Форумџика на годината

Функционирање во брак

Дискусија во 'Брак' започната од oblace1, 11 октомври 2023.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од разговор со многу блиска личност решив да ја отворам темата. Не најдов нешто слично, ако веќе има нека ја избришат оваа модераторите.

    Што е за вас начин на функционирање во брак?
    Дали начинот на функционирање во врска продолжува и во брак? Како функционирате со доаѓањето на децата?

    Сметам дека треба многу работа, труд и компромиси за да функционира еден брак, секако и од двете страни. Да има толеранција кога треба, но и да се крене рачна кога има потреба за истото.

    Со маж ми засега функционираме ок, далеку од совршено, но добро е. До сега сме ги исправале работоте со разговор кога имало потреба, знаеме и да се искараме но сме ги смирибале работите.
    Личноста што ја спомнав вели дека некои работи за кои се расправале едноставно ги прифатила, доста и било од караници и веќе не се трудела да ги смени. Јас пак не можам така, додека не се сменат работите жива ке се изедам, ама мирна не можам да седам.
     
    На sj *O* и mira.mira им се допаѓа ова.
  2. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Пример, што прифатила? Прифатив и јас некои работи зашто немавме решение, размислив што е најдоброто за децата и се помирив. Обично не сум личност што се помирува без борба ама кратко беше времето за да сменам нешто. Ќе требаше или да се разведам или да прифатам. Да напоменам, прифатив зашто беше привремено. Да треба да попуштам за нешто што нема да ми одговара до крајот на животот, попрво би се развела.
     
    На warrior, Zhukov, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Иста сум и јас, на краток рок можеби би прифатила, ама нешто што е за засекогаш нема шанси. Тоа значи ни мир дека нема да имам, а штом немам мир дома не ми треба таков брак. Ни во таква врска не сум останувала, не па во брак.

    Инаку прифатила дека е тип што сака да излегува почесто со другари, не го држи место дома. Она тврди дека ок функционираат. Но мислам дека е така само зошто она се помирила со ситуацијата, а тоа не е начин на нормално функционирање според мене.
     
    На Gosh и Skyler им се допаѓа ова.
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    @oblace1 И кај нас маж ми почесто излегува ама мене искрено не ми смета. Такви сме и двајцата, сакаме дружби и искачања ама поголемото дете на пример нема шанси да седи дома и јас да искочам. Му се криев неколку пати и драми беа дома, не ни седев на раат, цело време на тел. Се согласувам и јас дека не е нормално функционирање ама ние така функционираме. Еве кај и да е ќе пораснат децата и ќе ме пуштат да искочам :D Он ми вика што се замараш, нека поплаче и ќе се смири, оди искочи ама јас не можам. Секогаш кога ќе се погоди ситуацијата обавезно користам и искачам ама многу пати и веќе заспана сум кога тој сака да искочи.
    Јас не можам да се помирам што морав да дадам отказ кога забременив со второто дете и еве се уште не можам да почнам со работа година ипол покасно. Ако ми веруваш два месеци плачев за отказот и го обвинував маж ми. Сега сум помирна, знам дека мораше така да биде ама еве и сега форсирам тргање во градинка за да си го вратам стариот живот.
    И некогаш си викам будало, седи дома уживај, имаш се што сакаш, што си се запнала да работиш…ама не можам, ме гуши ова седење дома, чување деца и домаќинство, а што е до маж ми можам комотно цел живот да седам и да уживам.
     
    На strelec231992, BrokenMan, warrior и 9 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Добро функционираме. Нормално, не е совршено. Има и кавги. Јас сум таа која не може да ќути. Имаше период кога трпев, ама ми дојде преку глава. Проблемот беше во друга личност. Среќа што и маж ми се освести па сега е ок. За некои работи се договараме заедно. Тие што се поврзани со нас двајца. Не ми пречи и да излегува со друштво. Ретко излегува. Изморен е од работа. Помага дома, чува деца, готви. Знае и да исчисти. Никогаш не ми забранил нешто. А и јас не дозволувам така. Ме поддржува, го поддржувам. Имав другарка која се оддалечи од друштвото затоа што нејзиниот сопруг и забрани да комуницира со нас. Според него, нејзина обврска е да седи дома и да чува куќа. Е ова никако не можам да го разберам. Криво ми е затоа што бевме блиски. Треба многу да се вложува за бракот да успее. Да не се слушаат други од страна. Да нема поделби. Чудно ми е кога ќе слушам како си ги делат парите. Таа со нејзината, тој со неговата плата. Дури и сметките ги делат.
     
