Лоооооооол Абе малечки се уште ли не научивте дека големите клубови не се замараат со купови?На Фергусон никогаш не му било цел тој куп и нема ни да му биде.Да сакаше да го освои ке играше со прва постава а тој не сака да ги преоптеретува играчите со причина зошто викендов играт во домашната лига,а неколку дена подоцна има лш.Ливерпул и Сити победија бидејки знаат дека нема шанси друго да освојат па ке се борат мегусебно Не за друго витрините им фатиле прашина
Еј за први пут у животи на тема фудбал ќе се сложам со Пеликуна ... Не се троши енергија на вакви купови ... Јас на некое време се одјавувам од темава зошто не знам што да коментирам освен порази . Дефинитивно сме во ќор сокак и не знам до кога ќе се брукаме . До некои подобри времиња ...
Важи венди врати ни се кога ќе победат Челзи Само глеј да не дружиш пред нова година Пеликуна .... CRYSTAL PALACE ... како сакаш вади се ама срам ... СРАМОТА е да се губи од вакви втора-трета лига на тимови .... ај да беше Aston Villa па знаеш јаки се неможете .. И Милан во купови игра со втор -трет состав па ако губи , губи од Удинезе и Палермо а не од Бари и Кротоне некој си ....
Знаеш дека Фергусон го има двапати освоено овој куп ако не се лажам? Инаку за квалитетот на екипата ајде овде се согласувам ама да сакаа да победат ке ги ставеше Руни и Чичарито,Јанг...Ова е шанса за младите да се докажат ама тоа е тоа.Нема секогаш да победуват.Јас сум срекна што држат чекор во ПЛ за титулата.Само тој трофеј ми е важен
Rangers добро ја фатив Реал душа ми извади у 92 мин ја фатив Барса у први 30 мин ја фатив како по обичај Добри дуели , дај боже удинезе да изгуби за да Милан си остане фаворитче А утре Чезена да ги згази Јуве А тие Манчестер педерски како по обичај 1-0 едвај успеа ...
Јипи крипи ајде ајде не е битно колку ке победиме битни се 3те поени. Формата е моментална класата е вечна Јас се радувам на победата макар и со еден гол да е ама уште малку ке дојде боксинг деј па ке видиш како ке победуваме со по 3-4 гола
јипи да у право си тоа беше едвај но едвај астон вила спасија глава да не изгубат со пише голови разлика
Абе досадна е темава шчо е ова ? Дај да ја живнам малце Во соблекувалната на Челзи се прошета Рамбо Скоро 18 сантиметри долг нож е пронајден неодамна во соблекувалната на младите играчи на Челзи, по што веднаш беше покрената интерна истрага внатре во клубот. „Дејли Мејл“ наведува дека ножот е пронајден од страна на перосналот, кој е задолжен за чистење во тренинг комплексот, каде се преслекуваат и најголемите ѕвезди како Лампард, Тери, Торес и останатите. „Ножот изгледаше исто како оној од Рамбо филмовите“, изјави извор од клубот за медиумите. Веднаш откако бил пронајден ножот, играчите на Челзи, кои се под 18-годишна возраст, беа собрани на состанок на кој им беа објаснети потенцијалните последици од инцидентот. Исто така потенцијалниот виновник бил повикан да истапи, но тоа не се случило. „Ножот е пронајден во клупските простории во време кога овде беа само градежните работници и чистачи. Затоа клубот заклучи дека ножот не припаѓа на ниту еден играч или член на стручниот штаб. Па така работата ја сметаме завршена“, се огласи портпаролот на Челзи. Ај вечер да се пласираме доволно ме разочараа за некое време ! Братот на Касиљас: Јас навивам за Барселона На претставувањето на книгата за Икер Касиљас, неговиот брат Унаи рече дека од секогаш навивал за Барселона и дека тоа нема да се промени без одлед на тоа што неговиот постар брат е капитен на Реал Мадрид. „Убаво е да се биде негов брат. За него зборувам само најдобро на луѓето кои не го познаваат, а го бранам кога го напаѓаат. Икер од