И Интер забележа победа вчера Инаку има уште толку кола колку што се до сеаг изиграни. Forzaaaaaa Inteeer!
Сигурно заради изведувањето на пеналот...Знам дека Роналдо и во Јунајтед секогаш ја превземаше одговорноста на пеналите и не дозволуваше друг да ја има таа одговорност освен ако не е повреден.
Не знам дали беше поради пеналот,не видов убаво што се случи.Ама тоа списанието Марса ширело дезинформации со цел да предизвика неред во соблекувалната на Реал.Дури вчера навивачите и плакат држеа со порака до Марса да престане да измислува . А Гранеро е цар.На прашањето на новинарот "Има ли разлика меѓу Реал и Барса?" овој одговорил "Да има,5 бода." . Реваншот ќе биде во среда од 22 часот мислам.
Не е поради пеналот сигурно. Некаде гледав клипчиња за подготовки за натпреварите и Мурињо за секој натпревар си има определено претходно кој ќе изведува корнер, кој ќе шутира слободен, кој ќе шутира пенал итн. И секад за пеналите го бира Роналдо и никој друг. Така да, за тоа не се скарале сигурно. Edit - го најдов видеото, при крај е за пеналите http://www.youtube.com/watch?v=X3Ujyuqf9vk И пак ЕДИТ Изгледа проблемот беше тоа што на Роналдо му дадоа жолт картон, а тој неќеше да оди кај судијата за да му покажат жолт и нешто објаснуваше дека врз него нон стоп се прават такви стартови, а не се санкционирани и Марсело и Алонсо го бутнаа во насока на судијата, демек да не се буни и да си го прими картонот. Кикица малку се чудеше, не му беше јасно, ама тоа е Како и да е, непотребен потег од Алонсо. http://www.youtube.com/watch?v=MFyELcs_ ... r_embedded
Интересно клипче.Хаха соблекувалната . Инаку и си мислев дека не е за пеналот.Поради тоа што беа на средина терен а и се знае дека Роналдо го шутира секој пенал.Ех,Мурињо ќе се остави без стратегија. И ајде нека направи некоја тактика и во среда.Ама знам дека за џабе се надевам . Едит: Богами непотребен.Па и Марсело ме зачуди,најдобри другари се со Роналдо .И со право изгледаше зачуден Роналдо.Ајде сега и меѓу себе да се испотепат и ќе ја победиме Барса,оу јее.Уште сега гледам какви тепачки ќе има на Камп Ноу.Треба да искулират малку.
На Мурињо му „пукна филмот“, го напушта Реал!? Според медиумите во Шпанија, Жозе Мурињо во јуни ќе се раздели со Реал Мадрид. Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ќе замине од клубот, барем ова го тврдат шпанските медиуми. Тие денеска пишуваат дека на Португалецот му „пукнал филмот“ од целата ситуација во клубот, поради тоа решил да си замине од Мадрид. Како што е познато, тој беше во конфликт со Хорхе Валдано, но сега ја губи и поддршката од навивачите. Згора на тоа Мурињо го губи авторитетот во клубот, а по поразите од Барселона е под притисок на сипматизерите на клубот, па анализите велат дека тој во јуни ќе се раздели со Реал Мадрид. Засега Португалецот ниту ги демантирал, ниту потврдил овие информации, но знаејќи го неговиот карактер, ништо чудно тој да се одлучи на ваков чекор. http://www.kurir.mk/sport/fudbal/58121- ... pusta-Real А ?
Бар според мене додека не освои трофеј Мурињо не оди никаде ... Таков карактер е не се откажува не ми изгледал никогаш како човек кој бега пред потешкотија тоа го покажа и докажа. Инаку кажа дека следна цел му е враќање во Премиер Лигата сфатил дека сепак тоа е за него вистинската средина . Ќе си замине ама не пред да смести трофеј во витрините на Реал . Инаку ако има некој што навива за Сити сакам да и / му честитам титулата ...
Jule оваа во Англија за Премиер Лигава веќе бар што се однесува на моиве готови се надежите ако реално гледам а за белјата така гледам .
Не ми се верува дека Мурињо го дели тимот на португалци и шпанци.Тоа повеќе ми изгледаат како злобни коментари.Нормално дека после толку изгубени Ел Класико мечови ќе има тензија и во соблекувална,и во односот на играчите спрема тренерот но да се надеваме дека ќе се поправи ситуацијата. Мурињо нема да си замине од Реал без титула,во тоа бидите сигурни .
Челзи и јас ги сакам, ама ова година не сакам ни да ги гледам. Се нервирам само. Лоши се, незнам дали е до тренерот или до тимот, ама мора под итно да се направи нешто. Туку Сити велиш титулата ќе ја лапне? Јас сакав Ливерпул, бидејќи дечко ми навива за нив, па да се порадува малце . Ама не се знае сеуште, мислам Ливерпул нема шанси, ама и Јунајтед е во трка . Челзи ни теоретски нема а? Уф
Убедена сум дека ќе ја земе Сити а со тешко срце ќе мора да признаам и ја заслужија ! Константни страотен напад , формации и играчи . Сето тоа треба да се круниса . Никој не ми е крив што сме тапа во секоја смисла на зборот . Не можам да очекувам добар резултат . Со менаџер кој дојде од кфсјдхсфгсѕ лига во најака лига ова не му е Порто . Се изгуби и тој малце повеќе , имаш играчи од 30 па нагоре . Малуда , Дрогба , Анелка , Лампард сите паднааа а тоа беа тие што ги полнеа мрежите . Нереално е од Дрогба и Лампард 33 годишни да очекуваш Супермен ко да чекаш со југо да нагазиш 200 . Тие своето си го кажаа време е за нова свежа крв , а ја нема ! Нема стратегија , нема играчи многу примени ефтини голови и уште поефтини порази . Имавме многу шанси а последната ја прокоцкавме оваа недела . Сега сме на 4 имавме шанса да се приближиме до Тотенхем ние и тоа го прокоцкавме. Норич беше екипа што примила до сега гол на секоја утакмица со НАС разби малер !!! Значи ништо не е како што треба Инаку ма да не ми е до смеење . Беда сме моментално ! http://hasandrevillasboasbeensackedyet.com/
Морав да се најавам и да коментирам...вендиии предвреме го отпишуваш Јунајтед,разликата е само 3 поени а до крајот има уште многу Сити полека почнаа да пагаат а против Тотенхем победија на срека..Да не беше пеналот ке беше -1 поен така да се може да се случи.Јунајтед не го изиграл вториот меч во домашната лига со Сити на гостински терен а таму се може да се случи...а и плус ги стигнуваме во број на постигнати голови. Колку сакам да ги отпишат Јунајтед па на крај ја земаат титулата Затоа пред да честиташ титулата почекај Сити да направи убава предност.. а не само 3 поени кои можат да ја загубат на крај таа предност Спојлер Немој да помислиш дека имам нешто против тебе
Колкупати треба фудбалер на Барса да игра со рака во својот шеснаесетник, пред судијата да досуди пенал? Е, поради вакви „ситници“ ми се уништуваат впечатоците за Ел-класико...