Форумџика на годината 2020

Фу Фајтрс (Foo Fighters)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Wild.Child, 4 мај 2011.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    [​IMG]
    Фу фајтерс (Foo fighters) е американски рок бенд формиран во 1994 по распадот на Нирвана од нивниот тапанар - Дејв Грол.

    На музичката сцена се активни од 1995 година до сега.
    Имаат издадено седум албуми:

    Foo Fighters (1995)
    The Colour and the Shape (1997)
    There Is Nothing Left to Lose (1999)
    One by One (2002)
    In Your Honor (2005)
    Echoes, Silence, Patience & Grace (2007)
    Wasting Light (2011)

    Членови:
    Дејв Грол (Dave Grohl)
    Крис Шифлет (Chris Shiflett)
    Нејт Мендел (Nate Mendel)
    Тејлор Хокинс (Taylor Hawkins)
    Пат Смир (Pat Smear)

    Повеќе информации - тука.

    Дали ви се допаѓаат? Омилени песни, омилен албум, настап... Дискутираме тука. ;)
    Мои омилени се Тhe pretender, My hero, The Best of you, Wheels и така натаму, и така натаму. :D
    Од новиот албум според мене најдобра е Walk
    http://www.youtube.com/watch?v=QNT-e8AwmqU
    Како настап ќе го издвојам овој на Вембли. Која енергија, се ежам! :rock: Всушност, целиов концерт е одличен. :)
    http://www.youtube.com/watch?v=CC9knDTlc-Y
     
    На Phyramide, zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.516
    Да, да, да! :clap: (баш пред некој ден помислив зошто немаме тема за Foo Fighters и 3 Doors Down).
    [​IMG]
    FF имаат толку неверојатна енергија, секоја песна си е сопствена приказна.
    Покрај антологиските Pretender, Times like these, All my life, мислам дека емотивно сум најмногу врзана со
    BEST OF YOU и акустичната верзија на Everlong :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=h_L4Rixya64
    http://www.youtube.com/watch?v=PGQAfolOJUI

    Новиот албум им е супер, блазе си им на оние кои можат да ги видат во живо (Пирамид рече ќе им оди на концерт во август, Still Jealous :P ).

    Еден од ретките рок бендови кои не се измајмунисале за пари и не им опаднал квалитетот со секој нареден нов материјал.

    А ова среќно детенце кому FF му дојдоа дома, ме натера да си помислам дека имањето сопствена гаража не е толку лоша идеја.
    Слушнете само како звучат. ^_^
    http://mesto.com.mk/video/WSO68XK4Y4WW/ ... 0%B6%D0%B0
     
    На zhap4e, Phyramide и Wild.Child им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.356
    Допаѓања:
    103.049
    Пол:
    Женски
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.682
    Ми преостанува само да се надевам дека ќе наминат на Балканов. ;(
    Далеку се Германија, Франција, Шпанија... за жал. :(
    Заборавив во воведот да го постирам цитатов, кажано од Дејв, доста вистинито :) :
    :rock:
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    :rock: Oh yeah!

    А денес ТрендафиЉов кога ги спомна со новиов албум истото си го реков, а зошто немаме тема за овој одличен бенд? И ете, сторено :)

    Што да кажам за луѓево а што не е кажано?! Постиравте веќе од моите омилени песни. Кажавте и ми ги земавте од уста...зборовите :D

    Едноставно ме пленат. Не сум рокер до даска, но во нивен случај и уште кај некои бендови сум рокерка со тапија. Неверојатно ми се симпатични затоа што се гледа дека она што го творат, го творат со љубов кон музиката а не заради неколку зелени шушкави паричиња. Барем верувам во тоа, ве молам не ми ја одземајте илузијата :$
    Ми помогнале во времиња кога сум сакала да вриштам, во времиња кога сум сакала да плачам, или да воскреснам. Наоѓам голема инспирација во нивната музика.
    А Дејв ми е :x Ви текнува не едно далечно доделување на MTV European Music Awards мислам во 2006? Кога Dave Grohl беше еден од водителите? Мислам дека до ден денес се смеам каков беше крајно ироничен и саркастичен со сите ѕвезди кои ги пречекуваше на по некоја пијачка на шанк.

