Мене не ми е јасно што толку се крева галама околу Пепе, го згазна го згазна , нека го казнат али поштено и сето регуларно да си биде.. али и марка и останатите претеруваат.. 15 дена Пепе во фрижидер, за Пепе ова за Пепе она ... оти толкава галама не се крева за глумата на барселона за најразните изглумени фаули и нивното дивјачко понашање http://www.youtube.com/watch?v=JpTyvMiN3Xs и ова треба да се казни !!
Добро луѓе некои претераа со Пепе, да, виновен беше и јас сум за да го казнат регуларно, требаше класа да покажат не да им ги зимаат финтите на Барса. Ама стварно претеруваат некои со коментарите. Дали некој се сеќава на ова? http://www.youtube.com/watch?v=2kjsNFx7VqM http://www.youtube.com/watch?v=sWCuyzyppjo (посебно задржете се на последното, каде што го онесвести, а судијата не даде ни жолт картон) Ако Пепе тепа, овие „убиваат“. Дај смирете страсти.
Пепе е суспендиран на 15 дена.Што да кажам,сосема заслужено. Му се извини на Меси,можеби било намерно но важно му се извини. http://24fudbal.com.mk/vesti/1594/pepe- ... ni-na-mesi Но дали Меси им се извини на навивачите на Реал кога минатата сезона со сета сила шутираше кон нив? Ако играме по тие правила и Меси требаше да биде суспендиран,но вие од Барселона водите друга политика изгледа.Сите ние се согласуваме дека Пепе постапи многу лошо,не му требаа воопшт такви испади но не мора сега со земја да го срамнувате.Ни вашите играчи не се ништо подобри.
Да ве прашам нели се изморивте од истите муабети Пепе, Меси, Барса - Фарса, Реал, ово оно. Повеќе се коментира отколку што се игра. Се да се анализирало. Оваа мислиш не е фудбал, туку арена. Живи ќе се изедете (оваа е кажано фигуративно). Омраза на сите страни, ни с од спортскиот дух. Некни играа Милан - Интер, во недела играат Ман. Јунајтед - Арсенал. Читате некаде вакви коментари? Ел Калсико полека се претвора во ринг, се тепаат, уште пушки им фалат. А навивачите се посебна приказна, да можат и со нуклерки ќе се мават .
Џули баш грешиш,јас воопшто не ги мразам навивачите на Барса.Има и некои кои се многу напорни,но овде на форумот не е тоа случајот.Само малку претераа со Пепе и со тие демотивации дека бил боксер итн итн . Инаку за Арсенал ќе навивам во недела.Се надевам дека до тогаш ќе си ја смениме телевизијата и ќе фаќам Спорт Клуб.Вака не можам да гледам Премиер лига,па нема што да коментирам кога не ги пратам натпреварите.
Коментарот не се однесуваше само за форумот, за омразата повеќе мислев на теренот, таму ја има во огромни количини. Не се ставајте секогаш сите во ист кош . Ако овде се контролирате, надвор е полоша работата, а ова е само натпревар. Би требало да биде се во духот на спортот, спортски да се прифаќа кога се губи, ама ете тоа не е случај кога играат Барса и Реал. А со тоа се фрла само дамка на Ел Класико, кој некогаш беше атракција .
Иако душа давам за Барселона, морам да кажам дека сте во право за Ел Класико. Уште пред да почне знам што ќе се случува. Ама спортист сум и мојот клуб има сличен противник како што се Реал и Барса, па до некаде ги сваќам. Малку оф топик. На пример овие со кои треба да играме ќе почуствуваат голем срам ако изгубат од нас и обратно. Или тие цел град ќе викнат кога ќе играме на гости, но исто и ние! Така да, пробајте да ги сватите овие два тима. Најдобри се во Шпанија, па мора да бидат гладни за победа. Како и да е, Ел Класико не е единствениот фудбалски настан каде двата тима можат да се докажат. Ништо немаме видено од Реал и од Барса на Ел Класико. Се читаме на другите натпревари.
Еднаш реков Ел Класико станува http://www.ufc.com/ само придружено со топка свестски гледано . Инаку се губи смислата полека ама сигурно . Се повеќе тепачки и провокации се помалку квалитетен фудбал , и баш штета за тоа . Не знам ова стварно на ништо не личи мала паралела со Англија има РИВАЛСТВО ама има и РЕСПЕКТ !!! Што ми е особено драго се гледа чист фудбал , убав за око омразата ја нема претворена во удари , провокации газења . Ама веројатно и тоа е до некаде до самите играчи и психолошкото стање на истата . И не не можете да очекувате кој знае каква смиреност од Реал кога во свој ред го имаш ПЕПЕ , и кога како кормилар го имаш Мурињо кој да им каже да искулирааат тој што влече судии за уши ? !
Само мене не ми е јасно како играат заедно во шпанската репрезентација . . http://www.youtube.com/watch?v=ZcP0Mn4akhw
Ги нема Меси и Роналдо ... а да да и овој од .ufc. и тамтараааам мистер Мурињо Стварно не ми е јасно како го чуваат првотимец бре човече ... Не ви треба обезбедување на терен колку што знам http://www.youtube.com/watch?v=11enIeWNJbE Инаку утре интересни утакмици ај нека тепа Арсенал
Но ги има Рамос и Виља. http://www.youtube.com/watch?v=SB7P7PNM ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=8FgKM9FPFt4
Еве еден старт врз Роналдо, многу сличен како стартот на Пепе врз Меси, па може и бетер, ама тогаш не се креваше фама околу тоа. Дали дека фаулот не беше направен од Пепе или пак дека не беше направен врз Меси, стварно незнам. ОМГ што би се случило ако Пепе направи некој ваков старт? Знам. Ќе го спалат жив на клада оти е животно. Некаде околу 13-14 секунда http://www.youtube.com/watch?v=fevywV4X ... re=related
Океј сега,можеби претеравме со критиките а и јас го критикував но што е премногу премногу е.Не му е прв пат ова да му се случи на Пепе...Кој од кој поголем испад. Викам дека да беше кај Фергусон досега ке леташе илјада пати а и досега ги продаваа тие играчи кои правеа киксови,нема трте мрте кај него... Нејсе, ве нема бе да прокоментирате за киксовите на Челзи со Норвич 0-0 и на Ливерпул поразот од 2-0 со Болтон туку само тресете кога Јунајтед губи Денес во 17 часот дербито на Емирати Арсенал -Манчестер Ј. Арсенал е со преполовен тим,нема да играат неколку првотимци а мегу кој ке биде и Анри...
Леле срцки се бре Само Торес да си го земеме во Барселона и уште поинтересно ќе биде Кога играат за Шпанија сите до еден ми се мили
И мене ми се интересни на некој начин . Е мислите си дека Торес ќе дојде во Барса .Срцката нема да се грди со таков дрес,подобро му стои плавиот .
^ Ма уште ми е тешко кога го гледам со плав дрес.Ако не во Барса барем во Ливерпул нека се врати.Сакам да го гледам во црвен дрес, најубаво му стои
Ти за Ливерпул си од англиско? Ту бе и тамо не се согласуваме .Јас сум индиферентна кога се работи за Ливерпул,ни ги мразам,ни ги сакам.Ама на Торес најубаво му стои плав дрес и точка.Со бојата на косата му одговара некако .