Честито победа Каталонци! Ете како им вративме за голот во 100та минута дома. Виља ме изнервира. Се изнапромаши и беше многу себичен. Околу него двајца спремни за да дадат гол, он пробува сам. А судијата баш и немаше голема улога во натпреваров, се гледаше кој имаше подобра игра.
ништо не сте им вратиле, да беа милан фаворити да може ке им вратевте али вака кога се знае кој е кој не боли... само некако слаби многу барса се годинава( па и не се баш слаби али не се непобедливи како што беа у изминативе години), неверувам дека ке стигнат до полуфинале
Исто и Алегри е крив Го става Робињо АЛООООО .... од 20 сантиметри промашува гол ЧИСТ ! Камо пато ...масовно ...нема тоа ... Хај ти не си го ни гледала натпреварот , да си го гледала ке збореше друг муабет .... си видела тамо на ФАцебук пишал некој еее Барса 3-2 тепаа и ај тука сеа да пишеме Глупости
хахахах абе ја гледала али изгледа поише у пц-то гледала Навивачи - Марјан Георгиевски ...има навивачи што и гледаат и на фејсбук се...нема појаки...те носиме во срцето...аууууу...браво меси со тебе сме....горди каталонски ѕверови јипи ај да праиме едно ливче за денес....кажи 3 утакмици и јас ке кажам 3
http://novasport.mk/Vest.aspx?id=979&GroupId=2 УЕФАЛОНА го победи Милан на Сан Сиро!!! Колку повеќе гледаме како игра Барселона, толку поочигледна станува опседнатоста на УЕФА со, според нив, најталентираниот клуб. Синоќа на Сан Сиро Барселона го совлада Милан со резултат 3-2, преку автоголот постигнат од Марк Ван Бомел, пеналот на Меси и добриот финиш на Чави Хернандез. Многумина коментираа дека веќе станува редовна појава судиите да им даваат бессрамна поддршка на Барселона кога се во прашање европските натпреварувања. Пеналот досуден во корист на Барселона во првото полувреме во голема мера беше неправеден. Алберто Аквилани не беше толку груб а Волфганг Штарк категорично досуди пенал. Меси шутираше и постигна погодок. Неколку минути подоцна, Сејду Кеита „се извлече за убиство“, кога го собори Робињо од назад во полето на Милан. Неколку моменти претходно на спротивната страна беше досуден непотребен пенал, а сега Милан доби само слободен удар надвор од полето. Но, така одлучи Штарк. Барселона се талентиран тим. Но, ако навистина беа најдобри, тогаш нема да имаа потреба од судиска помош за да победат на натпревар. Милан играше екстремно добро синоќа, но не беа во можност да ја надвладеат љубовта на судиите кон Каталонците. Истата судбина ја имаа и Челзи во 2009 година. Исто и Арсенал. Дали некогаш ќе заврши ова лудило?