    Еднаш пишав некаде, сега ќе се повторам. На VH1 има една прекрасна музичка емисија која се вика Storytellers. Воглавно се работи за мал, коморен концерт на кој самите изведувачи си кажуваат...прикаски како интермецо помеѓу песните. Го гледав делот со Foo Fighters и толку ме воодушевија со музиката и секако со муабетот, што на самиот крај ко лудача станав со насолзени очи и аплаудирав, мислиш и јас сум таму во салата. Да, знам за КУКУ е работава, ама како да не станеш на она што го кажа Dave?!

    Повелете :)

    http://www.youtube.com/watch?v=L0IIgJFTH5w
     
    На zhap4e, Wild.Child и Trendafilka им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
    :rock:
    Оваа ми се допаѓа многу, се сеќавам кога излезе... Прв пат кога ја слушнав се сеќавам, бев шесто одделение, и истиот ден очајно барав Конверс патики низ цел Велес :D Ете така, секогаш кога ќе ја слушнам ме потсеќа на тоа и ме враќа кога бев мала :)
    http://www.youtube.com/watch?v=rhzmNRtIp8k
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    ми се свиѓа оваа група, но најмногу кеиф ми прават последните песни, од нив најомилена ми е оваа песна:

    http://www.youtube.com/watch?v=SBjQ9tuuTJQ тука ми се баш супер во право хард рок издание, а да не кажувам за песната никогаш не ми здосадува и музика и текст кои ги обожавам.

    http://www.youtube.com/watch?v=ONkiLR5E ... ure=relmfu

    http://www.youtube.com/watch?v=h_L4Rixy ... ure=relmfu

    иако ги имам многу омилен сепак овие ми се топ 3.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.898
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Квалитетен бенд.
    Не се експонираат многу, ама затоа се доста слушани.

    Новиот албум сеуште им го преслушувам.Еве нешто што ми остави впечаток.

    http://www.youtube.com/watch?v=OyGkq5if ... ure=relmfu

    И нивните познати хитови.

    http://www.youtube.com/watch?v=X_rTTsZZ ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=xQ04WbgI ... re=related

    Едит: http://on.net.mk/video/muzika/fu-fajters-vo-garazha
    Колкав среќник е човеков :o .
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Dave Grohl. :bow:

    DOA ми е омилена песна од нив.
    Едноставно ја има моќта да буди чувства и чувства.
    Акустичката верзија на Everlong е божествена. :x
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    На Wild.Child, GreenEyes и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. musicgirl55

    musicgirl55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    56
  13. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    The pretender && All my life - најдобри песни :D
     
    На Safira26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bellatrix

    Bellatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    26
    Омилени!
     
  15. OneStepCloser

    OneStepCloser Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    64
  16. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.790
    ^
    Се сложувам.

    Ги дознав пред година-две но знам само мал дел од нивните песни. Она што го имам чуено се` уште ме воодушевува.

    Best of you ми е all-time favorite од FF и меѓу најомилените воопшто. Песнава ме раздразнува, расплакува, распарува, натажува и ме лути. Ја пеам и се дерам заедно со Дејв.
    A изведбата во Вембли е лудило, ја обожавам. :inlove:
    Everlong пак, ме смирува и вознемирува.. често и двете додека трае. Кога ќе го чујам почетокот Hello, I've waited here for you.. Everlong. чувствувам небаре градиве ми станале претесни.
    Со The pretender ја истурам сета лутина од мене, за сите (не)луѓе кои шетаат на планетава.

    Покрај овие ги сакам и Wheels, Walk, My hero и Aurora.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.