Зависи од κај, од κој град си, ќе прашаш во било κоја κнижарница (веројатно знаеш во κоја κнижарница κај вас се продаваат κниги) и аκо ја нема моментално, ќе и речиш на κнижарκата аκо вршат нарачκи да ја запиша и твојата.
- Вие не сте Достоевски, - рече граѓанката, но некако збунета од Коровјов. - Од каде знаете, од каде знаете, - одговори овој. - Достоевски е умрен, - рече граѓанката, но некако не сосема уверено. - Протестирам! - пламено викна Бегемот, - Достоевски е бесмртен! Некогаш мислам дека малку е овој еден живот за човек да му се посвети со полно внимание и да го исчита Достоевски. Моментално ја читам Бедни луѓе, краток епистоларен роман, негово прво дело. Ах, Варвара... И кротката девојка, и Голјаткин, и Николај и Наташа, и Дуња, и Мишкин и Настасја, Ставрогин и Кирилов, и Коља и тројцата Карамазови. ♡ Никој како Достоевски не успеал така нежно, а толку моќно да напише последна сцена како оние за Нели и Коља. Ми требаше долго време за да се соберам по сиот плач. Ниту една друга книга не е дел од мене како Браќа Карамазови. Кога на седумнаесет не можев да ги пронајдам точните зборови за да ги опишам превирањата што ги чувствував, наеднаш ги видов пред себе срочени во маестрална целина. Книга за гревот и наследната вина, вечното искупување и слободата. Читана ми е неколку пати и секојпат одново ме тера да застанам на истите подвлечени места од претходно и долго да размислувам за вистината. Не ја негирам големината на Големиот инквизитор, впрочем таа расправа може слободно да се чита и засебно од целината, ама мене ме измести Бунтот. Бунтот, заедно со монолозите на Кирилов, имаат иста моќ да ми изместат внатрешни светови и по години од првиот прочит. Spoiler Нека ми ги купи некој за роденден
За мене секогаш број еден, Достоевски. Воодушевена сум од начинот на пишување. Вклопувањето во повеќе улоги во исто време. Извонредна моќ за опишување на се, да те стави како да си на лице место. Маестрален е неговиот придонес за книжевноста.
не верувам многу во хороскоп ама Достоевски е вистински шкорпион по карактеристиките го гледам филмот идиот и сакав да знам подетално за него од една страна на прв поглед досадно ама не те оставаат делата рамнодушен бе. Толку мистериозен и длабок и страствен писател.
Веста е стара неколку години, но се уште мислам на неа: https://popara.mk/2020/dostoevski-n...ramovich-plati-dolg-star-povekje-od-eden-vek/
Dostoevski vlegue direkno vo psihata NS karakterot. Sličen pisatel e Meša Selimović. Na prvo mesto kako najdobar pisatel e Dostoevski pa 10 prazni mesta i togaš ostanatite.
Пример за добро пишување. Јасно, прецизна мисла. Долги таман колку треба. Буквално сите елементи за добар роман ги има кај него. Има многу странски романи, кои имаат само 30-50 страници кои се во ред, другото натаму, буквално дејството се губи и завршува нејасно, недефинирано, нема никаква порака.
Еден и единствен. Зарем постојат возрасни луѓе барем на Балканот што не прочитале ниту една книга од најголемиот писател на сите времиња ? Достоевски мора да се прочита еднаш у живот. По не знам кој пат последна ја прочитав Коцкар. Инаку на 4 год возраст мајка му ја користела Библијата за да го научи да пишува и чита, а понатака го запознала и со сериозна литература како Гете , Пушкин итн . Инаку бил епилептичар и нормално голем коцкар
Не се доискажав што е финтата. Евреин го отплаќа долгот на истакнат антисемитист, многу романескно и анегдотски. Инаку, книги од Достоевски имам во сопственост со самото мое раѓање. Не знам какви времиња доаѓаат, дали ќе смеам да ги задржам
Сретнав податок кој е интересен и ќе го споделам. Орхан Памук во една од своите книги пишува дека имало обвинувања дека Достоевски во една своја книга има дел кој бил украден од турски трактат.
Достоевски заедно со Толстој, Гогољ и Чехов е нешто најдобро што и се случило на руската и на светската литература.
Човекот е легенда, генијален, еден и единствен. Ги имам прочитано сите негови дела, и секој пат кога ги читам одново и одново ме оставаат без здив и ми влијаат различно во зависност од тоа во каков период се наоѓам. Достоевски удира директно во сржта.