Хаха а јас па немав појма дека вчера играе Барселона и оваа вечер сонував дека сум го прашувала татко ми "Изгуби ли Барса" и во меѓувреме гледам на телевизија како им даваат еден гол и сум почнала да се радувам но после Барса дала уште два гола и ми идело да го скршам телевизорот . А они 1-0 со Гранада изиграле и повторно 2 црвени картони за спротивната екипа (се прашувам зошто не сум изненадена ) .Е ајде сега некој нека ми каже дека Барса не е фаворизирана од судиите,почист доказ од ова амин.Им предлагам на сите екипи што во иднина ќе играат со Барса да тренираат со 9 играчи а може и со помалку.Оти ако Барса не може да забие гол туку настапува чичко судија да дели црвени и пенали без потреба.Ајде барем со толкава помош од судиите да дадеа повеќе голови,вака жива брука .
Па за црвените картони се сложувам,дека треба да се делат само во исклучителни случаеви а не секојпат кога некој некого ќе потегне за коса (случај Барса) .Но за пеналите,па фудбалот без судење на пенали нема да има никаква смисла.Исто и ако се даваат голови од офсајд . Само да не ги спроведат овие правила,нема на ништо да личи.
Да ви го постира во темата ама ај да не ви ја грдам фер сум нели Фергусон одлепил: „Вие сте е**ни идиоти“ Тешки моменти преживувале фудбалерите на Манчестер Јунајтед по крајот на дербито со Сити одиграно во неделата. Шампионите беа декласирани со 6:1 на својот Олд Трафорд, а ова е еден од најпонижувачките порази во историјата на клубот. Дејли Меил јавува дека декласирањето го испровоцирало менаџерот Сер Алекс Фергусон да побара образложение од своите фудбалери, а работите излегле од контрола кога почнал да вика. „Е**ни идиоти“, бил најмекиот израз што морале да го слушаат играчите. Најдебелиот крај го извлекле искусните Рио Фердинанд и Патрис Евра, кои, според зборовите на Ферги, не успеале да го организираат тимот по црвениот картон на Џони Еванс при 0:1. После црвениот картон на дефанзивецот резултатот набрзо беше зголемен на 0:3, пред Дарен Флечер да намали на 1:3. после тоа следеше нов „ураган“ пред голот на Јунајтед, по што се стигна до конечните 1:6. Црвените ѓаволи заостануваат 5 поени на втората позиција зад своите сограѓани и 1 поен пред Челси и Њукасл. Во право си е човекот Што ако продолжеше... (Јунајтед - Сити) Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед за прв пат прими шест гола после далечната 1930. година (барем така кажува статистиката) при поразот со 1:6 од Манчестер Сити. Менаџерот на црвените ѓаволи, Сер Алекс Фергусон кажа дека „ова е најлошиот резултат во историјата воопшто. Најлош ден во мојата кариера“. Балотели го започна гол шоуто со своите два погодоци, при што јавно запраша „Зошто секогаш јас?“, додека Џони Еванс му го загорчи животот на Де Геа откако заработи црвен картон во 47. минута. Имајќи ја во предвид целата историја на дуелот, новинарите на Yahoo.com прашуваат: „Што ако продолжеше...?“ 97. минута: Балотели се враќа незабележан на теренот 27 минути после измената за да постигне хет-трик. 101. минута: Роберто Манчини се смее победнички. Се јавува кај Хјус и го запрашува: „Кој е автократ сега?“, па не дочекува одговор, му треска слушалка и продолжува да се смее 108. минута: Марио Балотели ја пали куќата на Манчини, играјќи си со запалка во библиотеката на менаџерот, заедно со своите пријатели 113. минута: Давид де Геа стои до стативата, клацкајќи се напред-назад и јадејќи украдени пуканки кои пред да ги стави во уста ги фрла во воздух, за да се чувствува подобро 120. минута: Во соблекувалната на Јунајтед, Џони Еванс си облекува чисто нова бела маица и на неа истура сос за шпагети 125. минута: Некој е обвинет за расизам, бидејќи очигледно тоа е тренд на сите натпревари кои се играат овие денови 129. минута: Судијата Крис Фој се појавува од никаде, за да му покаже жолт картон на Фил Џонс. Немал на кого во тимот на Челси да покаже, сите играчи на сините веќе имале по еден 132. минута: Балотели ја пали и куќата на Герет Бери, жонглирајќи со молотови коктели во неговата спална 136. минута: Димитар Бербатов конечно го заврши 14. љубовен роман оваа сезона. Го почнува 15, откако претходно и намигнал палаво на камерата која била поставена на резервната клупа 140. минута: Арсен Венгер ја пали куќата на Самир Насри, намерно!!! И бега. 144. минута: Давис Силва продолжува сосема тивко да игра фантастично 150. минута: Гледајќи го нокдаунот во кој се наоѓаат милениците, фановите на Јунајтед ги прославуваат головите кои Един Џеко ги постигнува еден по еден во голот на Де Геа, крадејќи му ги пуканките. Сер Алекс се чуди дали навистина сеуште не е време да се пензионира...
