Ми се свиѓа дезенов на фустанчево, ама моделот би го променила малку. Убава комбинација. Многу е нежничко.
Сакам интересни фустанчиња, ич не ги љубам оние со билион циркони и светки по нив - везени сакам, ама не секакви модели - капиши? Моето правило при одбирањето фустани е - што пообично, толку поубаво! Поголем љубител сум на кратките, ма да не велам не и за долгите, меѓутоа ми се допаѓаат само летните модели, а оние апла матурантски - јок. Спојлер вакво би носела и на матура, што да не?