Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Aу, не, што ќе ви е? Неговата игра воопшто не прилега на тим како Реал, ќе биде само залудно трошење пари! :!:

    Навистина? Ниеден играч не е над клубот, барем за вистинските навивачи =).
    И кажи дека потајно навиваш за Милан друже, чиста сметкa. :lol:


    А, и да, ајт наздравје со Давид Виља... :x
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Жално за Давид Виља :( Му посакувам што побрзо опоравување.

    http://www.youtube.com/watch?v=kiFebxoA ... r_embedded
    Инаку се шпекулира дека станува збор за скршеница на левата нога и најверојатно отсуство цела сезона, а може и европското првенство :(
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Кавани да е паметен ко мене па да си дојде во Челзи ... Ајт н и се зезна работа за Фалкао и за Нејмар и Серхио Агуеро леле колку само го бркавме човечево и одбра Шити :fubar: . Кавани за нас би бил идеален и така АВБ почнува некој нов стил на игра кај што идеално би се вклопил брз е а како што се приметива Челзи се подмладува се фура некоја брза игра се шиткаат старите . Ама не знам баш Наполи дали ќе го даде , и да го даде ќе го оцаринат баш баш . Што пак не ми се верува зошто Кавани го држи Наполи .

    Еве зошто Пато е во комбинација за Челзи
    Милан со последна понуда за Тевез
    Раководството на Милан не сака да влегува во трансфер војна за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез.
    Италијанскиот шампион размислува да прати последна понуда за играчот со која би го зела под наем до крајот на сезоната, со опција за откуп на неговиот договор после тоа.

    Доколку овој предлог не биде прифатен, или пак друк претендент потпише со аргентинецот, ПСЖ е во игра, или испрати подобра понуда, италијанците ќе се повлечат од наддавањето.
    „Ова е последната понуда за Тевез. Доколку од ПСЖ пратат подобар предлог, ние не размислуваме да продолжиме со војната“, отсече вице-претседателот на Росоњерите, Адриано Галијани.
    Раководството на Милан веќе постигна договор со самиот играч за негово преминување на Сан Сиро но сеуште не можат да најдат заеднички јазик со управата на Сити.

    Виља ќе го дадат ем не е во форма а Барса не допрела до него . Па и повредава Барса не е Челзи ни Реал.


    Е Алегри беее :rofl: Каков газда таков клуб :D

    Нов секс скандал во Милан

    Нов секс-скандал во тренинг кампот на италијанскиот шампион Милан, овој пат не станува збор за претседателот Силвио Берлускони, туку за тренерот Масимилијано Алегри.

    44-годишниот Алегри пред извесно време гостуваше во популарното локално тв-шоу каде што категорично ги демантираше гласините дека ја изневерува мајката на својот едномесечен син.

    „Размислувам само за памперсите на својот едномесечен син како и за мојата животна сопатничка Клаудија“, отсечно одговори тренерот.

    Сепак, папараците на списанието Оги го уловиле Алегри во доста интимен кадар со 27-годишната секс-бомба Глорија Патрици, која пред две години имаше фото-сесија за Плејбој.

    И да Јипи не ја Лажи Julie нели беше за Милан :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Да де навивам јас за Милан


    но како главен клуб ми е Астон Вила

    Простено му е на Алегри :lol:
     
  6. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Што ќе ви е :o Ме изнасмеја :rofl: Мене воопшто не ми треба не сум јас за Реал.Туку ја видов информацијата и ја споделив.Мурињо има вишок пари па не знае каде да ги троши.

    Туку ептен ми е жал за Виља :( Без коментар сум.Дефинитиво нема да може да игра на Евро 2012 :worried:
    Сакам да си го земаме Торес на негово место :lol: :lol:
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па нели за Ван Перси се збореше дека ќе го купуваат,сега и Кавани.Во секој случај мислам дека Ван Перси би се вклопил подобро во Реал отколку Кавани.


    А за Виља и мене ми е многу жал.Јес да ми беше антипатичен и арогантен но добар фудбалер е и повеќе од Меси е заслужен за успехот на Барса-Фарса.
     
