Не навивам ни за едните, ни за другите. Ама гледам сите зборувате за тоа. Па ај да си го кажам и јас мојот вечерашен "фаворит".. Реал Мадрид
Вечерва Реал и Барса мора да ми донесат пари, ќе ги играм сингл на голови, не за џабе ги трпам сите на фб со статуси за Ел класико . Колку се само поетични, какви песни се пишуваат . Барем да ми се исплате, а и поинтересно е со ливче. Плус 2 дена левата рака ме чеша . Се чека 22 часот .
Специјал за Пеликуна посилно е од мене не се лути за ремет е и за мајтап е и за срамота е !!! На Евра му е срам да игра во ЛЕ, Ферги разочаран Елиминацијата од ЛШ предизвика општо разочарување во таборот на Манчестер Јунајтед, а по се изгледа овој пораз најтешко му падна на дефанзивецот Патрис Евра. „Чувството е ужасно. Срамота е Манчестер Јунајтед за заврши во Лига Европа. Јас играм за Јунјатед за да настапувам во Лига на шампиони. Некои играчи се задоволуваат со тоа што играат за овој клуб во било кое натпреварување, но јас не“, огорчено изјави Евра. Фергусон после натпреварот иако видно разочаран проба да ги охрабри младите играчи и им посочи дека ова треба да биде мотивација за иден успех. „Секако дека сме разочарани. Не можете да се чувствувате поинаку. Ова е дел од фудбалот. Потребно е да се справите со овие разочарувања, и клубот многу пати го користел ова како мотивација“, изјави Фергусон по натпреварот и додаде: „Овие млади фудбалери вечерва ќе бидат разочарани, но потребно е да го надминат тоа и да продолжат со своите кариери. Нашите резултати во последните неколку години беа извонредни. Ова е наша загуба, бидејќи ова е најдоброто натпреварување во светот, се работи за прекрасно натпреварување“, заклучи искусниот стартег. Фергусон потоа влезе во конфликт со некогашниот фудбалер на ’црвените ѓаволи’ за сега ТВ коментатор, Рои Кин, кој изјави дека овие млади момчиња кои сега играат во клубот се далеку од квалитетите на Манчестер Јунајтед. „Не знам зошто воопшто некој ги слуша зборовите на телевизиските критичари! Јунајтед има доволно квалитетни фудбалери во кои има доверба. Доживеавме пораз и понекогаш едноставно морате да го примите разочарувањето“, бесно одговори Ферги. Ми мириса на реми .... ај донт ноу вај . Натпревар кој го подели светот! Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ пред светот е новото 163-то издание „Ел Класико“, дуелот на двете најмоќни, најатрактивни, најдобри екипи на планетава. Натпревар кој го подели светот на два табора, натпревар во кој навивачкото лудило не оди од врата на врата, туку од континент на континент. На Сантијаго Бернабеу во Мадрид ќе излезат 22 фудбалери кои годишно заработуваат преку 200 милиони евра, од кои 14 се светски шампиони. Директниот ТВ пренос ќе го следат повеќе од 50 земји во светот, а се очекува преку ТВ екраните да го гледаат преку 500 милиони луѓе во светот. За ова ’фудбалско лудило’ картите достигнаа цела и до 7.000 евра. Реал Мадрид и Барселона досега одиграле 162 првенствени дерби дуели при што традицијата е на страната на ’кралскиот’ клуб кој забележал 69 победи, наспроти 63 победи на каталонците, со 31 реми и гол разлика 267:252. Уште поубедлив биланс ’кралскиот’ клуб има на свој терен: 50 победи, 15 нерешени и 16 порази. Кога би ги собрале сите натпреварувачки дуели на вечните шпански ривали би дошле до бројка од 2 15 дерби натпревари, а Реал Мадрид има минимално водство - 86:84. Мурињо против Гвардиола Овој натпревар е и дуел на двајцата најдобри тренери на денешницата. Два различни стила, две дијаметрално спротивни разбирања на фудбалот, но дефинитивно двајца тренери кои ја одбележаа последната деценија. Мурињо, кој своевремено работеше во Барселона како преведувач на Боби Робсон за стотина евра неделно, познат