Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Мојата поента беше , репутацијата е таква на Барса да сега ти нема да гледаш на натпреварот дали ќе биде стартот стварно за црвен или не туку одма ќе идеш на тоа дека е намерно за Барса да победи ...

    Тоа докажува оти ДА беше за црвен на Пепе стартот и фала богу сега ако требаше да го скрши човекот да не стане наредни 10 години па за да добие црвен , старт си е старт и како во книгата пише така ќе се суди за тоа ... а не сеа ај ако го скршил црвен , ама оти само малце го повредил нема везе може и жолт и прашај кој сакаш (машко) ќе ти каже дека беше за црвен
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    На BoaVista, Sparks, starbucks и 3 други им се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Поздрав до Гејчестер биче боље каков ремет се дал а јас ова го пропуштам ту дее :tmi: :D
    Абе и ова е ценета лига што има врска па и вие треба да им дадете шанса на другите , :wasntme:
    http://www.youtube.com/watch?v=xbq604rOsUY

    И не се палите вака така напротив реметот е тој што го прави фудбалот интересен .Не ја гледав утакмицата и не можам да коментирам ама Манчестер не е тоа што беше мора да се признае . И искрено душава ми се наполни , мило ми е не заборавам лани што бидна :geek: .Шити - Гејчестер ооо јеаХ :rofl:

    Колку чини елиминацијата од ЛШ за Манчестер Јунајтед?


    Покрај спортскиот мотив, јасно е дека денешниот фудбал се игра за пари, а елиминацијата на Манчестер од најкомерцијалниот турнир носи огромна загуба за тимот.
    Според англискиот Телеграф, извршниот директор на Јунајтед, Дејвид Гил ќе започне проценка за финансиските загуби на тимот од елиминацијата.
    Се проценува дека Црвените Ѓаволи изгубиле повеќе од 20 милиони фунти кои би ги заработиле од ТВ правата, бонусите и премиите кои ги дава елитното европско друштво.
    Истовремено цената на билетите за натпреварите од Лига Европа би била драстично помала додека од друга страна и премиите на фудбалерите ќе бидат драстично намалени, во согласност од понатамошните успеси на црвените.
    Клубот во наредните неколку денови треба да ги објави официјалните податоци од проценката на паричните загуби, а според предпоставките тие нема да бидат мали.


    Уште полошо: Видиќ аут до крајот на сезоната


    Англискиот шампион Манчестер Јунајтед нема да може да смета на капитенот Немања Видиќ до крајот на оваа сезона, сопшти менаџерот на Црвените ѓаволи, Алекс Фергусон.

    Првичните информации гласеа дека 30-годишниот србски централен дефанзивец ќе биде надвор од теренот 4 месеци. Сепак Ферги денес објави дека повредата е уште потешка.
    Видиќ доби повреда на коленото за време на натпреварот на Манчестер со Базел кој заврши со победа на швајцарците од 2:1, Видиќ на тој дуел беше изнесен на носилки.
    „Знаевме дека повредата е лоша. Тој ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната. Лоша вест е, иако беше очекувана“, изјави сер Алекс цитиран од официјалниот сајт на Манчестер.

    Се тргна низ брдо :drunk:
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.556
    Допаѓања:
    251.848
    Боа јас ги спомнав навивачите на Реал :tmi: .
    И не навивам ни за Барса, ни за Реал.
    Ова за навивачите ми е од искуство, инаетчии се, и не се однесуваше само на тоа дали признавале пораз или не.

    А фановите на Арсенал ми се најнадежните. Гледат дека овие губат, ама веруваат дека се јаки, дека не им е денот и дека сепак ќе се шампиони :D .

    Најобјективни ми се на Милан, и нема врска што навивам за нив, ама не сум сретнала навивач да тера инает за Милан, а да не е во право.
    Реални се, и кога Милан губи и кога мести.
    А доста местат :lol: . Факт.

