Просто ја обожавам! Секогаш ми се допаѓа како е средена. Фаворит ми е тиркизниот светкав фустан! Преубав е!
Најдов време, па да ставам неколку убави фустанчиња со чипка. Периодов ептен сум се оптеретила со неа.
20 години имаш? Извини ама фустанчињава ми се за девочиња кои влегуваат во пубертет и кои слават полуматура. Преслатки и предетски се. Освен оној тесен во 3 бои, кој одговара да го носи позрела девојка.
Девојки, ај ќе ве замолам ставајте слики со некои зимски фустанчиња, да добиеме инспирација Сакам сега да си набавам некое зимско фустанче со чипка како ова на сликава. А за фустаните а ла Шерил Хил немам зборови Никогаш не би облекла таков ужас на мене
Сесилија ми го прикачи фустанот по кој моментално трагам ни Скопјево!! Го сакам, едноставно го сакам! За Шерил Хил исто. А еве неколку така по зимски.
Џабе имаме инспирација и сакаме да си купиме нешто убаво, кога за жал сме оставени на милоста и немилоста на газдите на бутици со никаков вкус. Ама тоа е, ако не го најдеме- секогаш можеме да го сошиеме. Ама за обувки како што кажа Росонерка нема надеж
Aко најдеш оооооооооооодма да не известиш. Јас сакам мнооооогу, сакам такво црно. Само што обично со тие фустани имам проблеми, висока сум 180 и прекратки ми се тие фустанчиња, а не сум тип што носи прекратко. Сепак ти извести ме со пораче ако најдеш нешто слично Уште ако е и вакво отпозади Знам знам многу сакам