Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фудбалски натпревари

Дискусија во 'Спорт' започната од free, 16 март 2010.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Абе сега :D ...

    Барса редовно си ги плеска Реал ама кај си видел некој фан на било кој клуб Интер,Милан,Манчестер Ј,Челзи да не зборуваат така?
    Секој си верува во својот клуб дека ке освои ама ова иако сум фан на Реал смешно стана :D

    Да не е Пепе мислам дека Реал би успеал повеке,да беше кај Ферги тоа до сега ке леташе илјада пати.

    ЕДИТ :И ДА НЕ ЗАБОРАВАМ ДА ЈА ЧЕСТИТАМ ПОБЕДАТА НА ФАНОВИТЕ НА БАРСА
     
    На Avril.09 и Hiii им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.546
    Допаѓања:
    251.748
    Ќе се самоцетирам!
    Това е това.
    Се чека наредно Ел Класико.
    Можеби тогаш ќе има промени или едно исто сценарио ќе гледаме пак.
    Честитки до навивачите на Барса.
    Заслужено.
    1 у 2, убав тип, честитки ако некој типувал вака и фатил.
    Јас не, и сеа ми мака :doh:
     
    На Smilly и Hiii им се допаѓа ова.
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Го гледавте натпреварот, ја гледавте играта. Нема да коментирам за резултатот. Верував во мојата Барселона. :l:
    Само едно ќе кажам. Пепе веќе не го сметам за никаков фудбалер.
    Го гледам Меси паѓа. Се смири и после пак рипна. Си викам: Добро бе Лео ти ли почна да глумиш?! А оно овој паметниов го нагазнал.
    Ретардирано суштество!!!

    Се зафркававме со другарите во која минута Пепе ќе добие картон. :D И ете.
    Сама бев девојче ама дресот баш ми прилегаше. :$
    Добра утакмица како и да е. :up:
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ајдеееее уште еднаш се покажа дека Ел Класико е на БАРСА!!!! 1:2, на Сантијаго Бернабе, на гости во Мадрид? Во таа ваша Хала Мадрид? Што има полошо од ова во едно Ел Класико, освен поголеми цифри во резултатот, како на примерррр 1:5? :lol: Уште еднаш се докажа дека Реал не може против Барса. Би им рекла чао на играчите на Реал доколку беа во Барселона, на Камп Ноу, но ќе почекам до реваншот за тоа, со полни куфери си одат Каталонците од Мадрид оууууууу јеа! 8)

    А Јуле, јас истото го реков уште на полувреме кога беше 1:0 реков ова ќе биде чист 1-2, и баш така испадна. Убава утакмица, неизвесна, вредна за гледање. Не беше досадна како што си мислев, и покрај фактот што премногу Ел Класико утакмици се играат во последно време.

    VAMOS BARCAAAAAAAAAAAAAAAAAA!!!

    [​IMG]

    Инаку да знаев ќе го гледав на Јанко јади бурек, а ние се мачевме на некоја арапска телевизија онлајн, ама арапскиот коментатор беше врв :D
     
  5. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    :clap: :bow:
     
    На Rozich и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Добро Реал ќе тепате НЕКОГАШ ?
    ДО кога ќе ве дробат бе ? Ова не е работа веќе жими Тери не е :x .

    Што да кажам освен знаев ...

    Заклучок Реал е појак од цела Шпанија ОСВЕН од Барселона . И така и овој пат ги видовме на дело нивните карате способности :tmi: ЧАБИ КОПАШЕЕЕ ! Пепе за него се е кажано приказна за себе си е , ја утнал професијата треба да проба на http://www.ufc.com/ па и фацка има за тоа :wasntme: . Карваљо ужас невиден . Од како ја заеба работата и голот закасни да се постави во налетот на Меси отиде директ на нога . Не за џабе го шитнавме ама ... Карваљо ис Мурињос бич ! :wasntme: :devil: Порто , Челзи , Реал ... Целосна доминација на Каталонците онака како што свикнавме . Снимката од горе кога ја покажаа тоа дриблање , тоа заебавање со Кралевите де :tmi: . Ах бре Мурињоооо кој стигна да те обработува Аби Дал :fubar: . Шта речи со помин нека е ...