    Е сега секаде има исклучоци, кои иако се пристрасни сепак се објективни.
    Немојте одма да се пронаоѓате во мнозинството ;) .
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Еве Гејчестер пак и после зошто ги нарекувам другите тимови со погрдни зборови |(
    Предлагам темата да се прекрсти во Манчестер Јунајтед зошто само за нив се зборува последниве неколку страници |(

    Венди гледај си го твојот клуб.Гледам премногу си опседната со М.Ј па секакви вести пишуваш.Олади малку.Моли се бар да стигнете до финалето и Тери да не се сопне повторно |-)

    Вечерва се надевам дека Реал Мадрид ке победи и дека нема Барса да има помош.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Moрам да кажам официјално дека вечер сум за Реал прв пат после долго време.
    Ја сакав порано Барселона,ми играа интересен фудбал, не навивав за нив едноставно ги подржував, но оваа ФАРСЕЛОНА ја мразам, уништувачи на фудбалот.
    Не можам да ги поднесам.
    Додека не се променат некои работи ќе стојат моментално на врвот на едни од најнеомилените тимови.
    Повеќе ги ценам Интер и Реал него Фарса.
    А она видеото погоре ме боли до срж, од што постојат такви глумаџии. Уефалона срамота!
     
    На JuLleE, BlackSwan5, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Коментаров нема логика. :/
    Манчестер се опушти, ама се опушти на ниво како да имаат загарантирана титула. Ете ви сега Лига Европа па да ве видам. Потребна шлаканица беше ова.

    Патем, темата е во последните неколку страни за Манчестер затоа што тоа што се случи беше...hilarious.
    Она да се држиш за стомак и да се смееш. Али пролистај се дешаваат и другите работи во светот на фудбалот. До вечер би траела еуфоријата, ако не е завршена се уште.
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Не бре, јас кога ќе речам дека јас и ти исто фудбалски размислуваме, не грешам. :D
    Значи се согласувам 102%.
    До некое време Реал ми беа вистински уништувачи на фудбалот, attention whores, кои само ѕвезди носат во тимот, побитно им е да имаат спонзори добри и да го представат фудбалот како комерцијала, отколку да играат вистински фудбал. Секогаш кога имаше дуел, сакав Фарса да победува.

    Денеска? Ко нема да ги уништите, да доживеат срамен пораз сакам.
    Уште ме боли натпреварот против Милан, а можам да замислам како му е на фановите на Челзи после ова и колку ги мразат Фарселонциве.

    http://www.youtube.com/watch?v=kzV9TBwHgvs
    Балак и Дрогба мислам можеа да го убијаат судијата на лице место.
     
    На JuLleE, BlackSwan5, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Уфф колку ги мразам значи. Дефинитивно треба да се преименуваат во Фарса. На овие не им е местото во фудбалот, нека одат во некоја шпанска серија да глумат. Дај Боже вечер да победат Реал.
     
    На LilBaby, BlackSwan5 и BoaVista им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Што оценка доби од УЕФА Tom Henning Övrebö за тој натпревар знаете?
    [​IMG]
    Фалеше да земе и да ја шутне сам топката во голот.
    Јас да бев на местото на Челзи ќе си го напуштев теренот, јака им душа што останаа и доиграа до крај и што пружија рака.
    А Дрогба само си кажа тоа што беше вистина. Мислам тоа е најгледаното видео за таа година кога кажува дека нема правда, па и нема...
     
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.670
    Пол:
    Женски
    Уффффф вечерва ќе биде напорна вечер :D Јас страствен навивач на Реал секогаш сум осудена Ел Класико да го гледам со страствен навивач на Барса (дечко ми). И секад, на секое Ел класико, расправии, караници, сеири :D :tmi: . Да не си у моја кожа :tmi: Па мислам доста беа две - три години јас да трпам сеири, време е малку и фраерот мој да осети како е да се изгуби Ел Класико. А ич не е фер да ми пука сеир, после огромната жртва што ја направив за него кога бевме на апсолвентска екскурзија и кога ми пишеше пораки да сум го сликала секој дел од Камп ноу. И ја ај да испаднам фер, сликав, сликав, сликав триста слики му направив, триста сувенири му донесов. А најголемиот подарок - слика од мене до знамето на Барса. Еј и таа жртва да на ја цени :x :lol:
     
    На Smilly, JuLleE, Avril.09 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Богами ќе биде жустро вечер, едвај чекам. Туку, ова видеово на БлекСвон, работава е дали да се смееш или да плачеш. Ќе им дојде крајот и на нив.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^ Е ова ти се вика љубов :D
    Те разбирам Боа како ти е, мојот бивши беше за Интер исто колку што јас сум за Милан.

