Awww <3 ПОБЕДА ! ПОБЕДА ! ПОБЕДА ! Не и се радувам толку како на вракањето на мојот идол Сколс. Па и сите легенди на трибини а врвот беше присуството на Бекам во ложата.. WE ARE UNITED,WE DO WHAT WE WANT
Па?Мора секогаш да се факате за судиски одлуки?И онака Сити ги немаше прво полувреме кога се направи разликата.Кој му е крив на Манчини кога го става скршениот Харгривс при крај? На ОТ првиот дуел во домашната лига нам ни исклучија играч сега и нив.Значи фифти фифти Никој не коментира тоа што Коларов требаше црвен да добие за пеналот врз Велбек, затоа што овој имаше чист пат пред себе. Никој не коментира ни тоа што требаше да има пенал и врз Валенсија, пак од Коларов
Слабо коментари за натпреварот на Барселона кој што е во тек..Девојки, момци? Јас за прв пат сум за Барса, ајдеее. Мора да тепаат, инаку ќе ме изгорат, ааа.
Хахахаха Барса изигра нерешено, мада рака на срце морам да признаам дека на крајот имаше чист пенал за Барса поради игра со рака на играч од Еспањол. Како и да е, сеуште сме први на табела, ама сега со 5 бода предност Ај поздрав до навивачите на Барса
Ооооо изгорев! И не малце!!!!!! Сега уште повеќе не ги сакам! ДФАХГХСАГВФСАФАВААААААААА А за пеналот, стварно не беше ферски!!
Што имаше чист пенал имаше но редно е и Барса да осетат на своја кожа како е да се биде обесправен од страна на судиите . И да,многу се радувам на веќе 5-те бода предност ,дај боже се повеќе да се зголемува разликата .А да бидам искрена не очекував дека баш вечерва ќе киксне Барса.Седнав да ја гледам утакмицата нормално со желба Барса да изгуби но откако го дадоа првиот гол мислев дека нема шанси да изгуби или да одигра нерешено.Но кога Еспањол даде гол при крајот,мислам дека повеќе и од навивачите нивни се радував . Соочувство до навивачите на Барса.Они ни се смееа лани кога изгубивме од Алмериа,сега ние ќе им се смееме на нив .
Да де Манчестер тепаа оти се јаки , не оти у 12 минута црвен добија Сити ... тие муабети со другарчињата само .... Барса .....
На почетокот на прво полувреме Еспањол дадоа гол,Валдез од пола гол ја извади топката, а се виде дека беше чист гол, барем јас така мислам. Заслужија да победат Еспањол, многу беа борбени, имаа многу шанси прво полувреме, за второ не знам, не гледав. Многу ќеф ми направи овој натпревар. 5+
Е добро де водите, радувајте се НО ќе дојде ред повторно да играат Барселона-Реал е тогаш ќе ве видам И јаки души сме ние Каталонците Туку ајде гледајте ja церемонијата поручек во 18:00.И колку за потсетување Барселона со две и Реал со една номинација ќе се борат за трофејот "Златна топка" И кога сум веке овде да прекоментирам и за Ливерпул.По тоа што го гледав во средата мислам дека кошмари имама До кај втасаа бре, не ми се верува.
Јас па прво полувреме го пратев на резултати.ком а второ го гледав на телевизија. Е ако им било нечесно поништен гол на Еспањол и те како Барса си заслужуваше да си отиде со ваков резултат.Ај со здравје. Инаку морам да кажам дека сум многу среќна и што Пандев игра во одлична форма во Наполи.Вчера даде еден гол а имаше и неколку шанси .Да му се множат и на него головите.
24 години, што се вели се уште е дете а веќе е цар на фудбалот Па и Гвардиола А фала богу и наградите не беа никакво изненадување,се беше очекувано.
Ииииии фудбалер на годината за 2011 еееее МЕСИ Штета што Кристина не присуствуваше, а баш сакав да видам каков фустан ќе носи
Ова продолжение co муабетот на Шкорипонка Vecerva ke ima izbor za najdobar fudbaler i fudbalerka na svetot za 2011 godina.. kandidati za maskata nagrada se Lionel Messi i Xavi, dodeka za zenskata nagrada konkuriraat: Marta, Cristiano Ronaldo, Homare Sawa i Abby Wambach... ) [mod-kirilica:2ffktaki][/mod-kirilica:2ffktaki]
Кои ги добија наградите? Не гледав. А таква убавина како Роналдо кога ќе застане до Меси ќе го срамне со земјата па затоа не дошол А знаете дека Меси планирал цела кариера да ја помине во Барса?Ако Месичко нем да си отишол на друго место,ако ти ги нема Чави и Иниеста како ќе добиваш вакви награди? И не дај боже да си дал гол за Аргентинската репрезентација,чувај си ги ножињата.
Бре што сте чудни вие навивачите од Реал. Еднаш не признавте дека Меси го бива, а го бива и е еден, ако не и најдобар фудбалер во светот. Сакале, нејќеле така е. А Меси ќе игра во Барса доживотно од други причини. Меси боледувал или како и да се наркува од џуџест раст, ама Барса му помогнала да се излечи или опорави, примал некои скапи инекции кои му помагнале да порасне, па затоа тој им е вечно благодарен и доживотно ќе игра за тимот. Ме мрзеше да барам што, како, точна дијагноза, ама поентата е тоа, ако некој најде или знае точни детали нека пише .