тој се одлучи за најлошото, потпиша за најогорчениот ривал на “Тотенхем“, “Арсенал“ иако имаше изјавувано дека никогаш не би потпишал за нив!
    До ден денес Сол Кембел е познат кај навивачите на “Тотенхем“ како Јуда, а како сол на раните беше неговиот успех во дресот на “Арсенал“ каде што ја освои Лигата два пати. Ќе пројдат уште 30 години, тие нема да му простат!

    1. Луис Фиго
    Кога се спомнува фудбалско предавство, инстантно во мозок ми светнува сликата во глава од свиња на фудбалски терен. Играјќи за “Спортинг“ од Лисабон во 1995 Фиго потпишал договор со два италијански клуба – “Јувентус“ и “Парма“, со што тој доби две годишна забрана да игра во Италија. Поради тоа тој потпиша со шпанскиот гигант “Барселона“ за 2,5 милиони фунти.
    Под водството на Јохан Кројф, Фиго со “Барселона“ го освои “УЕФА“ купот, две последователни титули во Шпанија, постигна преку 30 голови и дури при крајот на своето 5 годишно играње во “Барселона“ тој стана капитен на каталонците. Во тие 5 години тој стана еден од најдобрите светски играчи и фаворит кај навивачите.
    Но летото 2000, “Реал Мадрид“ пушти понуда до “Барселона“ со која Луис Фиго стана најскапиот трансферот дотогаш за сума од 37 милиони фунти! Да се прејде од “Реал Мадрид“ во “Барселона“ или обратно отсекогаш било контроверзно, но ова беше шок за навивачите на “Барселона“.
    Тој во следните 5 години во дресот на “Реал“ беше секогаш свиркан, мета на навреди и објекти кога изведуваше корнери или слободни удари.
    Како капак на неговиот трансфер беше фактот дека Фиго во својата прва сезона во Мадрид ја освои титулата најдобар светски играч.
    Фрлената свинска глава на натпревар помеѓу “Барселона“ и “Реал Мадрид“ само кажува, Фиго е предавник број 1!

    Извор : http://www.zdravo.com.mk/najgolemite-fu ... redavnici/
     
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Едно поздрав да им го упатам на навивачите на Реал Мадрид и Кикица ...

    Видео: Роналдо навистина ја претера


    Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо продолжува да паѓа по теренот и да бара фаули и пенали. Често пати е многу тешко да се утврди дали е навистина прекршок или не.
    Овој пат немаше никакви дилеми дека станува збор за глума, а на Роналдо вакви работи навистина не му требаат. Погледнете!



    http://www.youtube.com/watch?v=NThQnMh6 ... r_embedded

    Што е многу многу е ! :!:
    Срцка ова не ти е Мадрид ;) може Барселона е за Греми ама ова е за Оскар :clap: :D
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    За онаа анкетичката баш убаво се изнасмеав :rofl: :rofl: :rofl: ,еве уште се смеам :lol: .
    Во вториот дел од анкетата изгледа новинарот се служел со огромна доза на сарказам.Барса играла фер-плеј :lol: или пак Иниеста бил шармантен :^) .Сепак кој и да е пишувал господ здравје да му даде,ме изнасмеа за сите пари.
    Е сега за видеото со Роналдо.Да,признавам навистина изглуми но сепак тоа секој натпревар го прават и играчите на Барса па никому ништо.Они се секогаш добри и скромни момчиња додека Реал се грубијани и фолиранти |( је рајт.

    Маскерано,Педро и Бускетс - оскар номинација за најдобра главна улога.
    http://www.youtube.com/watch?v=ygmGIFz_ ... re=related

    Давид Виља - номинaција за златна малина за најлоша главна улога.
    http://www.youtube.com/watch?v=8FgKM9FPFt4

    Серхио Бускетс - номинација за златна малина за најлоша споредна улога.
    http://www.youtube.com/watch?v=lhoBrOvs ... re=related
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Синоќа завршија квалификациите за ЕВРО 2012, останува уште наредниот месец да се одиграат плеј-оф натпреварите за списокот на учесници да биде комплетиран.

    Место на Европското првенство обезбедија:

    Домаќините: Полска и Украина
    Победниците во квалификационите групи: Германија, Русија, Италија, Франција, Холандија, Грција, Англија, Данска и Шпанија
    Најдобро второпласираната: Шведска

    Место во баражите изборија: Турција, Република Ирска, Естонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Португалија и Чешка

    Првите плеј-оф натпревари се играат на 11./12. реваншите се на 15. ноември.
     
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Liverpool ? - ? Manchester U.
    Manchester C. ? - ? Aston Villa


    Првата утакмица ке биде интересна бидејки двата тима се еднакви и тешки


    втората утакмица Астон Вила треба да искористи неорганизараноста кај Сити и напраи некое поенче
    :geek: :D
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Црногорците каква среќа имаа сношти :x Алал да им е од 2-0 израмнија на 2-2 и тоа во последната секунда од натпреварот ејј сречкари :x Тоа е утакмица а не ние заспиваме од нашиве |(
     
  18. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Баражите за европското првенство:

    Турција - Хрватска
    Естонија - Ирска
    БиХ - Португалија
    Чешка - Црна Гора

    *Болдирани се тимовите кои мислам дека ќе обезбедат пласман. Не знам зошто, но мислам дека се „крчка“ изненадување на дуелот БиХ - Португалија. Плус, нешто како да пукна кај Кики и компанија, против Данска беа тотално изгубени на теренот, а и со Исланд дозволија да примат 3 гола дури и при така убедлива игра, и тоа на домашен терен. Мислам дека клучно ќе биде тоа што Португалија ќе прими гол на домашен терен. :)
    Што мислите вие? :)
     
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ако немаше игра со рака од Манчестер за пенал, не знам што имаше на натпреваров...
    Да, протекциите може да почнат... :@
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Релакс,знам дека боли ама и вие сте имале судиска помош не на натпреварот ами на многу натпревари.

    ДОСТА СЕ ВАДЕВТЕ СО СУДИИТЕ

    Чичарито те сакам :l: