Реал кога играат со Барса мислеш нозете им се пресекуваат. Оваа сезона се одлични, но вечерва како да не е тоа Реал. А на мене ми фалат голови... едит: Аман Старбакс и сега ли глумат Барса? Не ве бива во второ полувреме, се изгубивте, Барса е подобра. Колку сакаш ти негирај и не признавај. Не ме и чуди. Глумците се очигледно вечерва подобри!
Вечер баш коректен натпревар беше ни црвен ни пенали ни ништо едноставно во минатото Реал биле супериорна сила ама сега против Барса се дупки .... со оглед дека во минатите 10 ел класика има само 1 победа... и одма сега глумци .... признај пораз биди и ти коректен навивач
Леле на фб фрчат статуси ццц. Од едншка сите за Барселона бреееееееј..... Барселона имаа лош почеток но се оправија каде каде Очи плакнам моментално... Иако сум за Барселона, очи ми отпаднаа по и Роналдо и по Касиљас.. ЧЕСТИТО ПОБЕД ШАМПИОНИ
Зборам за отсекогаш JuLleE , за сега не, врати се неколку страни погледни ги видеата и ќе ги видеш колку глумат. Еднаш глумец, засекогаш глумец. И никој нема да ме убеди во спротивното. И одма сакаат да се тепат, ги гледаш, не им е прв пат. Не можам да бидат коректна. СЕУШТЕ СМЕ НА ВРВОТ! Со 15 победи по ред.
За кавга треба двајца. Не велам дека Барса не глумела, ама не секогаш. Вечерва посебно не. А ти нејќеш да признаеш дека вечерва беа подобри. Цело време, вие навивачите се вадете дека Барса тепа со помош на судиите и глумењето. Еве докажаа дека можат и без тоа да ве победат. Подобри се од Реал, барем што се однесува во меѓусебните натпревари. И мене ме изнервираа кога играа со Милан, ама ете кажувам дека се еден од најдобриот тимови во светот, ако и не најдобри. За Меси не ни коментирам.
Барса дека се глумци тоа е неспорно, НО на оваа утакмица немаше ни глума ни ништо. Барса многу често е форсирана од судии, ама на овој натпревар не беше. Судијата сосема коректен, со минимални грешки, но коректен. Е сега за Реал, прво полувреме многу добро. Многу шанси, но за жал и многу грешки и промашувања. Бензема, Ди Марија и Ласана Диара Роналдо А кога шансите не се искористени, следува гол на спротивната страна за да ги освести малку. И токму тука мислам дека е проблемот на Реал. Играчите на Реал имаат некој психолошки проблем кога ќе примат гол од Барса и се губат, ама ептен се губат. Вториот гол на Барса, несреќно примен, ама јебига. Се на се, не сум задоволна од резултатот, ни пак од играта во второ полувреме, ме нервира што никад ама баш никад не успеваат да се вратат од негатива. Изгледа дека им паѓа самодовербата и незнаат кај да тераат. И како капак на сето ова е тоа што немаа среќа. Не ги посака топката овој пат. Единствено што ме теши е тоа што пак Реал има предност на табелата(фиктивна де), ама сепак предност. Епа каталонци честита победа, сосема заслужена
Со тешко срце морам да признаам дека е така . Со толку шанси и пази чисти шанси можеа да ги водат 10-3 но не.Мораше да промашат чисти голови,да си дават автоголови и да дремат додека Барса се во напад. Не играа лошо но со Барса треба повеќе,многу повеќе.Многу сум разочарана но тоа е .
Честито нека им е победата, заслужена беше. Овојпат нема муабет, сите одлуки на судијата си беа на место. Роналдо промаши многу шанси, трема имаа многу од Реал играчиве. Пепе да сум јас некој фактор во фудбал има да го суспендирам доживотно, значи онакво животно не сум видела. Убав беше на Фабрегас голот, чисто си беше се. И второво полувреме беше интересно, не беше досаден фудбал туку имаше акции на двете страни. Валдес згреши многупати, штета што тоа од Реал само еднаш го искористија. Чави е одличен, Иниеста и тој, како игра алал да му е. Од кај Реал Ди Марија ме остави без зборови, и за него огромно браво. Роналдо преслабо, Озил преслабо, Бензема преслабо. Од кај Барса вечерва Алвеш посебно се истакна. И тоа, чича мича готова је прича, уште еднаш честитки за сите фанови на Барса. А и за сите навивачи од Реал, убаво второ полувреме, не заостанувавте иако резултатски бевте во -2.
Пфф не ни ја признавале победата само тешете се вие.И да задоволни среќни,пресреќни како и секогаш. И како за крај бидејки темата сакам да прашам е заклучена ќе си дозволам овде да прашам ДО КОГА БАРСЕЛОНА ЌЕ ГИ УЧИ РЕАЛ ЗАДРИД КАКО СЕ ИГРА ФУДБАЛ?
Старбакс на мене не може и да ми се дигне, оти јас не ни навивам за Барса. Јас сакав само голови, за да фатам, ама ништо. Секоја чест за Боа и Блексвон, учи од нив како се признава пораз. Девојки вие сте исклучок изгледа од навивачите на Реал, останатите водат војна на фб, добро што дуелите не се очи во очи, инаку крв ќе падне .
Ма не ми беше важно кој ќе победи денес! Важно паднаа повеќе од 3 гола, а со тоа си го скршив и обложувачкиот малер!
Па јас знам дека не си за Барса, не ти е наменето тебе. Признавам пораз да, ама многу ги мразам овие , од кога ги гледав видеата уште повеќе дознав какви гадови се. Не можам , посилно од мене е, колку и да се трудам да не ги мразам и да ги гледам работите во моментот такви какви што се, не можам. И сите други останати противници на Реал без разлика дали губиле или победиле, ги почитувам и признавам ако се посилни или послаби и им ги признавам грешките, ама овие не ги можам едноставно, не ги можам. Ги мразам. Баш поради овоа, тие не не’ почитуваат нас, како јас нив да ги почитувам.
Добар фудбал. Искрено, првиот и третиот гол на Барселона ептен ми се допаднаа, особено третиот! Навивам за Реал цел живот и жал ми е што изгуби, ме нервира да читам на секој статус “У Реал, не знаат да играат фудбал..“ и триста други глупости... Во секој случај, очекувањата исполнети, 4 гола видовме, акции, грешки... Честита нека им е победата!
Е Хај не можам а да не ти го прокоментирам навредливото Задрид. Па нема потреба од толку навредување.Не беше овој лут натпревар како последните Ел Класико мечови,па сега да се колеме на темата. Но ајде ќе ти го простам на крајот од сезоната кога Реал ќе земе титула .
Прво мислам дека 90 минути да играш пресинг е невозможна мисија , што се и покажа ... Реал си имаше шанси , но шансите не го прават резултатот, за разлика од нив Барса си беше конкретна ... а и голот на Реал беше поклон од Валдез . Штета што Роналдо не се забележува на големи утакмици . Единствена разлика од претходните дуели е што немаше црвени картони, победниците се истите. Сепак првенството е долго, Ноу Камп е шанса за поправен испит ... Поздрав до навивачите и на двете екипи , и честитки за подобрите .