    Да речам дека очите од главата си ги вадевме, како мек збор ќе изгледа тоа :D
    Ма муабет не сме правеле по 2 дена заради тие натпревари меѓу нив. А јас бев поголем с'скач и кога Милан победуваше мислам дека на 7мо небо бев. Ама кога губеше, ау, бегајте 5 километри настрана од мене. :D

    Ццц, сега среќна сум, јас си мислев единствена сум што се расправа со партнер заради фудбал :lol:
     
    На JuLleE и BoaVista им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Кревам два прста.
    Мојов е за Интер, не е некој страствен навивач ама ние не се гледавме кога играа Интер-Милан да не се караме. Посебно он е големо рчкало и тука настануваа големи караници. во 99% наптревари ние навиваме за различен тим :tmi:
    И да морав и јас да се сликам на Сан Сиро во соблекувалната на Интер.
    Ама јас си кренав два средни прста и така се сликав.
    Боа убаво ме потсети, може да му ја урамам таа слика и да му ја подарам за нова година :rofl:
     
    На JuLleE, Hiii, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.670
    Пол:
    Женски
    Море девојки, само со тактика :D Ја трпев сеири кога губеше Реал, ама наредните неколку дена го ставав фраерот мој под казна :tmi: :D сам да зажали што Барса го добила Ел Класикото :lol: И ми вика почна и ти со Мурињо тактиките :D Е па не, ќе трпам и ќе кутам :lol:
     
    На JuLleE, Hiii, Sparks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ахахах леле, како не ми текнало ова!!!

    Не одиме ние веќе, ама како што ми е паричката да ми се допаѓаат машки кои навиваат за сите тимови освен за Милан, кај да е некој таков ќе налета :D

    И прави после муабет со некој другар
    -Море брат од кога не?
    -Ами од Саботата.
    -Аман бре, зошто?
    -Мавав сеир оти Милан изгуби :D :D :D

    Леле како ретардирана се смеам, модератор ќе не убие, не да сме офтопик... :D
     
    На JuLleE, Hiii и BoaVista им се допаѓа ова.
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Боа ако вечер победите спремај се со Спаркс ти доаѓаме.

    Иначе спојлеров нека не го отвараат интераши :rofl:
    [​IMG]

    Е така, ајде доста офтопици, ќе не избришат кај и да е.
    Со среќа нека ни е Спарксице, Џули и останати росонерки утре со Болоња, не би требало проблем да имаме. Се читаме вечер/утре со впечатоци од Ел Класико ;)
     
    На JuLleE, Hiii, PetraPanka3 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мислиш на тоа кога го беа фатиле обезбедувањето или тренерите на клубот не знам кој беше а тој пцуеше по судијата? :tmi:
    Е тоа беше жално за гледање,јас иако фан на Манчестер бев тој натпревар за Челзи.
    Кој сака нека каже,дали играле убаво или не Барселона во последно време имаат помош и тоа се гледа од Марс.Човек и да ги симпатизира Барса на крај ке ги замрази од две причини:

    1:Заради судиската помош
    2:Заради нивните фанови
    *кога ги освоија 6те титули почнаа да се лигават како биле најјаки,како сите можеле да ги победат |( а Меси го направија Господ а не е толку јак како што го прават бидејки тој е тоа денес благодарение на Чави и Иниеста.Кога сме веке кај Чави и Меси заедно со Роналдо се борат за златната топка и ако овој пат ја освои Меси јас јавно кажувам дека нема повеке да гледам фудбал.Повеке ја заслужува Чави отколку било кој друг.

    Ама за тоа друг пат.
    Вечерва пак ке кажам не само што ке навивам за Реал туку и се надевам дека на крај ке ја освојат титулата.Барселона се веке здодевни за гледање :fubar:
     
    На creshicka, Blanca, BlackSwan5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Ќе си навивам за Реал , не оти се поквалитетни , туку зашто се добри муштерии на манчестер јунајтет 8)

    ГГМЈ :P
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    РЕАЛ МАДРИД !!!!!! :l:
    Очекувам Валдез едно 3 пати да си ја вади топката од голот. Кејфски така. :wasntme:
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.