Вакцинатане предизвикува спонтани абортуси. Сите жени што имале спонтан, мисед, биохемиска, вонматерична не значи дека имаат примено вакцина, напротив таа вакцина за ХПВ е редовна после 2000та година(не знам точно од која, гледам едначленка пишала 2009та), но жените и од 90те и 80те се мачат со вакви работи и без вакцина. Причина е начинот на живот, исхрана, воздух итн. Најголемиот проблем за спонтани е генетиката т. е. голем процент од жените имаат висок ризик од тромбоза а жал ваквите испитувања се прават после 5 спонтани абортуси. Дури и жените што имале најредовен циклус и од прва останале трудни и износеле школска бременост понатака може да имаат проблеми со зачнување, спонтани, вонматерични, запушување на канали, туби итн. Кратко кажано сето тоа нема врска со неплодност.
Не знам со која вакцина сум вакцинирана ама знам дека 2 дози хпв имам примено во основно училиште, и една во средно кога почнав. Никаков проблем сум немала ни со циклус ни со забременување. Сега имам дете, од втор обид се фати, и фала богу нормална бременост имав. Не знам од каде ти е идејава за поврзаноста на вакцинава и неплодност, имаш ли направено други испитувања?
На истиве прашања има дискусија на една од групите Женски домаќински муабети. Јас и сестра ми ја имаме примено вакцината, јас имам нередовен, она има редовен циклус. Не би кажала дека тоа се должи на вакцината, секое тело е различно. Живееме стресен, брз живот, се хранеме со којзнае што, се повеќе жени имаат проблеми со забременување... Не знам, се уште не сум стигнала до тоа да правам дете така да не е мое да зборам. Со среќа
Ако е задолжителна вакцинава изгледа и јас сум вакцинирана.Јас сите задолжителни ги имам примено, едино мајка ми ако не се бунела, кај да видам дали сум вакцинирана?
Благодарам на сите одговори. Сакам само да кажам дека сум вакцинирана со све што е задолжително а Хпв вакцината ја примив доброволно (јас одлучив, не моите родители) така да неможе да ме апострофирате како антивакцерка. Контрадикторно е. Не ви пали. Пс. Да, правев многу испитувања, без да добијам задоволителен одговор. Во секој случај ми влева надеж кога ке прочитам ваш одговор со кој кажувате дека без проблем сте родиле прекрасни дечиња.
После 7 год . обиди имате направено испитувања со партнерот валјда ? Што покажуваат ако сте направиле ?
Провери во здравствената книшка. Во 2009/10 ги донесоа кај нас како задолжителни ама еве јас ја немам примено тогаш имав 10 години а она се прима до 25 години доколку сакаш и имаш помалку од 25 можеш да ја примиш.
Јас ја немам примано. Ни дадоа избор кој сака да прима со согласност од родител, од наш клас ниедно девојче не ја прими. А и од школо општо многу мала заинтересираност имаше како што знам. Едит: Сега гледам дека во 2019та во вакцинален календар била ставена ко задолжителна. Може се водела ко задолжителна ние кога примавме вакцини тие години, но уште беше по избор зошто беше ново воведена. Еве и другарки баш прашав, никоја не е вакцинирана за ХПВ.
Да, секако. Но без разлика на сите резултати, причината зошто одеднаш ми се поремети циклусот и се' уште имам маки не ми е позната. Коренот на проблемот со други зборови докторите на знаат да го објаснат.
Беше и за нас задолжителна, ама не правеа проблем ако не ја примиш дозволуваа избор и тоа се чуваше како јавна тајна, доста не ја примија, а и не форсираја нешто да се досадни и слично.
Јас само една доза вакцина против хпв имам примено. Баш тогаш ко станала задолжителна имав 12 години. Рекоја дека ќе не' бараат за другите дози но им се потрошиле па долго време немаше и не ми дојде веќе покана, па останав со една доза само. Инаку мислам дека нема врска вакцината со плодноста (), најголем виновник за неплодност е модерниот начин на живот и генетика можда. Колку жени зачнале на прво и имале сосема нормална бременост а вакцинирани со сѐ што треба.
Тироидната жлезда ја проверив. Пијам левотироксин. Имам и мтхфр мутација на генот и земам метилирана фолна и б12 метилирано. Тоест (како што докторката ми објасни) имам поголема можност за згрутчување на крвта и мозочен или срцев удар. Затоа не ми се допаѓа новата вакцина и сите бустери дополнителни.
Истата вест ја забележав сабајлево на странски вести. Интересно е како е сѐ централизирано. "Lupus in Fabula".
Нњ сум примила,па 1 год. се обидуваме за дете, 2022 почнуваме со подетални прегледи, дека 1 год. било нормално..