А не кажувате колку гола дале? Туку ајде,еднаш изгубиле со толку разлика и ајде мора да се спомне тоа. Ах бееее...колку гола Манчестер имаат дадено, вие толку не може да изброите.
^^ 103 постигнати гола само во Премиер Лига ( се вкупно 142) сезона 2009/2010 Рекорд кој се урна после 60 години а нешто ми вели уште долго ќе го држиме http://www.youtube.com/watch?v=ud1uC5ibQ5g
Милито од Интер беше најдобар играч... За Аталанта... Имаше епско промашување, штом го стават на Јутјуб, одма ќе го закачам овде.
Moреееееее многу сте смешни за Јунајтед ама ке ве видам кога ке се скриете во Мај,заборавија фановите на Челзи кој колку го окрка лани во сите натпреварувања и сега ама ајде да не трубам.Нејсе посмешно е да се изгуби од Квинс Парк отколку Сити,не се за потцена имаат одлични играчи ама само да се зборело Зошто не се пофалите со постигнат успех туку се ситите на туг неуспех? Браво за Интер тоа го очекував од таков селски тим Браво и за Реал,успеаа да дадат 3 гола место како Барса.... Оф едвај чекам да дојде викенд и да го гледам Клеверли.Ми ја грее душата. А за титули венди кога ке го урнете?
Смешно веќе ми е, секогаш кога фан на Манчестер сака да испровоцира фан на Челзи се зафаќа за титулите . Смешно и патетично е тоа. Ај битно да се напише нешто.... Мене и двата пораза не ми се за смеење, за плачење се..Минимална загуба од Квинс Парк и со два играчи помалку, и дебакл дома со играч помалку, јас тука не гледам смешно , секако тоа од аспект на навивач на Манчестер или на Челзи. Ако се фаќаме за порано заборавивте пред две години 3 пати изгубивте од Челзи . Мислам смешно е стварно, чил аут. Арсенал-Челзи ќе биде дерби на колото, Дрогба мислам дека ќе биде суспендиран, штета редовни пациенти му станаа Арсенал ама затоа Стариџ е тука, се надевам дека ќе се покаже добро детово.
А сепак, Интер колку и да не е во форма, колку и да западнал во тешка криза, сезонава нема да доживее таков тежок, беден и понижувачки пораз од 6-1, и тоа на домашен терен, како Морончестер Јунајтед... A па да не зборувам воопшто за ако е во форма. *барем така се надевам.
Викендов, меѓу другите натпревари, се играат: Евертон - Манчестер Јунајтед Челзи - Арсенал Штутгарт - Дортмунд Рома - Милан Интер - Јувентус Твенте - ПСВ Фиорентина - Џенова Удинезе - Палермо ... Права посластица од натпревари за гледање, а по нешто и за типување.
Ме мрзи да вракам на претходните провокации,не дека нема што да кажам туку немам желба да се препукувам и да докажувам нешто што веке се знае. Фала на вниманието. Jас изгубена во просторот и времето ама гледам дека сме играле а јас не сум знаела. Сме победиле а Челзи изгубил. Ај на здравје... Шити е се уште 0-0 се надевам на кикс
Овие Манчестер Сити да не знаеш што да очекуваш од нив! Ја стаив 3+ заврши првото полувреме 0:0 Очекувам 2:1 ...
Челзи немаа среќа дефинитивно..Имаше дупки во одбраната од една страна, но од др страна зошто бе судиите се слепи кога станува збор за другиве клубови..На Челзи ги уништи минатиот пат со два црвени( од кои едниот беше без врска) и пеналот исто така беше колку ај пенал да судам А сега не виде што направи тој голманот од Арсенал..аа не за нив не..10 коло..само Има уште многу да се игра..Making the history, not revealing it .. Поразите се куси одморалишта за следните победи...
Успешна прогноза на утакмицава сум мавнала (до негде, зошто сепак 3:1), како и да е ја фатив И Партизан водат, добро е засега.
Aston Вила и понатаму успешно се држат и неможе никој да ги победи БРАВО ЧЕСТИТКИ А Челзи ДУПКИИИИИ ме паднаа на ливче , ама мерачки ми беше + ТОРЕС недаде гол Servant of God: - God Tores is about to give a goal , you should push the red button God: - Nah Chill man , i dont need magic to make him miss....He can do that by himself Komentatorot : I tores promasuva , gubat chelsea 3-5 lalalalala
не да успешна, ептен точна, како гатачка! А и помалку од Манчестер Сити не очекувам, кога оние јунајтед лузерни губеа 6-1 не ме чуди ништо и јас исто ја фатив оваа али да не биде само оваа