Добри сте? На колкумина срцето им подзастана последната секунда Баерн-Наполи? За една стотинка да не дотрчаше голманот ќе влезеше. Ќе ги зезнеше јако спортските прогнозери
Жал ми е за Наполи , прекрасна Италијанска екипа а групи да не помине .... т.е ајде има надеж да извади бод против Манчестер и 3 против Villareal ... а со надеж дека Манчестер ке губи од Баерн дома
Реал денеска одличен 7-1 против Осасуна Кикица мој одличен како и секогаш, денес пак хет трик Повелете и уживајте http://www.youtube.com/watch?v=OKw4TBjc ... r_embedded
Дали страните со спортска прогноза како резултати.ком и други се расипани или Барса навистина губи од Атлетик Билбао? ЕДИТ:MOЧЛИЊА И пак црвен картон.Ова навика им стана на судиите
Ма веќе не се чудни црвените картони. Мора да ги има за да победи Барса. Даваат Атлетик гол, после две минути црвен(без врска) и минута после тоа гол. Веќе проѕирни и досадни станаа. Без картон неможат да извадат поволен резултат. Срам за фудбалот се. Е вакви чувстава ми будат
Абе што ве чудат црвените картони,мене ќе ме чуди ако ги нема. Инаку ја зголемивме предноста со два бода,тоа е најбитно. http://www.rezultati.com/table/K2BMNx0S/2ar1uWVA/ колку убава гледка ах,ах.
Реал Мадрид вчера имаа среќа , како ке изгубеа .... плус пенал имаше тамо незнам зашто судијата геј е .... Барса 4-0 , кај сега пред дуелот со Милан ми дава голови , требаше у тапа форма да се ... нема везе НА САН СИРО 2-1 ке изгубат
За Барса што е до мене посакувам да не се пласират зошто не можам да ги гледам тие глумења. Инаку кој вели бе дека Кикица го нема на големи натпревари?Еве и вчера даде гол на Валенсија..сонце мое А Чичарито си гази... И амааааааааааааан зошто не играше Том Клеверли
Живна темава ќути ... :geek: Немој некој да рекол дека само Барса имала помош ... Она вчера ебате дербито ако судијата рацете ги гледа доле а нозете горе тогаш моиТ срамота ... Али това је . Ова премиер лигава не ми се ни коментира зошто хаос сме паметот ми е кај дербиво нека помине ни треба таа победа јас би Торес , Меирелес , Торес
Значи ама сте. На Барса 10 натпревари по ред уште судиите однапред да им ја прогласат победата а за Реал еднаш има некоја "нејасна" ситуација и оп Реал играл нечесно . Реал уште од почетокот на натпреварот играа одлично и можеа и повеќе голови да им дадат но Валенсија се разиграа на крајот и ајде мора по секоја цена да изедначат.Да не сакаа уште 20 минути продолжение да им дадат или 10 пенали за да можат они по секоја цена да земат еден бод. Мислам да не ме разберете погрешно и како навивач на Реал морам да си признаам дека Валенсија во второто полувреме беа одлични,секоја чест за двата гола но сепак пенал таму немаше.
Добро што реал годинава се разбуди, до сега беше во зимски сон... Некој ќе рече политиката е крива, неправилното управување и така натака...Јас искрено не бев воопшто задоволна, многу се изненадив од многу добри играчи, од еден Кака, па Бекам и ред други или само беа една модна икона во Реал...И да мило е што конечно се пробудија и направија еден ваков пресврт во Шпанија....
дали навивачите на барселона дојдоа до тоа ниво да зборуваат за Реал и судии ?! немој ви се молам, срамота е
какви не искористени шанса ејј Што им се случува на Челзи? Инаку не ли приметувате колку сте веке досадни со коментарите за судиите и Барселона.Дефинитивно освен тоа друго не знаете да прекоментирате.И од таа причина веке и не ми се пшува на темата...Едвај некако се прелажав и за овој коментар Едит Немам срце да гледам како Торес игра против Ливерпул
Хахахаха кој брод тони сега како Титаник?Јунајтед или Челзи...4тврт пораз ако не се лажам УАААААААААААААААААААААААААААААААА
Барса ви е табу тема така?Освен Барселона и Реал не постои друг тим така? Не е работата сега да водиме инает туку сакам да кажам дека освен коментари за тоа како судиите им помагале на Барса друго и не може да се сретне на темата. Досега играа Челзи и Ливерпул а вие пишувате за Барселона.Свесни сте ли дека постојат и други тимови? Ретко да се прочита квалитетен коментар на темава (не мислам на коментар од типот Барса се најдобри). А од ваквото ваше тупење на се едно исто освен фановите на Реал други и не пишуваат.Не знам само колку приметувате.И да не бидам сега сватена дека Реал ги напагам (а знам дека ке бидам), не не ги напагам туку кажете нешто и за другите тимови ве молам.Благодарам на вниманието и на реплики не вракам затоа што не вреди! Инаку Nightwalker јас Ливерпул многу ги ценам.А стварно не можам да гледам како нивниот екс голгитер (кој беше многу добар додека играше за Ливерпул) сега игра против нив.Ама јбг во ова тема се погрешно се свака