1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фурнаринки

Дискусија во 'Рецепти' започната од Viiiiip, 14 април 2011.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Дали, некој дома ги има правено и ако има сакам рецепт, посебно за тестото... Интересни ми се, а изгледаат како да не се тешки :D
     
  2. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јас како што знам се прават од тестото за пица што е и само зачини им ставаат .
     
  3. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Некои зачини што би им дале шмек на пица,ама кои? :?: Оригано..Ама други? :?: .. :D
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека се прават со вода и брашно. :D
     
  5. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    што е тоа ,првпат слушам за нив
     
  6. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Преубави се!
    Тестото мислам дека е како за пица.
    Според вкусот имам почувствувано оригано и вегета можеби и малку бибер. Во пицеријата каде најчесто ги јадам имаат и сусам. Мх мх мх. .
     
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ги имам правено дома со готово тесто за пица.
    Им ставав кечап, оригано и сусам. Може и кашкавал. Вкусни се .
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Тестото е како за пица.
    Јас имам јадено секакви, значи имате простор да ги направите како вие си сакате.
    Со кашкавал се многу убави. Имам јадено и со малку доматен сос и оригано. Има и едни само со сусам.
    За матурата моја кога нарачувавме, баш видов дека уставри е пица тесто, ама во форма на коцка, и само од него сечат тенки парчиња.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.101
    Пица тесто е,кое претходно е запечено.Потоа се премачкува со путер,врз него се додава сусам и вегета,потоа се редат парчиња кашкава и горе оригано и повторно се враќаат во рерна за да се стопи кашкавалот.До душа како сакате ги правите,има секакви,ама мене овие ми се најубави.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Пица тесто кое се премачкува со путер, ситно сецкано лукче и зачини по желба (сол, вегета, сусам,оригано, мешавина зачин од оној готов што го има...)
     
  11. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Јас фурнаринките ги правам на овај начин...
    1 сув квасец
    1 лажичка шеќер
    1 лажичка сол
    1 јајце
    500 гр. брашно
    250 мл кисела вода
    1/2 филџан масло...Сето ова се меси заедно и се остава малку да нарасне...потоа се дели на 6-8 делови и
    со сукало се прави ептен танко тесто ...пола см отприлика ...со нож се сечи тестото низ цела должина на растојание од 1,5 см да се линиичките и после и од другата страна за да дојде како шах(за да не збувнува )...се мачка малку со вода , се става крупна сол, оригано и сусам и се остава да нарасне уште 10 мин...се печи на 200 степени-15 минути...Добар апетит !!!
     
    На fina erika, Antebellum, V.odolija и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Секој си додава зачини по свој вкус.
    Јас ги правам од готово тесто за пица, го сечам по должина, го премачкувам со маргарин,малку оригано,малку сол-буковец и обавезно сусам.
    Превкусни се, особено со шопска салата!

    [​IMG] [​IMG]
     
    На kuc и V.odolija им се допаѓа ова.
  13. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    мммммммммммм ми се пријаде !!! баш ке пробам да ги направам , да видам што ке искочи :lol:
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Морам да ги направам и тоа уште утре
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752

    Речено сторено....Ги правев по прв пат и навистина излегоа прекрасно


    на едни ставав бибер , оригано и куркума

    а на другите кашкавал , куркума и оригано
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC_0888.jpg
      DSC_0888.jpg
      Големина на фајлот:
      232,8 KB
      Прегледи:
      712
    На Marossa и Dvolicen им се допаѓа ова.
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Состојки:

    260 г брашно
    60 г пченкарно брашно
    80 мл масло за готвење
    160 мл вода (млака)
    1 јајце
    1 лажичка сол
    1/2 лажичка шеќер
    1/2 кесичка сув квасец
    малку сусам, сол, црвен пипер, ким (за посипување)

    Подготовка:

    Замесете го тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути. Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.

    Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го). Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.

    Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги.
    Ги пробав превкусни се :)
     
  18. tigarche1

    tigarche1 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    furnarinite se pravat od testo za pica ggotovo se kupuva, go mackas so zejtin mu stavas origano i sol i susam i gi peces i na kraj gi seces i tomatelo sos i spremni se za jadenje
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.