незнам дали тука треба да прашам но ке прашам девојки што мислите за фустанов ке стои ли на девојка кој е висока 160 и дали е добар на свадба да се носи???
Девојќи ај еден совет, ќе бидам деверуша па што би било подобро некој долг фустан или кратко фустанче? Мене некако поише ми личи деверуша за долг фустан или јас многу филмови гледам. Ај кажувајте да знам што да барам.
Па мислам дека нема врска дали долг или краток.Може и во краток да бидеш деверуша.Само,вероватно ке бидите повеќе девојка така да можете да се договорите сите исти да ви бидат барем за дента.А за дента мислам дека попрактичен би ти бил краток фустан.
Би се сложила со kristii ако сте повеќе деверуши дента пробајте да се договорите да бидете во исто. А доколку си ти самата, тогаш избери го тоа во што тој ден ќе се чувствуваш најубаво. Иако според мене друга прилика освен свадбиве немаме за да носиме оние фустани кои секојдневно ги поставуваме во тамава (долги). Така да веќе кога си деверуша,би те личело да имаш некој долг прекрасен фустан.А тоа дали е практичен за играње? Се разбирадека ќе биде,освен ако не оставиш да се влече,должината е најмал проблем.