http://www.ecouterre.com/fancy-wearing-a-dress-made-from-100000-dressmakers-needles/ Фустан од Игли ... морав да го споделам ... малку и е голем на теткава Спојлер оваа тетка рекла дека има глава како тиква и дека не сака да и ја стават на сликава ова дефф би го носела
Овие фустани само по слики можеме да ги гледаме барем ние кои живееме во источна. Вчера прошетав низ неколку бутици, барав фустанче за нова година и ништо тотално ништо не ми фати око. Се некои стари модели од пред 3/4 години, све црно со оној набрчкан раб од страните За материјалот да не зборувам, како од рециклирана пластика да се правени Донеле само 5/6 нови модели и тоа све наџунџурени како за бал, со триста огромни китки, свилени подбро кажано премногу свечени за една новогодишна вечер. Не знам каква е ситуацијата во Скопје важно овде неможеш едно саглам фустанче да си најдеш. Или е прекратко или со премногу отворено деколте или премногу „свилено“... Еве јас вакво некое барам но којзнае кога ке го најдам. На св. никогаш - барем овде кај нас
Па јас од тоа што го видов низ град, а не барав нарочно само шетав, ситуацијата е бајаги алармантна Сите фустанчиња се како што ти ги опиша, некои евтини материјали, набран сатен, не само од страна по рабовите, туку и однапред, а потоа иде моментот - некој детаљ околу вратот во шљокици. На пример, онаа јака сина боја, во комбинација со сребрени шљокици, или некое кич анимал принт фустанче со златен околувратник... И се' беше прекратко, со гол грб, вулгарно, просто евтино и грдо , јас искрено да видам некоја облечена во тоа, ќе си речам оваа оди или се враќа од позади МТВ... Видов и нешто слично на ова, и бев буквално запрепастена кај оди светов...