Божее (смајли што се крсти) не сум го гледала натпреварот.Овој коментар стварно не ти требаше.Де кажи ми која е таа будала што пишува статуси за цела утакмица? А да бе има повеке будали еден напишал: леле Барса ама се глупи какви шанси пропуштија прво полувреме тоа е невероватно. Друг: леле не е можно Меси да погоди статива (горната) а мислев дека 100% ке влезе топката. Друг: кој кретен еј се зеза со голманот ама затоа си доби жолт картон иако погоди ама сречко е и вториот повтроно го даде (наместено беше). Друг: ау кои сељаци главите си ги капаат во скок .цц..ц Друг: бреј овие Милан коњови посебно Абрахимовиќ иако добро игра стварно не гледа кај мава. Друг: ауу овој Виктор не прави будали демек не ја чепнал топката а сите видовме дека кого му помина под рацете малку ја допре па и се буни ејј но судијата не му поверува (наместено). Друг: ау кои идиоти наместо да бранат резултат последните минути тие уште напагаат. Друг: еј овој водителот од Канал 5 стварно е слеп кажа дека асистенцијата ја извршил Меси а наместо да каже дека Чави го даде голот тој тропна некој друг па после 5 минути се свести дка згрешил. Друг: пукнете хејтери Барса се најдобри 2-3 јеее. Јипмен чекај да ги најдам и другите статуси па и тие ќе ти ги напишам Спојлер и извини вака што пишував со друг но немаше смисла да ги искажам будаливе со име и презиме сепак ми завршија добра работа. Ептен си згрешил во врска со мене ама нема проблем уживај
Jaс не знам зошто фановите на Барса толку се изнервираа заради коментарите на останатите фанатици на фудбалот?Зар вистината боли?Е боли боли.. Таа екипа која ја прават најсилна во фудбалот еден ден ке падне,и нема да имаат помош од судии барем јас така се надевам и ке се најде екипа која ке ја надигра па ни Платини да влезе или Блатер нема да им помогне
Реал губи од Атлетико Мадрид Ајде нека дадат најмалку два гола, да не се нервирам Едит изедначува Реал со гол на Кикица мој од пенал
Абе колку ми се интересни овие Атлетико,влечат за дресови,сопињаат и кога ќе им покажат жолт картон се како wtf . Ајде Реал ти можееееееееееш але але .
Многу слабо полувреме на Реал Секад така прават бе, чекаат до 80 минута ко дрва и после сакаат у 10 минути да ја решат утакмицата. Се нервирам што играат вака, многу лесно го пуштаат Атлетико да создава притисок пред гол. Само да не им се удри од глава ваквата игра.
Лесно одат во напад ама тешко го реализират а и одбраната нешто лабава.Мора да се поправат во второ полувреме оти ојдеа трите бода предност. Ама и овие Атлетико ме нервират,ае ако не па нека ги згазат . Едит: Анхелчето Ди Мариа и гооооооол
Аууу каков возбудлив меч.Важно на крајот Реал си победи и тоа ни со помалку ни со повеќе туку со 4-1 . За момент посакав да сум на Сантијаго Бернабеу .
Читам коментари на фб во врска со тоа што на Реал му пресудиле 2 пенали, а на Атлетико за џабе му дале црвен. Со кој акл го пишуват тоа кога на нив секогаш кога играт против Реал им судат пенал, а на Реал црвен им дават. Па, дали се свесни што пишуваат. Зборувам за навивачите на Барса. Љубоморни едни.
Абе ајде и ова ли доживеав да го слушнам . Тие што напишале така или поим немаат од фудбал или само да се напаѓал Реал па не е важно поради што . Како прво Атлетико заслужија минимум 4 црвени картони и треба да бидат благодарни што ги поштедија.Скоро на секој допир со топката Реал си добиваа по една клоца во колено и ајде сега не требало пенали да се судат .
Пукат од љубомора. Од нив највеќе го почитувам Давид Виља. Дечкото навистина вреде, на Светското првенство ми се виде навистина добар играч, баш ќе беше супер во Реал да дојдеше, ама ајде. А, башка е многу убав. Еве ги играт со Гетафе сега, не можат гол да дадат, па ние сме им криви.
А мене па Виља ми е одвратен и сама не знам од која причина .А шо е убав убав е ама... Ах што сакам да загубат па после да видам шо ќе пишуват на Фејсбук .
Од играчите на Барса единствено го почитувам Чави Играчиште невидено, и стварно ми е жал што квалитетот не му е вреднуван. Човекот досега заслужи да земе награда за најдобар играч, барем годинава, зашто освои титула со Барса во примера, освои титула со Барса во Лига на шампиони и освои титула со Шпанија на светско првенство. А Виља ми е страшно арогантен и многу живчан, нервозен играч. EDIT - Барса губи од Гетафе
1:0 за Гетафе. Се чудам какво оправдување ќе смислат навивачите на Барса сега. Едит: Сега следува црвен картон за Гетафе и пенал за Барса, па мора некако да победат каталонците.