^ Не слави предвреме, сепак противникот е Севиља, и често за Реал и Барса се покажал како ненадминлива пречка. А инаку, вчера Меси требаше да добие втор жолт непосредно пред крај на полувремето. Прегруб прекршок над Чави Алонсо, кратко и јасно. А токму Барселона е таа која најгласно зборува за заштита на појаките и поизложени играчи.
Па добро знам дека играат со Севиља, ама кога ќе ја погледнеш табелата, точно е дека Барса има 37 бода исто како и Реал, ама и еден натпревар повеќе од сите останати, така да може да се каже дека Реал е во предност, па макар и бод да извади со Севиља, мада ја најискрено се надевам на победа, пред се ради формата на Севиља годинава. Како и да е останува да видиме што ќе биде
Абе и да тепа против Севиља , незначи дека до следното Ел Класико биде перфектно Минатата година дома од Спортинг изгубија 0-1 па и тоа придонесе до титула за Барса Сите 23 утакмици се важни и немора да значат по 3 поена , негде ќе биде 1 негде 0 сигурно Него ако вака на сила играат Милан пак , тешко дека воопшто ќе бидеме 2ро место а не пак прво
и те како најт требаше меси да добие втор жолт а да незаборавиме дека имаше и неколку груби стартови врз мадристиве шо не беа санкционирани додека овие од барса само ако беа пипнати одма се судеше фаул и да ептен за нив судат судиите али ако осеќам годинава дека ни они нема да им помогнат за да освојат нешо. не се непобедливи како порано
Можеби тимот на Барса е нешто послаб од тоа што беше, да. Ама Меси сеуште е способен да им се пикне меѓу нозе што се вика сосе топка и да даде гол. Само он понекогаш игра како што би играл цел еден тим
Ама вчера многу не се виде ни Меси. Освен една добра асистенција, друго не видовме. А и уште нешто што многу почна да ме нервира, е се поарогантното однесување на Меси. Не беше таков порано, ама еве славата си го прави своето и полека и тој станува се поарогантен и поарогантен. Инаку за стартот на Меси, да беше за жолт, што би значело и црвен, ама наискрено не се надевав ни оекував дека ќе му покажат. Да беше друг играч, можеби, а вака не. Како и да е, немам замерки за судењето,освен за таа грешка и за еден слободен за фаул над Роналдо, ама вакво судење е ок, се трпи. Имало многу полоши судења на мечовите меѓу Реал и Барса, така да ова е ок Реално од Барса вчера најдобар беше Иниеста и мислам дека баш Иниеста е човекот за големи натпревари. Тука би го додала и Пујол.
Потполно се согласувам за оваа со Иниеста и Пујол.И двајцата синоќа одиграа прекрасно,искуството си го прави своето не само синоќа... А Меси дефинитивно е ракета но не може се на него да се чека.Како и секој човек и тој избувнува и се нервира, не е тоа шала... Кога сме кај сликичките мене оваа ми е закон
Реал изгубија, да да свативме сите, и си го прифакаме поразот, излезе баш како што на дечко ми му пишаа мејл од белгија дека е наместена x-2 и 4+. Колку е ова вистина не знам. Како и да е Реал се сеуште најбољи за мене и не се барса баш голем фактор како што ја форсираат, за толку да се става на памет еден пораз. Барса изгуби од гетафе шкљ екипа па никому ништа. Како и да е цел живот сум фан на Реал па нема поради ова да ги откажам
Е колку ли ме нервираат деца кои поим немаат кој е Барса кој е Реал после натпревар да ми пишуваат статуси од типот. Barsa ♥ Za Barsa ziveam Za Barsa ke umram Real - Barsa 1-3 pa toooo Barcelona Messi ♥ А уствари од кога почнаа да навиват за Барса??? Па најнормално од вчера кога ги победија Реал .А да ги прашаш во какви дресови се Барса нема да знаат. Но тоа е.Мора да се пише статус,разбирал се-не се разбирал од фудбал. Се нервирам што веќе неколку Ел Класико мечови сме поразени од Барселона,се нервирам што не искористивме толку многу шанси.Но верните навивачи се секогаш со Реал Мадрид. И кога губат,и кога победуваат.
Абе ќе славиме оваа година дали во Ла Лига,дали во Лига на Шампиони. Оваа година не остануваме без титула .
1-1 има уште многу време ама јас велам дека Челзи ќе победат Спојлер Се што почнува со Манчестер не сакам
Па веќе имате во супер купот оваа сезона сега и во светскиот куп највероватно и купот на Шпанија .... претпоставка и Ла лига А лш редно време е Милан да земе Челзи ќе се спасат.... ТОРЕС ќе даде гол