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Челзи ништо нема да купат

    ќе купат гума да си го избришат името од премиер лига
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.333
    Допаѓања:
    259.616
    Нема сеуште точни информации за Пато, така да доста со шпекулации, ќе ве молам :!: :D .
    Инаку Ноче се враќа против Сиена, Фламини и Гатузо во јануари.
    Силва останува до 2020 во Милан http://www.mk-acmilan.com/index.php?opt ... 4&Itemid=2
    Можно е Милан во 2012-13 со нови дресови :)
    http://www.mk-acmilan.com/index.php?opt ... 4&Itemid=2

    Болни се заминувањата на играчи кои се омилени како Кака и евентуално Пато, ама сепак тоа е тоа, играчите доаѓаат и си заминуваат, некои ги продаваат, некои се пензионират.
    Сепак или навиваш за клуб или за фудбалер.
    И да го продадат Пато, сигурно дека нема да се откажаат навивачите од Милан, ама сепак нема да го продадат :) . Ќе видите, во право сум, зетот не го даваат, сигурно :lol:
    Челзи нека си бара друг ;) .

    Јипи така кажи, јас намерно те прашав, знам дека си и за Астон Вила, ама знам дека го сакаш и Милан.
    Се препознаваат росоњерите ;) .

    Челзи не знам што ќе прават, Дрогба си оде, Анелка исто. Со Торес ли ќе играат само, а ако го продадат и него само Лампард ќе остане :) .
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.333
    Допаѓања:
    259.616
    Денес му е роденден на Милан, полни 112 години, пишав и во темата ама да ве почастам овде со торта
    Да ни се множат, оваа година со две титули да се закитиме :)
    На здравје :beer:

    занемарете го името врз тортата, немаше друга, а сакав да ве почастам со торта со логото на милан
     

    Прикачени фајлови:

    • AC-Milan.jpg
      AC-Milan.jpg
      Големина на фајлот:
      111,6 KB
      Прегледи:
      79
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ждрепките се завршени.Интересни дуели има :D

    http://www.time.mk/read/c792638592/8387 ... index.html
    Челси со Наполи
    Милан со Арсенал
    Баер-Барса
    Марсеј со Интер
    се дел од интересните дуели во Лш

    а во лига Европа Јунајтед го доби Ајакс...ајде да видеме што ке се случи оваа сезона.
     
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.333
    Допаѓања:
    259.616
    Што убаво, Милан ќе игра со Арсенал, додека Барса ќе игра со Баер Л, а Реал со ЦСКА, па реално и немаат јаки противници, и без голема мака ќе одат понатаму.
    Е оваа е среќа.
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Да бидам искрена сакав на Реал да му се падне малку потежок противник.Лесно е со овие,се знае од напред дека ќе ги тепат :) .

    Да,најинтересен меч ќе биде помеѓу Милан и Арсенал.Типувам на Арсенал.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Не бе Наполиииии! :swear: :swear:
    Уште Пандев гол да даде и да земам да се самозапалам.
     
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.333
    Допаѓања:
    259.616
    Не би рекла, англиските тимови не можат да се носат баш со итлијанските, бидејќи играат различен тип на фудбал.
    Сети се само Мначестер Ј со Интер.
    Сепак Милан треба да се одмазди за оние 2-0 на Арсенал ;)
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сега не дека сум сигурна дека Арсенал ќе победи,ќе биде возбудлив и непредвидлив меч во секој случај но на мене лично не ми се баш по ќеф Милан.А Арсенал си ги многу почитувам,од Премиер лигата со Челзи ми се омилени екипи па затоа се надевам дека тие ќе победат но ќе видиме :) .
     
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Баерн со Басел. Победата е тука! :) :)
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Мој тип

    Милан , Барса , Наполи , Баерн , Реал , Лион , Бенфика и Марсеј идат понатаму

    Поточно


    Милан - Реал
    Барса- Бенфика
    Наполи - Баерн
    Марсеј - Лион
     
  20. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Не ми се исполни желбата да паднеме со Барселона :( да им вратиме за тогаш ]:) тој натпревар да го гледам на Стемфорд Бриџ би дала се што имам !!!

    Имаме во најмала рака незгоден противник кој знае да биде опасен ама типувам на победа не само навивачки туку убедена сум дека ќе ги поминеме . Реално Наполи не може да се носи со Челзи , мислам Челзи си е Челзи 8) . Поискусни , поквалитетен фудбал . Ќе го искористиме тоа . Останативе горе доле се знае Милан ќе го помине Титаник .Барселона и Реал такоџе . Лион , бенфика , Баерн само изненадување е можно со Интер ...

    Еее дојдов до момент да го пцујам Пандев :lol: . Ако ни даде гол автограмот што ми го даде ќе го изедам :D