    Честитки за фановите на Барса .
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Почнавме добро но понатаму очајна игра :x .Штом еден навивач како мене си го признава тоа,тогаш навистина е така.Пепе како дивјак,не знам што му стана.Добар играч но вечерва само за кикс бокс го биваше.Пасивни во напад,пасивни во одбрана,се на се многу сум разочарана.
    Роналдо,Бензема,Алонсо - само тие ми играа некако добро,другите потфрлија и тоа многу.А и не знам што бара играч од калибарот на Кака на клупа? :^) .Да не испадне дека не си стојам на зборот,честито Барселона :wasntme: (болеше да се каже ова).

    Но не е се завршено.Ако Барса победила во неколку меѓусебни дуели не значи дека е подобра од Реал,на овој натпревар ДА но воопшто НЕ.Иако по којзнае кој пат сум многу разочарана.
    Реал се сака и кога победува,и кога губи.

    И респект за Мурињо за погоре кажаното :clap: .

    Едит.Венди извини вака директно што ќе ти се обратам.Но Челзи е далеку под Реал Мадрид,па никому ништо.
     
    На Rozich и BoaVista им се допаѓа ова.
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Тоа е прав навиваш да го признаеш поразот . Ако биле тапа тапа биле ако има неправда ќе се жалиме ...

    Што се тиче Челзи не реков никаде дека Челзи во моментов е над Реал ? :^) Сакав да кажам дека споредбава боли еве како . Билас Боас вс МУРИЊО . Роналдо вс СТАРИЏ , Давид Луиз вс Серхио Рамос . Ориол Ромеу (земен од б тим на Барса ) вс ЧАВИ АЛОНСО :: Лампард ( 33) вс ОЗИЛ .... итн сеа ме сфаќаш може што ми беше муабетот . Да Челзи е за никаде во моментов признав и кажав , ама барем кај нас нема тим способен фалат играчи ко што може да видите . Ама РЕАЛ ? Со таков тим? Касиљас , Роналдо , Озил , Ди мариа , Алонсо итн да не може 4 години по ред да ја тепа Барселона па и со еден од најаките стратези на планетава ако не и најакиот Мурињо .
    О да да многу е СРАМОТА :drunk:
     
  9. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па не дека никогаш не сме ги победиле.Во купот минатата сезона ги тепавме,и тоа 100 и нешто минути игравме беспрекорно и во одбрана,и во напад.Што значи дека ако се сака се може.

    Како што кажа имаме одлични играчи но на вакви дуели се губат.Ги мрзи да трчат бе,буквално ми изгледа како некој сосила да ги извлекол на терен.Сега што е причината? Дали е некој луд притисок кога се работи за Ел Класико или траумата од 5-те гола на Камп Ноу.Но ова не е Реал кој го знам и кој ги смачкува сите тимови.И тоа не само слабите.Во Лига на Шампиони со Лион,Тотенхем,Милан итн растур прават.А кога ќе се појави Барселона - БЛОКАДА.Не е толку силна,не е вонземјански тим но сепак не успеваме и не супеваме да ги победиме.
    Навивач како навивач ќе ги сакам и ќе навивам за нив и кога како сега ме нервираат но не можам и не можам да разберам кој е проблемот со Ел Класико :^) .
     
  10. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ^

    Ај ќе биде подобро може ќе почекаме ама ... На почеток се ситев на Реал пошо не ми се баш драги мислам забележавте :D ама сега стварно секое Ел Класико е подосадно за нас неутралниве од страна умревме :D .Ај малце да те расположам во случај да не си го видела ова тебе и сите фанови на Реал ...

