Вака,најмногу пратам шпанско па и затоа најмногу коментирам за шпанско првенство.Кој е тука проблемот? Реал и Барселона се најголемите ривали па нормално дека ќе се прави компарација помеѓу нивната игра.Можеби претерувам во тоа но сум изреволтирана баш од погорниот коментар,кој беше напишан дека Реал вчера имал помош од судии ,да не беше тоа немаше ни да ја спомнам Барса. Е колку страни се изнапишаа за Манчестер и Челзи и тоа кога воопшто немаше некакво дерби или пресметка помеѓу нив па јас не реков ништо,ниту пак ми сметаше.Нормално дека секој ќе си пишува за својот клуб и ќе ги критикува ривалите. А секако дека постојат други клубови но нема тука што посебно да се коментира.Ете ако баш те интересира Баерн ми е еден од омилените клубови.Вчера загуби од Дортмунд,бев разочарана но немам што повеќе да додадам во врска со тоа.Дортмунд играаа подобро и тоа е. Јас како што читам сите горе-доле оставаат слични коментари.Така да не знам стварно што толку ти пречат коментарите за Барса и судиите.Тоа е нешто што е актуелно последните недели во Ла-Лига и тоа е.
Blackswan јас не сум фан на Барса за да ги бранам и сечам вени за нив ми се многу помили од Реаловиот Мадрид поентава на муабетот ми беше дека ИМАВТЕ ПОМОШ вчера и најмалку а и најфер што може да сторите е да ПРИЗНАЕТЕ и за промена бидете РЕАЛНИ... Не не беше фер имаше чист пенал па и слеп би видел и срамота е вака бодови да се влечат ама тоа е тоа . Помош од секогаш имало за некои . Тоа важи за секоја лига тука нејќам муабет да правам така си е !!! Во контекст на муабетов ... Ова да држи вода и тоа како . Искрено гледано Барса може има најмногу помош , но секако сепак за мене се број еден барем во моментов. Ама треба да бидеме реални пред се http://www.youtube.com/watch?v=kr9D8Z_1CmQ За Челзи нејќам ни да коментирам неорганизирано , неамбициозно ни план ни акција ко што треба се на се ужас . Разочарана сум ете така . Не не надиграа ама не поразија и тоа дома а тоа е многу полошо . Заслужено сме таму кај што сме ете толку од мене...
Добро,стварно не сакам веќе да коментирам во врска со тоа затоа што како и секогаш се вртиме во круг и едни исти коментари се повтараат што е неизбежно. Јас како што видов немаше пенал а и да имало (не сум ја прегледувала снимката) па што ако еднаш се суди во корист на Реал.Сепак дадовме 3 гола
Токму за оваа зборував!Кога не можете да сватите од моите коментари тогаш сватете од вашите BlackSwan не е проблемот во твојот коментар туку зборувам за сите.Кој и да ја разврти темата и едно 50 страни назад ке причита се едни исти коментари Исти коментари со различни интерпункциски знаци Давам предлог темата да се преименува во Real madrid vs Barcelona vs Chelsea Барем и гостите на Фемина да ја сватат а не само ние, нема смисла така.
кој е тој бе Глен Џонсон бе ке ми каже ли некој Алоо о ооо Х ја имав играно мамичето твое баш сеа ли најде да го даваш првиот гол у сезоната ааааааааааааааааааааааааааааааа тапа иначе да Реал имаа помош од судии. со тепање со влечење со плачење успеаа да ги земат 3те бода на крај
Го видовте ли голот вчера на Торес против Ливерпул? - Не го видовме EXACTLY Викендов имаше интересни дуели , ама сите се спремаме за дуелот кој наскоро ке дојди Реал - Барса
Кога Јунајтед изгуби од Сити сите се смееја на поразот со исклучок на фановите на Реал кои лош збор не кажаа а за својот клуб не гледаа.Е кога веке тие задеваа за поразот сега и ние ке задеваме. Хај,смири страсти,ама Барселона имаше поголема помош отколку што имаше Реал Мадрид на натпреварите. И тоа е тоа...Торес незнам за колку пари беше купен ама не се снајде а Фергусон го купи Чичарито за 7 милиони и додека сите го исмејуваа тоа засилување малиот си редеше голови.Еве уште едне пример дека не е финтата да земеш светски напагач и да плеснеш толку пари.
