Ако не сте пробале, дебармаалски сендвич и сендвич со пилешко филе - you can thank me later овие ми се омилени а и другите ствари им се добри, бурекот само ми е меех.
Бурекот им е крш. Јафа кроасаните се ок. Пастрмајлиите крш. Дебармаалски сендвич е највкусен. Исто и ѓевречето со сланина и вегетката. Чијабата лебот е прекрасен! Но, се паѓа у вода коа ќе видиш како сс понашаат вработените....
Ни мене не ми се ништо посебно.. Иста основа тесто, различни производи. Ок дур е топло, после крш. Ѓеврече обично со сусам, крцкаво од надвор, внатре меко и соленко, друго не е ѓеврек. Не би се тепала на ред, гужви чуда и соленки цени.
Тесто си е тесто. Ништо посебно. Добро е што цело време се вади ново и секогаш е топло. Дебармаалски и роло фиеста си почитувам највеќе. Ѓеврекот со сланина не е лош, ама затоа бурекот е. Има места со каде каде подобар бурек.
Првпат јадев во Силбо годинава. Во Карпош кога и да проаѓав ме нервираа тие гужвите, во Бисер поубаво ми е, нема толку луѓе ама воопшто не ме воодушеви кога пробав пециво од тука, дури потпросечно беше. Мислам дека е преценето местово. Ич не се покаав шо немав јадено од тука. Ла Делишс има сто пати поубави кифли и чуда. Па и локални пекари што не се ни познати.
Дефинитивно е преценета Силбо. Според мене онаа пекарана во ГТЦ доле, Бакал ли се викаше, е каде каде подобра, со поголем избор и повкусни работи има. Во силбо једино ми се допаѓаат благите пецива, многу се богати и вкусни, кавалчето со сирење, а силбо ѓеврек не сум пробала бидејки сум вегетаријанец 5 години.
Мене не ми се допаѓа името на фирмата, а на лебови и бели пецива не сум љубител, проаѓаат само кога сум гладна, и така ми дојде тешко на желудникот штом ја видов темата.
Едно е overrated, а друго е силбо, да се разбереме вака. За мене најубаво, после излегување, или на пауза од работа....Плус ако сум на диета и одберам да направам гревче, ѓеврек со сланина или кроасан чоколаден. Мх....
Мене вкусни ми се само кроасаните прелиени со чоколадо, друго одамна не сум купила. Од солените работи сувит стапчињата им се многу убави, ама овие лиснати и другитр кифли ми се ептен маргарински. Бакал имаат најубави пецива, во последно време од таму купувам најчесто.
А да, ме потсети - и треба да го тргнат тоа парфемот за воздух на тајмер, што им прска баш над благите...
Само на гевречето со 1 грам сланина би му дал преодна оцена, све друго врска нема. И ај шо нема врска, нафукале цени ко да си отишол на лиснато со зденка у Хајат
Мене па ми се бендиса. Не дека кузнај колку пати имам одено, ама другари еднаш пробваа да ми кажат ''the student experience'' од деновите кога тие оделе на факултет па цел круг беше тоа од бар, во Силбо, па на плејстејшн игравме во стан кај другар па дома. Битола имаме copycat пекара и ми се бендисва исто така многу. Силбо е само далеку подобра.
Добро, во споредба со сите други - Силбо најдобри се. На пример, лебот им е супер и тазе, најбавно фаќа мувла, кога ми стои дома. Само солта, во повеќето работи... многу. И филот солен, и тестото солено, па иди неотруј се после.
На толку фалење ништо посебно ѓеврекот со сланина. Исти таков во една непозната пекара ми беше поубав.
Ѓеврекот со сланина им беше убав до пред година, година ипол... како отворија уште едно и последниве 2 - 3 години од кога изградија име квалитетот и услугата им опаѓа...