    Барса ретко губи од Реал, но кога губи и Меси плаче


    Неодамна јавноста имаше можност да ја види фотографијата на која јасно се гледа тагата во соблекувалната на Барселона, но и солзите на најдобриот фудбалер на планетава.

    Во последните неколку години Барселона му го зеде приматот на Реал во шпанската лига. Никоjа друга генерација на Каталонците не ги ставила ’кралевите’ во втор план како оваа на Чави, Меси, Иниеста и останатите.
    Барселона почна постојано да го победува Реал, па дури и во нивниот двор, а Реал тешко доаѓа до славје и покрај генијалците како Мурињо и Роналдо. Во последните 12 „Ел Класика“ Барселона славеше дури 8 пати, 3 пати беше нерешено и само еднаш Реал Мадрид победи.
    Минатата година играчите на Реал победија во Купот на кралот, кој го немаа освоено цели 18 години. Не им беше важен се додека тоа не им стана единствениот излез од каталонската доминација. Односот помеѓу овие два клуба никогаш не бил таков, но сега е.
    Тогаш славеше цел Мадрид како да нивната екипа станала светски шампион. Барса конечно падна, во финалето со голот на Роналдо во продолжението. Од друга страна играчите на Барса тагуваа како да не им се доста многуте трофеи кои ги освоија во последниве неколку години.
    Официјалниот фотограф на Барселона, Мигуел Руиз е заслужен што можеме да видиме колку тоа финале и значело на Барселона. Фотографијата на која Иниеста и Маскерано неутешно седат, а Лео Меси не може да ги задржи солзите, зборува колку овие момци сакале да го победат Реал. :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • 05.01plac1.jpg
      05.01plac1.jpg
      Големина на фајлот:
      71,5 KB
      Прегледи:
      109
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ајт да дадам и ја една анализа на утакмицава, мада немам многу волја за пишување.

    Што да се каже?
    Тактиката добра, реализацијата лоша. Многу ризично што цело време местеа офсајт замки, ама ете се исплатеше тој ризик, се до голот на Абидал, тука офсајт замката не им успеа и аналогно на тоа примија гол.
    Барса никад не дава гол од корнер, денес даде :tmi: Ејјјјј каде е одбраната тука бе? Да си дозволат да примиат гол со глава од играчи кој се трипати пониски од нив?!? Одбрана = швајцарско сирење. Јас стварно незнам што се случува во последно време со одбраната на Реал.
    Среден ред = 0. Оваа вечер посебно лош ми беше Чаби Алонсо. А кога средината не игра добро нема резултати и во напад, нема кој да пушти топка напред. Се на се, катастрофа. Освен Роналдо, Касиљас и Бензема, оваа вечер се друго беше :Down:
    Туку сега да се сконцентрираат на Ла лига, барем таму да ги задржат бодовите предност кои ги имаат.
     
    На creshicka и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па тоа е.Одбраната ни е најслаба страна.Мислам дека редно време е да се купи уште некој одбрамбен играч.
    Дали на мене само ми се чинеше или овој Аб(и)далот кога даде гол се потсмеваше на Роналдо со играњето на Ае се ту пего :^) .
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Искрено да ви кажам иако го љубам калчото и за мене дерби за кое живеам е Милан-Интер, сепак отсекогаш бев возбудена за Ел Класико, си ја фаворизирав Барселона, но и победите и одличните игри на Реал ме фасицинираа. Тоа беше фудбал.
    Да, беше...
    Ова морам да кажам дека вчера беше антифудбал.
    На одредени натпревари Барселона (Фарселона) глуми, вчера Реал беше тим со холивудска игра.
    Многу, многу сум разочарана од двава тима и од вчерашната игра и од тактиката која ја кројат.
    Земете и играјте фудбал, не се глупирајте и фолирајте бе.
    Отсекогаш сум ги почитувала тимовите и спортистите што играат искрено, од срце, од душа. А овие два тима го забораваат ова. Толку се гледа таа омраза меѓу нив, да натпреварувачки дух нема, имаш крволочни 22ца фудбалери.
    Неубав неубав неубав фудбал...
     
