Ги испофалив вечерва околу Бубамарава , па бидејќи знам дека во категоријава има одамна теми и за вакви емисии (како за Еднооки и Зевзекманија) - а за нив немам видено и проверив дека сè уште нема, ми текна и решив да отворам една Хумористична емисија којашто преку сатира го прикажува секојдневието, во голема мера и политиката, но како што кажав прејаки ми се бидејќи се мајтапат подеднакво - и лево, и десно, и со помалите партии Доста успешни се колку што гледам на фејсбук, сега се ептен актуелни со политичката пародија на Hello... а и две гифчиња од емисијата сум видела дека се вртат по странски сајтови - со птицата и она со запросувањето некни Мене ми се моментално омилени, next level свеж хумор и сатира во етерот... На некој начин се како К-15, плус со самото присуство на легендата Бранко Огњановски во екипата - но имаат нов и поинаков откачен шмек. Прочитав вчера баш на твитер дека Моџо (што и глумеше како Спиро Енергија до минатата сезона) им бил задолжен за сценарио, па не е ни чудно со оглед на тоа што ми е врв од ѕвездите на социјалниве мрежи Се надевам дека ќе продолжат така објективно и со супер сатира, за разлика од Еднооки и Зевзекманија на коишто одамна некако им избледне хуморот според мене... Ги гледате ли, што мислите за нив... ако ви се океј, кој ви е омилен скеч?
Ххахахаха, заслужено си ја лапнаа Бубамарката имаат некои јаки скеча, еве ги и моите омилени, значи кога и да ги гледам - Урлам КРАЈ! NO1 Овие ми се топ4, заедно со добро познатата песна ХЕЛОИ ИЦ АЉИ Супер се, пријатно освежување на малите ни екрани
Многу се јаки овие од „Фчерашни новости“. И најавната шпица кажува дека се ЛУДНИЦА. Откако ја слушнавме сите „Hello“ сите пеевме „хелоу Зоки како сиии, да ти кажем ФАЛИМЕНДЕРИИИТ . Дека имаат смисла за хумор, имаат, тоа не е спорно.
Новиов водител никогаш не сум го замислувала као албино-џинџер. Али сум умирала на видеово каде не може да ги прочита вестите, и пцуе се по список, и го вика Господ да го земе! Значи исто ко мене, ќумрам! ,, Дај земи ме Господе у пичку материну! ,,
Леле од кај го најде жити сè Кога се појави овој минатата недела многу ми беше познат гласот, има многу читано на тв, ама видеово не сум го знаела Иначе супер си се пак и објективни, баш со смешка за вработените од твитер во влада почнаа In your face на хејтерите што викаа дека нема ни да се соберат за нова сезона оти ќе ги исповработеле демек сите у влада, или пак дека нема да имаат материјал за хумор оти не смееле да ги чепкаат СДСМ А зошто и Петар го смениле заедно со Јована бе?
Мене уште ми фали и сакам Спиро Енергија (Моџо) да се врати Дај нека му каже некој на човеков дека е цариште... не го бивало ич пред камера ццц, ај нека не се занесви