    На strelec231992, oblace1, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Бракот е компромис. Или ќе правите компромис да функционира или воопшто ако не си таква личност не влегувај во брак. Ама треба и двајцата да сакаат да се одржи здрава врска.
    Ако само едниот е спремен на договор за се ,а другата страна е потврдоглава ништо не бива. Затоа се врските да се увиди со каков човек си фаќаш работа. Ако во врска не е спремен за компромис според мене пиши крст.
    За сега добро функционираме, не сме имале големи работи и проблеми ( не дај Боже да имам), затоа велам е добро. Ама пак ќе речам компромис :)
     
    На Mrs. right, Anie93, Anyshka и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.600
    Пол:
    Женски
    Се е до балансирање и тргање на егото на страна.Секој може да има его и да си тера по свое ,но тогаш пропаѓа се.
    Кај нас во брак јас сум поизбувлива,може до женски хормони е:Dмм често е смирен ,не повишува тон,ќе ме ислуша ,и на крај ако не ни се совпаѓаат мислењата за нешто (обично се банални работи,кои мн и не ни влијаат во заедничкиот живот) ќе ми рече нормално е и секој да си има свои мислења за одредени работи и се е тоа ок и не разговара повеќе за таа тема или ме остава да се издишам и ништо не збори(кога не ни се совпаѓаат мислењата).Не пробува да наметнува нешто или јас нему,пред се баланс.Ако се работи за било каква одлука за нас како фамилија ,макар и ситница да е ,секогаш прво разговараме и бараме средина ,и мн често сме на иста страна.Се спомна и за излегување,странство живееме и затоа мислам е малку поразлично од кај нас,тука ретко излегуваме сами,тој некогаш на ручек со колеги од работа,јас со поранешни колешки од работа или пријателки со деца, повеќе се дружиме со друштва дома, на иста страна сме бидејќи сакаме да бидеме во природа ,долги прошетки во паркови со кафе и дечињата,така го уживаме времето заедно доста често.
    Далеко е од совршено,секој си има по некоја лоша страна,но функционираме коректно и не би менувала ништо во нашиот однос,го прифаќам каков е а и тој мене.
     
    На Herrera, oblace1, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    Функционираме добро, има кавги чат пат, ама поминуваат. Јас одам на работа, мм ги чува децата дома, моментално не работи, големото некои денови оди у градинка некои не, зависи, јас го носам на сабајле, он го зема, бебето го чува, прави ручек, собира низ дома.Кога ке се вратам од раб после ручек он го носи големото на активности или заедно излегуваме сите. Навечер децата се лепат за мене и со мене заспиваат, пак најголем дел на него му останува да собере садови, да пушти машина, зашто обично и јас заспивам со децата.И да сакаме да најдеме време за нас ретко кога успеваме од бебето посебно, како сензор да има и само кенка и не ен остава.Викенди обично еден ден шетаме еден ден чистиме, и тоа е.Мислам дека двајцата само за децата живееме моментално, цело време се се врти околу нивните потреби.
     
    На warrior, Mumoftwo30, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Јас и маж ми сме тазе венчани и додека бевме во врска и сега уште поотворено комуницираме и поради тоа ни е супер.

    Уште од почетокот на врската си кажавме дека отворено ќе комуницираме за сѐ и нема да преќутуваме и се држиме до тоа. Имаме таков пристап и двајцата што кога ќе правиме нешто што ни смета еден на друг веднаш си кажуваме во фаца, колку и да е мало и небитно нештото. Ситница по ситница може да се соберат и со тек на време да прераснат во огорченост еден кон друг и да пукне бомбата. Си кажуваме се во очи и нема љутиш. А никогаш немаме караници со урлање. Дури и да сме љути едни со друг гледаме да го решиме проблемот со разговор.

    Исто така можам да кажам дека и двајцата успешно се ставаме во кожата на другиот. Многу се сакаме и важно ни е личноста што ја сакаме да се чувствува добро. :)
     
    На Tinaaa, warrior, eliesaab и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.824
    Пол:
    Женски
    Јас и мм супер живееме 5 години во брак многу си попуштаме и многу разбирање имаме, со муабет решаваме се. Има повремени рабпти што не сакаме да ги правиме ама и тоа го надминуваме. Не дирај лава док спава, и се ќе биде ок
     
    На Anyshka и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Ако нема компромис, таков брак тешко да опстои. Со маж ми често имаме спротивставени мислења, така што за некои работи јас одлучувам, а за некои тој. Не може секогаш да биде по мое или по негово. Мразам кога мажот наредува дома. Таквите мажи најчесто биле сведоци на такво нешто пред да се оженат.
     
    На Anyshka и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  12. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    Кога заживеавме заедно мислам ќе се разведевме искрено, си викав џабе се земавме :D
    Толку не можевме да најдеме разбирачка мајко мила, по две вреќи сол ќе изедевме од инат двајцата, среќа па 2-3 месеци беше тоа
    Мулиња шо да кажам друго :D

    После се сменивме, и јас и он де, компромис :D
    За се се договараме, поголеми проблеми пу пу немаме :D
    Највеќе сме се карале оти други се мешале кај нас и мислам и затоа немавме разбирачка тие месеци први, не знаеше да пресече на почетокот, а живеевме во заедница, на различен спрат де ама џабе 8-|

