Шпанија јас многу си ги сакам а и Торес како ѕвезда на Шпанија па од таму љубовта кон Ливерпул. Само минато е тоа веќе Кој што сака нека зборува за Торес но порано тој беше царот на Ливерпул.Растур правеше.Само против Челзи лошо им одеше.Уште паметам како не бамкаа и затоа многу ги мразев.А сега дојде ред да го гледам Торес во Челзи.Тоа е тоа со што не можам да се помирам и да го засакам Челзи
Торес што е добар играч,добар е.Сега што не е во форма тоа е друга приказна.Ама жалче ми е што толку го зезаат и си прават шали на негова сметка.Јас може да се каже дека за Челзи најмногу поради него навивам,не сум некој страствен навивач ама од Англија ми се да кажам најдобри иако сезонава тапа . И јас сум за Шпанија од репрезентациите. (Касиљас,Алонсо,Торес,Рамос,Арбелоа ).
Ја па не сум за шпанска репрезентација Последново првентсво кога станаа шампиони ми беше мило само ради Касиљас Какво жалче беше кога даваше изјава на девојка му Инаку несакав да победат во финале, ептен среќно стигнаа до таму. Бускетс и таму глумеше на велико, па ми станаа малку одбивни ради тоа. А Торес е веќе потрошен играч. Така да не верувам дека Барса некад ќе појави желба да го купи. Туку Реал вечер игра со Билбао. Незгоден тим се баскијците. Ептен големи фанатици. Да се надеваме дека ќе ги земеме трите бода
БлекСвон конечно да се согласиме во нешто во врска со фудбалот За Торес ептен ми е жал, не знам што му требаше да оди во Челзи.Али тоа е парите го вртат светот но за жал се зезна и тоа многу.Ке го шуткаат сега од тој ќош во тој...Имаше и изјава каде бара повеке почит бидејки тој бил врвен играјач. А сум ви кажала ли дека порано бев ги заменила Барселона за Ливерпул поради Торес Леле уште се смејам на оваа.Ама многу убав ми беше Ехе цел љубовен живот му го знаев.Знам имаше и жена и дете но дали се разведоа или не сега немам појма ништо А за првенството со сите бев се кладила дека Шпанија ке биде првак.Тешко беше но пак излезе по мое.Инаку од Реал само Рамос си го преферирам многу
И јас навивав за Шпанија.Мислам прво за Португалија па за Шпанија. Ама се сеќавам се со еден гол победуваа.Јас од Барса само Чави го поштувам оти е единствениот кој не глуми и не се фолира.
Хахахаах леле и јас порано му го имав меракот на Торес, бев за Ливерпул , ама откако отиде во Челзи пропадна човекот. На светско секогаш сум за Германциве по симпатични ми се, иако сум за Реал. Вечер играме со Билбао, верувам дека наша ќе биде победата, инаку слушнав дека некои од играчиве имале караница со Мурињо, посебно Рамос еве го и текстот го најдов
Малага-Барселона 1-4 Меси 3 гола Цар бре никој не може да го сопре, особено 3 гол чудо му беше.Од каква позиција го даде и тоа како на шала И после некои ќе се чудат како освоил 3 златни токи а тој 5,6 играчи ги мене со 1 потег и дава гол.Ма и четвртата ќе биде негова ако не му ги скршат нозете до тогаш
^ Уф Меси денес играше паклено добро.Имаше прекрасни акции и можеше уште барем 2 гола да реализира. На 3 гол низ(ми се чини) 5 играчи мина Добро е што Гвардиола ги одмараше Чави и Пујол. Малага имаа прекрасни шанси првото полувреме,ама Валдез им ги руши плановите И на крајот на натпреварот кога почна да попушта притисокот од Барселона имаше шанси,добро е што реализираа само еднаш. Се надевм дека Меси во Среда ќе игра како денес,ма и подобро ,и барем 3 пати ќе ја затресе мрежата на Реал. Btw следам моментално Реал-Билбао..и мислам дека вечерва Реал ќе изгуби 3 бода. 0-1 за Билбао
Многу слабо прво полувреме на Реал. Добро е што резултатот не е така лош како играта, али ако продолжат вака во второ, црно им се пишува.
Слабо прво полувреме да,но во второ беа одлични. Барселонци не мислите многу,Реал не губе така лесно 3 бода . Што беше караницата меѓу Роналдо и Алонсо? Баш моите омилени ли најдеа да се скарат.
нешто очигледно се случува во мадрид.. ич не ми е вака убо, се надевам се ќе се среди одлични беа, прекрасни од прв до последен на денешнио натпревар и за Милан морам да прокоментирам , одлични беа, само така нека продолжат