4еститки и до сите фан4иња на Интер4е. Најјаки сте, топ, кис4е Него, Лион што направи море? Мене страв ме фати
Изгуби,па што... Не сум радосна, ама ќе биде подобро. И ако ви е радост што изгубил тимот што не го сакате... ве жалам.
Интер си пушта голчиња за Цска да иде понатаму Прво Челзи , сега Манчестер... Астон Вила Dreams come true .... Ееее Пеликуна , кога ќе ве напушти среќата ете колку свушност сте јаки ... Поздрав во УЕФА куп или пак и овој да не го пуштиа како оној со Кристал Палас? , и овој да не им е важен случајно ...
Честитки и од мене убаво е да се прочита ваква добра вест Спојлер Штета што денес немам пијма од ништо и бев исклучена од светот добри 6-7 часа.
И среќата се изморува кога долго време носи некого на грб... инаку жал ми е за Ман. Сити што не идат понатаму, навистина квалитетна екипа
Жал ме фаќа за Интер. Ман. сити ме изненадија, добро играат оваа сезона и во Премиер лигата, и во ЛШ не беа лоши, иако не одат понатаму. Важно Реал Мадрид си тепа и е прв на табелата без пораз.
Интер4е групата си ја заврши прв, за разлика од црвено-црната страна на Милано. Лион оди натаму, зашто победи 1-7, му беше потребна победа од 4 разлика, за да оди наместо Ајакс. Па да, си се радуваме на туѓи неуспеси, зашто тимчињата за кои навиваме самите ние одамна си ја завршија работата и не беше веќе интересно да се навива за нив.
Јипи ама Челзи оди во осмина, дури први се на табелата, туку каде е Астон Вила Маца не само што се радував ами скокав од среќа, ете така да знаеш . Конечно и Манчестар да нема среќа!
Уште сега ми мириса на спектакл следната пролет во Лига Европа. Финале над финалињата... Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед!
Малку потфрлија де Многу малку И да, имаат среќа, едвај по 1 гол даваат на натпревар. И не се семоќни и не се најдобри, како што се замислуваат.
Астон вила е пред нив на табелата каде лежат тимовите кој ја освоиле Европа , нешто што Челзи нема никад да освојат И сега можеме барем да идеме на друго ниво Што мислите КОј со кој ќе игра во 1/8 финале?
Штета за јунајтет , а ова со среќава шо пишувавте се согласувам , многу пати се извлекувале во 90 тата минута , но и вие мора да признаете дека 19 титули не се мала работа , нели Како и да е , гуд лак ту ал !
Чекај Јипи има време, ај радувај те се уште малку, Челзи се враќа во форма. Интер не знам како и продолжија, тапа се годинава, ама ако де осмина и толку и од нив, и мерак ќе ми биде Милан да ги елеминира .
Глори, Глори, Глоооооориии.... упс Tри италијански тима одат понатаму, презадоволна Два шпански, кои очекувам да се натпреваруваат негде до април ил мај. Два германски, хммм овие не ми атакуваат на мајски натпревари. Два руски, што е одлично, треба нови тимови малку да ја размрдаат европа. Два француски, кои не ги очекувам напролет во ЛШ.. Два англиски и тоа искрено тоа се двата тима за кои помалку очекував, наспроти манчестерците. И по еден кипарски, португалски, швајцарски. Има големи шанси калчолигашите да имаат шампион. Тоа и сакам
Поздрав до фановите на Шинтер,нека гледаат на кое место ке завршат во калчо лигата а подоцна да зборуваат за Јунајтед Нејсе ке бидам искрена.Сосема очекувано испаднавме,не очекував да ја поминеме групната фаза од причина што имавме и неколку повредени првотимци односно клучни играчи за клубот а гледам дека и вчера не се замараа многу.Како да играа да влези Базел во осмина финале.Да бев на местото на Фергусон не само што ке им ја намалев неделната плата туку и ке ги оставев на клупа да дремат додека има некој друг кој ке сака да се покаже. И аманте доста со тие фрази дека имале Јунајтед срека кога не е така.Дајте ако мислете така докази а не...ако мислете на тоа дека давале голови во последните минути Јунајтед не е единствениот клуб што некогаш победувале така.На крајот на краиштата фудбал се игра се додека не свирне крај судијата.