    Од кога сме сами па уште поубаво функционираме, знаеме да се запречкаме пак за глупости најчесто и да не праиме муабет 2-3 дена, некогаш и недела ако пак сме земале од солот да јадеме :D
    Може чудно делува ама ете функционираме најнормално иако не муабетиме, се знае денот како врви, спрема едно дете за градинка, праи млеко за друго ми подава, ми праи кафе, оди на работа, се враќа, јас поставам ручек он праи салата, јадеме раскреваме, поминувам со постелнина знае дека треба да мењаме, станува, мењаме :D
    ако земам правосмукалка он зема џогер и се тоа без обраќање еден на друг :D
    нормално зборуваме со деца и за нив само тие денови ако треба нешто, друго нц :D
    Чудно ама ете, најокеј така ни е, ќе ни помине лутината и тоа е тоа, се враќаме на старо :D
     
    На strelec231992, marchi-cool, Anyshka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    @Vanilla15 најчесто проблемите во брак ги прават трети лица. Ќе се умешаат затоа што они се знаат. Они се најпаметни. Го имав тој проблем, ама пресеков. Сега ми е мирна главата. Што подалеку, толку подобро.
     
    На marchi-cool, sj *O*, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.775
    Допаѓања:
    53.108
    Пол:
    Женски
    10 години заедно, од кои 8 брак.. Успешно без ни една поголема кавга:muscle:
    Искрено прегорда сум на нас. Најголемите заслуги ги има маж ми. Јас сум со потежок карактер а он е толку смирен..

    Заедно работиме заедно деца растеме ,заедно околу дома. Тој е одличен готвач, па повеќето спремање храна е на него. Многу сакаме да поминуваме квалитетно време со децата еве наскоро идеме на 5тиот одмор годинава:l:

    Мислам дека клучот е љубовта еден спрема друг и најважно што никој за ништо не ни се меша. Сами живееме и животот го организираме само нас како ни одговара.

    Машала само:D:$
     
    На JustBeautiful, Milobebence, molikaMk и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    8.200
    Пол:
    Женски
    Супер функционираме, 8 години веќе, сме имале и кавги да, и една така поголема ама го надминавме и тоа, двајцата си ги имаме поделено обврските, а ококу децата сме еднакво посветени и ги воспитуваме според наши правила. Тој е посмирен во некои ситуации, јас во некои други, и така се надополнуваме, имаме компромис 99% и секогаш се договараме за било каква одлука. Со него секогаш ми е уваво и кога само ќутиме. :inlove:
     
    На MyMala му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    6.539
    Пол:
    Женски
    Фунционирање во брак е подобро од врска. Се е исто само заедно си спиете. кејф :l:
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.281
    Допаѓања:
    7.393
    Пол:
    Женски
    Што би рекла Jessica Biel, Never stop dating!
    Јас и маж ми сме тазе во брак ама па 2 години веќе живееме заедно, компромис за се, имавме на почетокот кога почнавме да живееме заедно така поголема кавга, и од тогаш седнавме, разговаравме ја лоциравме грешката, и не дозволивме веќе да ни влијае. Сега чекор по чекор си создаваме наше мало гнездо.
     
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.400
    Пол:
    Женски
    е ама современите мажи во современиот свет ретко можеш да ги седнеш и така да разграничиш. Тие претежно секогаш се во право и треба да се слушаат. Компромис за нов треба да направи жената и да го прифати неговото мислење. |( зборам за поголем процент на мажите, за жал.
     
    На Anyshka и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  19. Stela Maris

    Stela Maris Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2023
    Пораки:
    1.523
    Допаѓања:
    2.021
    Пол:
    Женски
    Филозофијата на маж ми е дека компромис е глупо, ни една страна не била задоволна така хахаха
    Еднаш по мое, еднаш по негово, свиѓало не свиѓало издржи еднаш он еднаш ја
     
    На SummerGirl, s.a.m.a и Zumbulche им се допаѓа ова.
  20. Marijanamakedon

    Marijanamakedon Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2023
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво ми треба совет
    Со маж ми сме 3години во брак немаме деца имам ПцоС пробуваме со кломифен итн... Претоа во врскаа 5години се беше ОК
    Но човеков се смени оваа година е пекол се нешто му смета кај мене дури поднесе за развод беЗ да знам кога дознав сакав дс си одам не ме пушташе од дома ја повлече тужбата демек од 0 почнуваме... Ок ајде викам од 0
    Но сега не разговара со мене за ништо, ништо не правиме заедничко он не работи ни ја не одам. На работа
    цел ден е дома и само ќути... Кога ќе прашам нешто воопшто не ме перцепира... Само службено пример што да готвам некои такви прашања.... Сега му реков вака ја неможам да функционирам ова не е нормално.... Ништо не правиме буквално од дома неиспагаме освен он до маркет на 10мин и тос е се.... Незнам што му се случува како може човек да те сака толлу многу 7години и сеа да сте ко странци буквално не го препознавам имаме 31 година... Ве молам за совет незнам што да правам го сакам и се но што дс сменам... Психолози психијатри нејке тскви раб порсно беше после свадбата и психијатрот му рекол не си срекен ти гледам по очите што си женет разведи се и тоа у психа му остана најди си хоби дрндрн.... Незнам што да правам