Ејјјјј се развила дискусија дека Реал имал помош од судиите, па дал је могуче?!? Цел тим на Реал пожолте, судијата даде можда 10 жолти картони на играчи на Реал. Се играше продолжение не од 4(како што беше предвидено) туку од 7 минути во кое беше досуден и слободен удар. Рака во шеснаесетник НЕМАШЕ! http://www.youtube.com/watch?v=i-Ccfj-D ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... t0LpYbiLQU http://www.youtube.com/watch?v=D0ISBOkL ... re=related Дали Игуаин ја сопре топката со телото или со рака, погледнете ги видеата и пресудете! Имате милиони видеа на ју туб од агол од кој многу убаво се гледа дека топката удира во градите на Игуаин, а не во раката. Беше поништен гол на Валенсија зошто беше од офсајт, исто имате видеа на ју туб, па погледнете. Ама беше поништен и гол на Реал од офсајд, ама за него никој не пишува. Така да победата беше чиста ко солза, само ги замолувам играчите на Реал во наредните утакмици да не поштедат од вака стресни последни 20 минути.
Баш и како што си мислев.Que mano . Немаше пенал и крај,се гледа убаво од видеото.Во моментот кога топката удри во рамото на Игуаин тој ја спушти раката. Реков да не се повтараат исти коментари од типот Барселона има помош од судии баш поради тоа што ти се пожали дека ти биле досадни таквите коментари а и нема смисла да го повтарам она што го реков во претходните три поста и што е како ден јасно. А тоа што сите дават исти коментари со различни интерпункциски знаци значи дека повеќето делат едно исто мислење и не гледам ништо лошо тука. За темата...па не сум јас крива што нема толку навивачи на други клубови.Нека повелат,па нека си пишуваат за нивните клубови.Јас ако земам да вршам рецензија на сите натпревари овој викенд каде ќе ми биде крајот .Така да моите мислења воглавно се за Ла Лига.
Наполи БРАВО , одлична утакмица Баерн и Реал Честитки ги згазивте противниците Интер и Манчестер БЕДА ! , дома против Бенфика неможат да тепаат .... и Трабзпј‘!„‘&Х!_ OMAGAD Lyon , Basel i Lille очекувано
Најпрво сакам да им го честитам празникот на Интер - Ден на дрвото. Потоа сакам да кажам дека Пандев може да бара нов клуб затоа што никогаш не игра. Секогаш е на клупа. А може да оди некаде во послабите лиги каде што би се снашол. Затоа што Наполи не е клуб за него. Инаку вечер интересни се сите утакмици, а искрено се надевам дека на Сан Сиро ќе има повеќе голчиња. Валенсија и Арсенал и Челзи и Тимот на нашиот Тричковски, Апоел, сметам дека сигурно ќе победат!!! Поздравче
Овие од Барса значи мора пенал да шутираат, па и Меси бе, се глупира, ама ако си заработи жолт. Ајмо Милан, се знае, се очекува победа. Исто и од Челзи.
Не бре кај можат овие Фарселона идиотиве, циганиве, глупациве без пенал. Каде? Жими се, поомразен тим од Интер ми стануваат. ПУ!
Оф бре што сречкари се овие Милан до сега требаше 1-6 требаше да биде Ама како и да вртиш секако ќе го јадат
Sega na poluvreme sudijata neka si oblece dres na Barsa i neka prodolzi so penali! Se izvinuvam za latinicava, imam nekoj problem so kompjuterot
Како бе 1:6? Бидете среќни што секогаш ви судат пенал, па згора и Меси ќе го изведува на начин кој не е дозволен. За фудбалер од негов калибар оваа е смешно и долно, нека се засрами. Јас сум изненадена од Барса.
Смешно ми е да го гледам ова. Оваа игра на Барса, овие глупости што ги прават, па и судијава, аматерски фудбал да беше па ќе беше попрофесионален.
Ајдее си најдовте сега причина за ругање Добро де направи грешка и ајде веднаш фемина судницата се разработува.Добре па кој не греши?Па и најдобрите пливачи се дават така и најдобрите фудбалери грешат.Ама јасно ми е не се простува такво нешто. И ајде сега да не се лажеме сите видовме дека Барселона не искористи многу шанси за среќа на Милан