    На JuLleE, Justice и Nightwalker им се допаѓа ова.
  14. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Роси, да им пуштат снимка од последното дерби дела мадоннина, да видат што е страшно ривалство, но истовремено и почит! :wasntme:
    Она вчера не личеше на ништо...
    Ај за Пепе сите очекуваме веќе, не чуди, но Меси (освен кога го згазнаа на раката) што почна да глуми во 2-3 наврати, да се фаќа за глава и да вришти, тркалајќи се на земја? Страшно!
     
    На BlackSwan5, BoaVista, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    А си викам вчера да ја ставам ли 2&3+ ... ама си викам не им играат некои , Пинто ќе брани ... сигурно ќе се бранат Барса и ќе чекаат на реванш па сеа со 1-0 да изгубат

    и гледам напочеток 1-0 викам добро е Јипи ќе те биде за прогнозер .... после 1-1 1-2 .... за по риба ме бидува.... :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :swear:
     
    На JuLleE, miljkovic и Nightwalker им се допаѓа ова.
  16. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Кога фудбалер како Руни си дозволил да напише ваков статус што останало друѓите да коментираат.
    „Пепе, каков идиот. Бедник кој секогаш може да те извади од кожа“, напиша на својот Твитер профил, Вејн Руни.

    Јас уште предходната утакмица зборував за Пепе но вие го браневте демек излечен е.Јеа точна дијагноза :drunk: Пепе круната на Реал.Ајт поздрав и нема веќе што да се коментира... ;)

    9 победи,3 ремија и 1 пораз!
     
    На Breezy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ај и јас до го искоментирам вечерашното Ел Класико.
    И покрај цела Холивуд драма,сепак гледавме интересен фудбал.
    Гледавме исто сценарио како и во декември.
    Реал..еми стварно многу слабо.Ич не гледавме акција од ваша страна.Сосем малку :?:
    Ај во прво полувреме не бевте многу лоши,ами во второ 73% топката беше кај Барса.
    После секој примен гол сте некако побркани,губите контрола,напад на трема.Многу лошо.
    Напротив па мене лепотанчето после постигнатиот гол,никаде ми го немаше.
    Пепе животно едно,сместа да се врати во тие клиниките.Пак добил напад на лудило.До кога,бе ? :!:
    Првиот гол на Пујол,од корнер.. :clap:
    А и вториот на Абидал..е за тоа му подавам рака на Меси.
    Туку ми го истепаа вчера Меси :doh:

    Имаше тетатар и на двете страни,не викам не.Ама овие од Рела претераа.
    Пепе кога изведуваше дека го плеснале во лице(ми се чини дека од Фабрегас беше),а овој кутриот не ни го пипна.
    Реал и судиите си ги имаа на своја страна. ;)
    Имаше Барселона реални шанси за повеќе голови,ама битно Ел Класико е наше :!:
    :l:

    До наредната недела..
    па да ве исплескаме и на наш терен 8)
     
    На Breezy и Avril.09 им се допаѓа ова.
  18. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... jQaOmhE6vs
    :rofl: :rofl:
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сега тепат ли Реал или глумат ? Одлучете се.

    За Пепе нема ни да коментирам.Колку и да ми е добар играч и колку и да го сакам Реал морам да признаам дека вчера играеше животински а и покажа малку ефтина глума.Но немој да бидете престроги,бидете реални и кажете дали пред она вчера имал такви испади? Не.И јас не знам што му стана вчера.
    Но кој освен Пепе од Реал вчера глумел? :^) Сега си признавме ние дека игравме многу слабо но претеравте со коментарите дека Реал биле глумци,та дека тепале |( .
     
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Штип-штибиридип :wasntme: Јас гледам вака на ситуацијата :wasntme: U mad? :wasntme:

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BlackSwan5 и BoaVista им се допаѓа ова.