На статијава не и е местото во оваа тема, ама сепак се работи за фудбал, затоа ќе ја постирам тука: ''Македонските таленти во Реал и Барса Давид Бабунски е еден од најталентираните фудбалери во јуниорската школа на Барселона, пишува шпанскиот весник Мундо Депортиво. Давид е роден во Скопје на 1. Март 1994. година, тој ги направи првите фудбалски чекори во каталонскиот Граманет и има играно за селекцијата на Каталонија до 12 години во шампионатот на Шпанија. Тој одиграл фантастичен турнир каде што бил забележан од страна на каталонските клубови. Сепак немал среќа, заработил фрактура на ногата во последниот натпревар, но покрај тоа Барса и Еспањол биле многу заинтересирани за него. Младиот Давид без никакво колебање ја избрал Барселона. Постепено ја добивал довербата на тренерскиот штаб кај јуниорите во Барса предводен од Оскар Гарсија па дури играл неколку натпревари за поголемите. Бабунски е играч за врска со многу добра техничка поткованост и завидна дисциплина при играта. Давид одбра да игра за Македонија каде што се надеваме дека наскоро ќе добие и повик од Џон Тошак. Интересен е фактот што помалиот брат на Давид, Дориан е дел од јуниорскиот погон на големиот ривал Реал Мадрид. Дориан е роден на 29. Август 1996. година и игра како централен напаѓач. Малиот премина на Валдебебас минатото лето после блескавите партии во Корнеија. Дориан не се поколебал да ја прифати понудата на Белите бидејќи од татко си знае дека такви шанси се добиваат еднаш во животот. Татко на двајцата е Бобан Бабунски, прославениот македонски фудбалски репрезентативец, моментално селектор на Младата македонска репрезентација. Според Мундо Депортиво, Давид се наоѓа во листата на најдобри надежи во светот на фудбалот, додека помалиот брат засега останува во сенката на својот брат.'' Извор - http://www.fakulteti.mk/news/11-12-17/m ... barsa.aspx Браво за дечкиве!
Се појави инфорамции дека можно е Манчестер Јунајтед да бидат вратени во лига на шампиони бидеејќи можно е сите швајцарски тимови да добијат забрана за настап во Европа со што Базел би испаднале. Глупости или не останува да видиме
Еве го Роналдо. 1:0 за Реал Мадрид. http://www.youtube.com/watch?v=OM1wwSKZ ... ture=share Одбраната на Касиљас
Затоа што правиле нелегални трансфери и уште многу работи кои не требало па требало да платат казната ама чисто се сомневам дека ке ги вратат Манчестер Ј. и дека Базел ке плати казната.Кај бе,ова им е историски успех на Базел да го елиминира Јунајтед и да не платат?
Ауу извонредни беа против Севиља браво .Ете ваков Реал сакам да гледам а не она претходната недела. Иако Севиља не беше слаб противник успеавме да им дадеме 6 голчиња .Back on the top . П.С. Мислам дека е редно време на играчите на Реал да им дадат признание за екипа со најубави фудбалери,кој од кој поубав . И на Икер му стои поубаво овој дрес.
Касиљас беше извонреден браво за сите... иначе со нетрпение чекав да го видам Кака во црвен дрес, ама мурињо претера
Барса-Сантош 3-0 прво полувреме...ехее..во второ уште некој гол ќе има! А вчера Реал...заслужена победа..честитки до фановите..
And here we are! At the top of the World! Едит ме полудува шпанскиот Пујол срце, што убаво си зборува а јас ќе си рипнам од столот бидејки го разбрав Награда за нај фер екипа, нагдара за Чави-втор најдобар играч,награда за Меси-прв
Е**ти Атлетико Мадрид, ме заебаа, таман се решив да уплатам ливче. Со играч помалку не можеа гол да дадат. Барса победи заслужено, жал ми беше за Сантос, сепак се добри, а на Нејмар што му мислам.. Инаку што сега не зборат против Роналдо, како оној пат кога играа против Барса. Подобар е од Меси моментално, па кој што сака нека зборе. Туф, почнав да го сакам Кики.
Ајде и јас да им честитам победа на Барса . А европски шампион секогаш победува во тоа натпреварување,така да не е ова некое изненадување.
кој бре не зборуваат против Роналдо? Пред некоја минута го гледав оваа http://fejs.mk/?post_type=animacija&p=2447 И фала за честитките!
Hiii тој од анимацијата ми личи повеќе на Бускетс или евентуално Дани Алвеш . Ти го претставувам Кристијано Роналдо http://www.youtube.com/watch?v=rOihywFh ... re=related
Леле овие Барса пак ли да освојат ЛШ .... кај сеа освоија светскиов куп па уште и добија морал за ЛШ Гледам тамо Базел имало проблеми може да испадне и Манчестер наместо него .... ништо неочекувано, знаеме какви се Манчестер и што ќе направат да се вратат у ЛШ... а за честитки за прво место на Реал и Милан патем еве го Кикица
Манчестер воопшто не правел сплетки и никој не им е крив на Базел што правеле недозволени трансфери и други матни работи.Можеа директно да ги елиминираат ама им дадоа шанса да платат казна.Каков удел имаат Јунајтед овде?
Абе какви трансфери , можеа тоа уште напочеток да го прават ама не им текна баш кога испаднаа Јунајтед ќе видиме колку тоа немаат удел ... тоа јавно ти така мислиш п.с Астон губат 0-2 ако ако важно е да се игра за забава не за пари