по капутот на Армани, хартиите и пенкалото во раката, секогаш е подготвен да завојува со секого, почнувајќи од судиите, противничките фудбалери, новинарите, па дури до претседателот на УЕФА, Мишел Платини. Но, зад него стојат резултатите: освојуваше титули во Португалија, Англија и Италија, триумфираше во Лигата на шампионите со Порто и Интер, а згора на се е и најплатен тренер на планетата. На другата страна, поранешниот шпански репрезентативец и капитен на Барселона, по само една тренерска сезона на кормилото на клупската филијала, на клупата на Каталонците потполно неочекувано седна летото во 2008 година и за три години освои исто толку шампионски титули, две титули во Лигата на шампионите, а во првата сезона постави рекорд за паметење: со Барселона ги освои сите шест круни!? Факти за Ел Класико -Осум пати Ел Класико се играл во декември. Реал победил дури шест пати -Првиот „Ел Класико“ одигран е на 13. Мај 1902 во Мадрид: Барселона славеше со 3:1. 15 победи по ред има Реал во сите натпреварувања пред дуелот со Барса -23 години Реал не успеал да направи пресврт, откако губел - Во седумте последни години правило е кој ќе го добие првото Ел Класико, ќе ја освои и титулата -24 години минаа од последното Ел Класико кое заврши 0:0 -5 пати Гвардиола ја водеше Барселона на Бернабеу. Се уште не изгубил -600-тиот натпревар во дресот на Барселона, Чави ќе го одигра токму против најголемиот ривал -53 часа одмор имаа играчите на Барселона пред последниот тренинг пред двобојот со Реал
Излегоа и официјалните состави и малку сум разочарана од изборот на Мурињо Дај Боже само да не му се удри од глава ваквата формација Еве ја стартната единаесетка на Реал И да се надеваме дека до крајот ќе останат есинаесетмина Casillas; Coentrao, Pepe, Ramos, Marcelo; Lass, Alonso; Di Maria, Özil, Ronaldo; Benzema
Имам трема како првооделенче на приредба. Цел свет го чека овој натпревар, сите спортски интернет страни пишуваат за него. Важно е судиите да судат правилно, без притисок и да не бидат наклонети кон одреден тим. Нека победи подобриот. Едит: Барса без Виља? Оуу јеа.
Ајдеееееееееееееееее Хахахахахаха Ајдеееееееееееееееее Ајде Фарселонци еве ве без судии на почеток. Ај, нека ви е
Дечки и девојки, јас сум доста толерантна. Немојте да ме натерате да почнам да бришам постови поради спам. : ) Знам дека се радувате. И јас исто! Hala Madrid! Μοра да ги исплескаме денес!
Задоволна сум од првото полувреме, од играта, од резултатот не многу. Добра игра на Реал, многу шанси, ама и многу грешки, кои знаев дека на крај ќе бидат казнети со гол. Многу добра партија на Бензема , Роналдо многу слаб потпросечен. Ајде сега во второ малку посмирено да изиграат и на крај да славиме победа. ЕДИТ - судијата досега е ок, само мала замерка за стартот на Меси над Алонсо требаше да биде санкциониран,ама тоа би значело и црвен за Меси така да се надевав дека нема да покаже картон
Добро е што не добив инфаркт Меси бре Меси ми ја поврати душата добро и Санчес но Меси беше главниот виновник Спојлер За мрчење и напагање после
MOЖЕ ЛИ ДА ПРЕКИНАТ ОВА РЕКЛАМИТЕ НА АЛФА? И едно нешто.Да беше Пепе на местото на Меси до сега илјада пати ке добиеше црвен картон.И не ми се верува дека Барса постојано пага и им судат слободни удари.Фудбалерите на Реал илјада пати ги изгазија а само 2-3 слободни удари. Јипи зошто бе на Реал?Барса се тие кои мораат да добијат картон
Овој па татко ми, да не кажувам за кој играч, да не се навреди некоја, ама коментарот: Види го, ќе падне на земја и готово - ја умре! (со акцент на Е, и некоја гримаса од 100 милиони $ додека го кажува ова). Овај... јас не навивам посебно за никој тим. Ама... сметам дека тренерите на двете екипи се страшно секси.