Реално гледано Милан и Јуве имаат поголеми шанси за скудетото али жал ме фака бе душички.Во таа витрина можеш да се потпишеш на правот али како и да е ако сака и Наполи нека ја освои ама да не е Интер
Ке тепаат Челзи , среќа имаат тие ... додека не дојде Манчестер/Барса и ги стават у некоја темница... ич не ги сакам Челзи и сакам да испаднат у елиминации .... Валенсија ми донесоа парички па така нема потреба да им се љутам што се дупки вечер Милан Барса вечер си играат со 2 состав и уживанција
Криво ми е за Валенсија, симпатичен тим ми се, кој секогаш бил во сенка на Реал и Барса, а сепак достојно го претставувал шпанскиот, воедно и модерниот, напаѓачки фудбал. Челзи си е ок, ама Баер Леверкузен ќе оди во осмина-финале бе... Баер Леверкузен... Леверкузен... Левер...
Јипи кажи нешто ново ... Се надевм никад нема да ти ја исполниме желбата :evil: Челзииии Дрогба не се дава старото затоа го сакам и срце ми се кине што е си оди Жива Легенда !!! вака се игра ваковг Челзи сакам ма да беше конфузна на моменти играта . Сепак Бане , Луиз , Мата , Дрогба ... Се си беше на ниво хепи и знаете што е најдобар дел ПРВИ СМЕ ВО ГРУПА !!!
^ Не го заборавај Чехот Чех од Чешка, особено вечерва. Да не беше тој, ништо чудно друга песна да пееше сега.
^ Ќути, чаша од нервоза скршив Не ми се верува еј Што убаво им тргна, на крај косата ми се крена кога видов
Абе не се нормални овие челзи на фацебук Кога изгубија 4-5 пати дома од Ш лиги и Ливерпул нигде ги нема Сега на Валенсија ги тепале 3-0 и мислиш титула земале ах бе плави мечиња ... ќе плачете ко мали дечиња.. ај ај
Торес го пуштија на крај да поигра,колку да не се пеглал за џабе . А инаку досаден ми беше овој меч меѓу Челзи и Валенсија.Очекував повеќе од Челзи,во смисла поатрактивна игра.
Не знам што очекуваше уште , добри беа вечерва. Чех е од Чешка си го саакам најмногу Јипи не испаднавме, дури и први сме во листата Ах Милан... ништо ново, не ме изненадува. Отрпнав веќе. Ама никогаш нема да го заборавам финалето во ЛШ кога Милан водеше 3-0 против Ливерпул, за на крај Ливерпул да биде шампион. Е тоа болеше. Ама после им вративме .
Валенсија - Челзи Навивав за Валенсија , симпатична екипа се, а Челзи не ги сакам зашто мојот фаворит од премиер е Ман Јунајтет... Валенсија рано прими гол и тоа многу влијаеше на играчите, сепак 3-0 не се малку, со среќа на Челзи , се надевам дека ќе се повтори финалето од 2008 Поздрав до сите што пишуваат на оваа тема. Има некој што навива за Јунајтет?
Абе зошто овие од Канал 5 немат навика да ги даваат натпреварите на Реал??? Баш ќе беше убаво вечер да дават но не .
Juventus и ќе го земе Скудетото годинава,пошто сеуште се без пораз,и затоа што Клаудио Маркизио е*ава матер. И затоа што Милан беа доволно смотани да го шитнат Пирло. Интер пропадна тотално сезонава,Милан не може да му се спротивстави на Јувентус. Попрво Наполи би земале однего Милан. А Јувентус ќе врати сега на сите што плукаа додека беше во втора лига,и ќе си стави уште едно ѕвездиче на амблемот
Се гледа дека си пристрасен, не велам дека Јувентус е слаба екипа ама дека Милан неможе да им се спротистави овде не се согласувам. Сепак јас сум навивач на Милан и се разбира дека ќе очекувам тие да го земат скудето, исто како што ти тврдеш за Јуве . Него друго ми беше муабетот, ова, дојдов на темата само да пишам дека МАНЧЕСТАР не оди во осмина. Скокам, скокам од среќа Базел го елиминира големиот Манчестар. Ајде чао!
Здраво. Јас би сакал да поразговарам така пријателски и опуштено со некои фан4иња на „големиот“ Манчестер Јунајтед. Има ли такви вечерва на форумов? ЕДИТ: Ама Ајакс како несреќно испаднаа на сметка на Лион, ајјј...
Чао Манчестер.. го обравте бостанот... не верувам дека и во премиер лига ќе ја земете титулата .. така да останавте годинава без титула..
Пеликуна и на сите останати фанови, примите сочуство Немате поима колку сум среќна Конечно и нив да не им послужи среќата, редно време беше .