Вакцинирана сум и имам три деца. Не гледам никаква поврзаност на вакцината со неплодност, не поради сопственото искуство, туку поради несоодветни, да не кажам никакви докази.
Вакцинирана и ревакнирана и моментално бремена, останата природно , тезата за хпв и неплодност е според мене чиста глупост! Не верувам во рекла казала муабети и статии од самопрогласени доктори кои се читаат на вц шолја дури скроламе на фб. Реален доказ не постои.
Ме интересира кои испитувања се прават, на кој начин и во која/каква лабараторија за да се докаже дека вакцината е причинител за болеста. Постојат повеќе видови на хпв, за жал не сите се содржат во вакцината, барем според она што јас го знам за овој вирус. И мислам дека одредени се пренесуваат исклучиво сексуално, а некои и преку контаминирани површини.
Би сакала да знам да ти дадам одговор ама стварно не сум упатена у темата ни малку. Освен оваа ти што го кажа најосновното го знам и јас.
Нема докази. Има само еден куп прашања на кој всушност докторите не знаат да дадат одговор. Кога ги прашувам што е тоа што ја предизвикало "болеста", немаат одговор. Даваат некаква си дијагноза и препишуваат лекови. После одредено време доколку нема резултат, одговорот на лекарите е да се оди на инвитро. Се чуствувам повеќе како објект, не како човек. Природното исчезнува, баш тоа природно што го прави убав живот за живеење..
А зошто мислиш дека баш оваа вакцина е причинител за неплодност? Еве јас не сум вакцинирана, до 18 години сум хранета релативно здраво, со домашно одгледувани овошје и зеленчук, домашно месо, скоро секогаш домашно готвени оброци, изобилство од овошје/зеленчук во исхраната, па еве повторно имам проблем со идиопатски стерилитет. За жал причинителите за вакви состојби никој не може да ги посочи. И мене ми е криво што ете никогаш не сум претпоставувала дека ќе имам проблем, ама за жал го имам и се помирив. За среќа науката нашла решение и за оваа наша "билест" и останува да се бориме.
Другарка моја е вакцинирана па роди две деца, а јас не сум вакцинирана па се борам 6 години со стерилитет. И за вакцината за ковид се збори разни работи јас ги примив и двете дози фајзер па си добивам мензис секој месец точно на време не ми задоцнила ни еден ден.
Единственото нешто што ме тера да се сомневам, како што напишав во претходен пост, е тоа што циклусот ми се поремети истиот месец по примањето на вакцината. Ги примив сите три дози. Но после тоа требаше да пијам апчиња за да може да добијам менструација(пет циклуси). Дали науката нашла решение е прашање, многу жени ни со инвитро не успеваат а парите летаат. Но, така е, мора да се бориме.
Јас хпв вакцината ја примив на 18год 3 дози беа како што паметам на 2 месеца ги примав се најнормално помина. После 6 год имав хпв тип 64 средно ризичен, но со адекватна терапија го искоренив. Инаку останав природно трудна си родив..