На Широк Сокак имаш бутици сега е сезона на прослави можи ќе најдиш нешто исто во Apollo и КК Design тие ти се на Широк Сокак пред Waikiki
Здравоо, дали некој од вас можеби го има видено фустанчево дали го има по продавниците на зара кај нас?
Зависи каков имаш замислено. Имаш во Лептокарија, Карпош 3 во fairytale, Бутик ИВ, имаш во Ист гејт горе цел бутик со свечени фустани, имаш во ГТЦ бутици најгоре, имаш на битпазар, чаршија.. Имаш и во сцм - магнетик, манго, зара..
Девојки каде можам да најдам ваков крој на фустан, го пребарав цело Скопје и цел интернет, ама не најдов...
Едно прашање до тие што знаат. Сакам да одам Косово за фустани, дали може да ме насочите во кој град?
Здраво девојки, дали некој знае каде можам да најдам вакви модели на фустани во Скопје(може и низ Македонијава) или ќе треба да барам вон држава?
На свадба сум на далечна роднина, каде може да купам фустан за свадба ама не сакам свечени фустани. Имам фустани не дека не, ама кај мене се е цветно и долго и кратко. Сакам нешто лелеаво,а не нешто балско ни на брат ми не носев такво за венчавката, едноставно не сакам такви модели. Каде можам да најдам ама да не е изгор скапо, затоа што само за една свадба оваа година ќе го искористам. Ако може да се нарача уште подобро.