Од Достоевски ги имам читано само "Злосторство и казна" и "Записи од мртвиот дом". Романи кои просто те земаат и те носат во дејствието на книгата, онаму каде што ликовите се соочуваат со нивните животи, те пренесуваат во некој друг свет. Секако дека ќе ги прочитам и другите негови дела. Мајстор на пишаниот збор, се е толку сликовито и убаво искажано, навистина многу му се восхитувам.
Достоевски ми е омилен писател, ги имам прочитано: Бели ноќи, Идиот, Двојник, Коцкар и Бедни луѓе Коцкар е на некој начин автобиогравска, ја напишал за кратко време со цел да ги плати коцкарските долговите Омилена ми е Бели ноќи, мала книга но толку интимна, љубовна, посебна Достоевски не е писател чии дела можеш да ги читаш во тинејџерски години, не е препорачливо затоа што делата не се лесни, обработува психолошка и социјална тематика, неговите ликови се депресивни, несреќни кои немаат ни малку надеж за подобро утре, осудени се на пропаст и самоуништување
Понижени и навредени мислам дека му е најдобра од сите.А и една од најдобрите,ако не и најдобра книга што некогаш сум ја читал.
КАКО ДА ГО ПОБЕДИШ ЗЛОТО ОКОЛУ СЕБЕ - Фјодор Михаилович Достоевски Гледајќи го човечкиот грев, понекогаш остануваш во сомнеж, па се прашуваш: дали треба со сила да се победува или со смирена љубов? Секогаш и секаде одлучувај вака: ќе победам со смирена љубов. Се одлучиш ли така еднаш засекогаш, цел свет ќе можеш да го покориш. Смирената љубов е голема сила, од сите најмоќна, и’ нема рамна на светот. Секој ден и час, секој момент, надгледувај се себеси, изгледот да ти биде блажен. Ете, си поминал покрај мало дете, си поминал лут, со грди зборови, со повредена душа и можеби не си го ни приметил детето, но тоа тебе те видело, и ликот твој, грд и зол, можеби останал во неговото слабо и незаштитено срценце. Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби со тоа веќе си фрлил лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе порасне, а сето тоа само затоа што не си се воздржал пред детето, бидејќи во себе не си израснал внимателна и делотворна љубов. Браќа, не плашете се од гревовите човечки, сакајте го човекот и во неговиот грев, бидејќи кога некој го сака човекот грешен, тоа веќе е слика на Божјата љубов и е врвот на љубовта на земјата. Сакајте ги сите созданија Божји и во целина и секој нивен дел. Секој лист, секој зрак Божји сакајте го. Сакајте ги животните, сакајте ги растенијата, сакајте ги сите нешта. Доколку би го сакал секое нешто – и тајната Божја би ја разбрал во тие нешта. А доколку би ја сфатил еднаш, ти потоа неуморно ќе почнеш да спознаваш се’ повеќе, секојдневно. И ќе го засакаш, најпосле, целиот свет со сеприсутната Божја љубов. Животните сакајте ги: ним Бог им дал честичка од мислите и тивка радост. Не им ги нарушувајте и вознемирувајте, не ги мачете, не одземајте им ја радоста, не противете се на мислата Божја. Човеку, не се умислувај, не мисли дека си подобар од животните: тие се безгрешни, а ти, со своето величие, ти само ја загнојуваш земјата со својата појава, на неа трагата своја гнојна ја оставаш после себе – и тоа скоро секој, секој помеѓу нас! Децата сакајте ги, посебно затоа што се безгрешни како анѓели и живеат за да би не усреќиле и раздразниле; тие живеат заради чистењето на срцата наши, како некој патоказ за нас. Тешко на оној кој ќе повреди дете! Сите идеали на овој свет не вредат колку солзите на едно дете.
Фјодоρ Достоевсκи еден од моите идоли. Иаκо од него имам пρочитано едно дело, леκцијата за него се уште ми е свежа и мојата почит спρема него е статус κво од почетоκот па се до сега. Саκам да ги пρочитам неговите и делата на Толстој но не саκам од позајмени κниги. Ќе ги пρочитам нивните дела κога ќе ги κупам за да можам да ги зачувам и да се потсетувам од вρеме на вρеме на нив.
Ја читав само “Злосторство и казна” бидејќи морав ни ја дадоа за лектира. Мислев пак некое досадно срање како останатите дела, но ме изненади. Прекрасна и поучна книга
Еден од омилените автори што ги работевме во средно. Злосторство и казна е закон, не ни праам муабет со луѓе што не ја прочитале. Греота е таква добра книга да се пропушти. Сакам во слободно време да читам уште дела од него. Одличен е.
Мене искрено во трета ми беа најубави делата.Би сакала да се вратам во трета за пак да ги обработувам.Секое дело го имав прочитано и секогаш прва за дебати па дури и на прва смена во понеделник додека другите ме гледаа поспано јас дебатирав.Злосторство и казна беше и остана до сега мое најинтересно најнеобично и најубаво дело.Достоевски ми е мајстор.Книгата ја немаше никаде во мојот град ја барав на секаде,но на крај успеав да ја најдам и за рок од неколку дена ги прочитав тие 600и плус страни.Ликовите се типични секој со посебен став и посебна приказна.Пак би ја прочитала книгата само да имам малку слободно време.Злостоство и казна ми остави најсилен впечаток од сите дела досега што сум ги обработувала.Многу работи научив,во многу и се пронајдов.Достоевски сакав да го обработам како дел од проектната задача,но професорите не ми се погодени па се одлучив за друг.ИДИОТ би било следното дело кое би го читала од Достоевски.Ги сакам класиците иако ретко кој ги сака.
уф,колку го сакам овој писател за џабе не го викаат 13-от Апостол Ја имам читано Злосторство и Казна,Идиот, а Браќа Карамазови ја почнав и не ја дочитав не знам зошо,сум така некогаш неодговорна
Писател за човековата душа и душевните болки. Главни ликови во неговите романи се типови на човечки души. Никој не успеал да ја опише човековата душа како него, толку прекрасно и длабоко. Секогаш толку умешно го доловува тој меѓу простор, таа дупка, граница помеѓу доброто и злото, правилното и неправилното, убавото и грдото. Гениј!
Сакам да си купам книга од Достоевски. Ја имам прочитано само " Злосторство и казна". Но, би сакала да прочитам и други. Некои добри предлози?