Најпознатиот и најбрзорастечки скопски бренд за бурек, пецива и леб "Силбо" е во сопственост на две фирми кои ги имаат двајца браќа од Стајковци: Силјан и Боби Милеви. Минатата година, под ова име, двете фирми имале вкупни приходи кои надминуваат 3,3 милиони евра. Скопскиот бренд кој секојдневно услужува и рани илјадници Скопјани и најпосетуваната пекара од туристите всушност е сопственост на две фирми, односно во сопственост на двајца браќа од скопско Стајковци. Асоцијацијата на брендот "Силбо" всушност се првите слогови од имињата на браќата Силјан и Бoби Милеви. Facebook : https://www.facebook.com/СИЛБО-Фурна-313650999441063/
Создавање на мит од Силбо.Ништо посебно, работи 24 часа, на добра локација е, па затоа и се шират муабети.
Само што посното мени им е очајно, десет вида на ѓевречиња, сите со речиси ист вкус. Откако не јадам млечни производи, Силбо ми е далеку од прв избор.
Откако не јадам глутен ич не ни влегувам таму.. Муабетот ми беше за избор. А посно не сум пробала. Јас таа штрудлата.. Со спанаќ и онаа со пиперка.. Тие ги величев
Никогаш не сум јадела таму . Ама се сеќавам им излезе некоја слика од муштерија со глувци по храната. Ако е грешка поправете ме. Оттогаш па ич не ми текнува да купам. Ама нема кој не рекол дека ѓеврекотсо сланина им бил врв. Којзнае....
На почетокот мислев дека е во сопственост на Силванева Бонева Како и да е, пекара како пекара, добро е што работи нон стоп, лесно достапна локација, инаку на вкус како и скоро секоја просечна пекара. Ми се допаѓа ѓевречето со сланина и кроасанот со чоколадо.
Мене многу ми се допаѓа се скоро. Има пекари со повкусно јадење, ама не толку избор. Во Силбо ем голем избор, ем 2те локации ми се погодени, ем скоро секогаш сум јадела тазе спремено.
Изборот е голем, мене лично лебовите ми се допаѓаат и тоа оние шо се со ржано/црно брашно(интегрални). Додека пецивата ми прават проблем со стомакот, грчеви, подуеност... како што кажа некој член погоре во главно пецивата им се лиснати со многу маргарин и адитиви.
Ми се допаѓаат пецивата од таму, според мене една од најдобрите пекари во Скопје. Секогаш кога поминувам по Партизанска, застанувам и во Силбо. Голем избор има и од тоа што сум пробала се е вкусно.
И јас мислам дека се overrated. Дали еднаш или два пати сум јадела нешто од таму. Просечно, не ми се допаѓа. Има многу помалку познати пекари кои имаат далеку подобар избор.