секогаш ми зборуваше дека Реал Мадрид е голем клуб“, вели Унаи. И Унаи искто како и неговиот брат е фудбалер и вели дека често играат мал фудбал. Но иако се сложуваат скоро во се, сепак младиот брат на Касиљас навива за Барселона. „Сакам го гледам Реал како игра. Го поддржувам Икер, но јас сум навивач на Барселона и не го криам тоа“, вели Унаи. Браво мали И после љубовта со пари се купувала како да не ... Каков туш И за на крај најдоброто ами да се правиме и ние важни малку убаво е Мурињо: Пандев е играч од светска класа и мој шампион Македонскиот репрезентативец Горан Пандев одигра одлична партија за неговиот Наполи во вторникот против Јувентус. Пандев својата брилјантан игра ја круниса со два гола, а честитки дојдоа и од неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо. Мурињо, кој моментално бележи извонредни резултати со Реал Мадрид, откри дека редовно ги следи случувањата во италијанскиот фудбал и настапите на Горан Пандев во дресот на Наполи. „Знам дека многумина не веруваа во него, но јас знам дека Пандев е играч од светска класа и беше само прашање на време кога тој ќе го покаже своето вистинско лице. Говориме за голем работник, но и многу квалитетен играч што беше незаменлив дел од мојот Интер. Мило ми е што конечно работите тргнаа позитивно за него и во Наполи, веднаш по мечот му пратив СМС порака со искрени честитки. За мене нема сегашни или поранешни фудбалери, сите тие се мои шампиони, како Горан Пандев“, изјави Мурињо. Пандев доби честитки и од неговиот екс-соиграч и пријател Дејан Станковиќ кој изјави дека вториот гол на Горан бил вистинско ремек дело. Дали е свесен човеков колку постигнал во животот ... Еј Мурињо му дели комплименти
Како му се погоди на Икер .Девојка му навива за Атлетико,брат му за Барселона а тој во Реал . Мурињо уште толку повеќе го ценам поради оваа изјава.А Пандев им ги затна устите на сите кои збореа лошо за неговата игра.Браво гранде Пандев .
Од Интер признаваат: Никој не е како Мурињо 06.12.2011 | 17:06 По заминувањето на Специјалниот од Италија, Интер не успева да се врати на стариот пат на славата. Четирите наследници на клупата на Мурињо, не успеаа ни приближно да му се доближат на успехот на Господинот “Специјален“. „Признаваме не е лесно да се седне на клупата на нашиот тим после Мурињо. Пред се Мурињо е феноменален тренер, освен тоа неговите постигнувања говорат сами за себе.“ „Сведоци сме дека тој освои се што можеше да се освои, така да сите тренери кои ќе дојдат на негово место имат голем товар.“ „Ние веруваме во Раниери и веруваме дека тој е вистинскиот човек за Интер и дека ќе започне нов циклус и нова ера во нашиот клуб“ - изјави Паолило, управник на италијанскиот клуб. http://www.youtube.com/watch?v=nUD4IxLIPuo Мене жал ми падна кога го гледав
Нема зошто и да се враќа на патот на славата, нека си седат таму . Овие Јуве ми матат сметки сега . Ама наше си е скудето, наше си е, не го даваме, ќе си го задржаме.
Никогаш не ги сакав Интер ни кога Пандев беше таму.Не ни планирам да бидам нивни фан.Немам ништо против клубот ама овој пат мислам дека е време Јуве да го земе скудетото,не за друго прашина им фатија витрините па нека и тие стават некои тракатанци таму
Aх Пеликуна јас и ти никогаш не се наоѓаме на иста фрекфенција . Ај што си фан на Манчестар, ами и сеа пишеш скудето кај Јуве. Немој така, ти се молам, каков Јуве, Милан ќе го земе и точка. И ајмо вечер Челзи, се надевам на победа. Битна е, итна е, за осмина треба.
Рано е за конечен резултат, ама нема да е лошо вака да заврши Браво за Челзи, Браво за Дрогба Одамна ги немам гледано ама вечерва се Еве уште еден додека пишувааааам