Дали е добар овoј фустан за на свадба кај поблиска личност? Не сакам воопшто долги фустани, сакам нешто вакво кратко и интересно ама се двоумам. И кој материјал е добар за да паѓа добро а да не е сатен? Инаку за апсолвентска планирам нешто вакво , само во една боја (црна, тегет или темно петролеј боја )
Леле преубаво е првото фустанче, се заљубив готово иначе супер е доколку планираш да го носиш на свадба, а подобро би ти било да прошеташ низ продавници и да најдеш некое вакво зато шо не верувам дека би можела онака некоја да ти го сошие, али пробај види..а за тоа каков материјал незнам кој би одговарал најповеќе
И мене ми е преубаво , го видов на оваа тема пред некое време и најмногу од сите ми остави впечаток. Ќе барам нешто слично по продавници. И мене ми е малку веројатно некој да го погоди баш такво.