Спојлер има некој шо ќе навива вечер за Барселона, или сама сум? добро сега, немојте одма да ме нападнете! само навивам за подобрите
Еве ме и мене со ново аватарче . Очекувам вечер победа,очекувам Барса конечно да биде поразена и немоќна,очекувам минимум 3 гола од Реал...ах кој ќе чека до вечер. Hala Madrid
Твити..мор,јас сум ти еден страсен навивач за БАРСА.. Ах,се чека вечер.. Братучед ми за Реал,јас за Барса абе предуви летат.. И нормално ќе се вечерва..
Ќе го признаам поразот доколку изгуби Барса. Да не изгубите ниту една утакмица е навистина успех! Ама секако, каков навивач би била ако навивам за Барса само во победа, зар не? Ќе биде тесно! Се читаме вечервааа!!! http://www.youtube.com/watch?v=8b8cGhxhAsY
Јас,јас не си сама .Дури и сонував дека победиле.Плус пишав ливче се надевам да фатам,инаку сум мноооогу добар прогнозер
^Се се ама досега го немав видено ова.. Таква нечовечност.. едноствано i'm speechless! Shame on you Pepe,shame on you! Го срамиш Реал..!
http://www.youtube.com/watch?v=agEr41SA ... r_embedded Кога можеле толку пати да ги победат, можат и вечерва. Верувам во Барселона и Пеп. А за другите - ако ви помага бар полесно да ги прифатите поразите, тешете се со судиите.
Дека Пепе испадна најголемо животно по ваквиот старт е неспорно и никој не го оправдува. Ниту еден навивач на Реал го нема оправдано потегот на Пепе. Пепе беше санкциониран со незнам точно колку време суспензија, мислам година дена. Посетувал и психијатар и што ти знам ја таму, битно сега е ок човекот, нема испади. И се тоа е ок, ама да седне некој и да ми ја негира глумата на Барса за фаул што не е направен ни над играч на Барса, а цел свет збори за театарот наречен Барселона, ми е повеќе од смешно. На ју туб само ќе најдеш повеќе клипчиња за глумењето на Барса отколку за нивната добра игра. Вратете се неколку страни наназад, Блек Свон имаше постирано едн многу добро клипче за циркузот на некој од играчите на Барса. Ако гледаме наназад, тогаш не би рекла дека Барса толку многу пати го победувала Реал. Прогуглајте и ќе го видите соодносот во победи и порази, само немојте да се изненадите од некои порази на Барса од 11-1, 7-2, 5-0 и сл.
Eпа не е секој ден Велигден ако претходните натпревари победувале не значи дека и сега ке победат... је је је победија Манчестер Ј.Ми го направија денот.По два гола Нани и Руни. Се надевам во Понеделник дека Сити ке киксне. Ајде народе уште само 4 часа до Ел Класико едвај чекам.
Дали Мадрид навистина успешно се опоравил, фудбалската јавност ќе види вечерва со почеток во 22 часот, кога на Сантјаго Бернабе почнува најголемото фудбалско дерби на планетата, следено од милиони гледачи низ целиот свет. E богами,ќе падне крв вечерва. Tуку,се сеќавате на она 5:0..
Јас и дечко ми навиваме за различни тимови, само што јас сум постраствен навивач, а он не се баш замара односно не се кара де . За моја голема среќа навива за Ливерпул и Барселона. Ливерпул му е прв тим, Барса втора. Среќа што он Калчото не го сака баш, и како мал бил за Милан, па повеќе го вари од Интер. И кога Пандев играше за него, пак ги плукаше . Тука се погодувавме. Арно ама јас од англиските ги сакам Челзи, а он ти е фан на Ливерпул . Но нема кавги овде, ама кога играа Милан и Ливерпул финале вториот пат, не се стоеше до нас. Среќа Милан победи . Исто кога играше сега со Барса, ама не се бунеше многу, виде и самиот што се деси. И јас порано кога се играше Ел Класико, помили ми беа Брселона, исто како што ми се Челзи мили во Англија. Ама после оваа со Милан е во срце ме боцнаа. Истото се деси и со Челзи. Срамота, не личи за ваков тим, а колку ги само почитував. Штета би рекла, Барса играше атрактивен фудбал, мерак да ти е да гледаш. Се надевам вечер ќе има добар фудбал, јас ќе сум неутрална, ги играв на ливече gg 3+, ама друга ме зезна, така да нека победи најдобриот. Вечер за прв пат не сум за Барса. Ќе видат тие, они така на Милан .