ХРТС (HURTS)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Phyramide, 26 јануари 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    HURTS се британско дуо од Манчестер. Theo Hutchcraft (главен вокал) и Adam Anderson (синтисајзер) токму заради овој основен инструмент кој е употребен се заслужни за синтпоп звуците кои се карактеристични за оваа група.

    Hurts се свежина во музичкиот етер ширум светот кои на крајот од минатата деценија изненадија со својата појава и музика. Верувам дека не постои некој кој не се сеќава на одличната Wonderful Life која како блага зараза влегуваше постепено во потсвеста на секој еден човек кој ја чул или само заслушнал некаде ова лето. Се сеќавам дека мене ме вовлече песната како правосмукалка. Останав пред се прикована на каучот заради преубавиот спот, заради модерниот танц на девојките, заради зајдисонцето, заради мрачниот спот кој сепак некаде далеку на запад нуди последни зраци на надеж. А песната ме остави :x
    Според мене, Хртс се токму такви. Тмурни, налик депресивни но со својата музика влеваат некое проклето опојно чуство на среќа и надеж.
    Иронично, токму албумот со кој дебитираа во септември, минатата година носи наслов Happiness.
    Прв пат го ислушав цел. Го пуштив втор пат, па и трет пат и си реков, среќа?! Каква среќа богати? Вака ли звучи среќата?! Или овие имаат некој чуден смисол за хумор? :)

    Ми се допаѓа што благодарение на Hurts се врати на сцена типичниот електричен звук на 80те години. Ме вратија назад во времето. Будат во мене прекрасни чуства и се надевам дека и понатаму ќе продолжат во истото темпо.

    Омилени песни? Wonderful Life (и покрај тоа што е вртена милион пати насекаде), Evelyn, Unspoken, Sunday...тешко ми е да издвојам една.

    А вие? Колку вам ви се допаѓаат Hurts? Каков е вашиот впечаток за музиката која ја прават?

    Патем, да не заборавиме - оваа година, еден ден после роденденот на другар Тито, овие Британци ќе не почестат со своето присуство на скопското Кале. Епа да им направиме една „штафета на младоста“ а? :)
     
    На 1209, Hipica, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    При првото слушање со дечко ми, самиот забележа дека имаат некој 80's призвук и баш ми е мило поради тоа.
    Ме опуштаат, магични се, одамна заборавен звук, завиткан во свежа хартија и панделка.
    Еден од поинвентивните бендови во поново време, многу ми се допаѓаат, нека се множат синглови и албуми, јас со душа ги чекам во Скопје.
    Омилени песни:
    Stay и Blood, Tears & Gold.
    Омилен стих, кој си го поистоветувам со себе - Alright, everything is alright
    Since you came along
    :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=JBOEsQCdqpI
     
    На 1209 и Krisi им се допаѓа ова.
  3. LanA..ana

    LanA..ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    32
    ГИ ОБОЖАВАММММММММММММММММ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    26 мај скопско кале .................ЕДВАЈ ЧЕКАММ!!!!
     
  4. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    Хм, овдека морам да дадам еден disagree, не ми се допаѓа групава. Најпрвин кога ги слушнав прво нешто што си помислив е како да ги слушам Дипеш Мод одново. Не знам дали и друг приметил но дуово има огромни примеси на Дипеш Мод музика во нивните песни. Тие ја воведоа ваквата музика, а овие не ми се разликуваат од нив. Кога слушам други групи кои имаат влијание од бендовите од 80тите, знам дека имаат такво влијание, но никогаш не заборавам дека ги слушам нив. Овде не е така, не ги чувствувам како слични но сепак оргинални.

    Сепак уште се млади во музиката, нека снимат повеќе албуми, кога ќе излезе нов албум ќе им дадам шанса, ќе го слушнам, па пак ќе дадам коментар. Значи мораат уште да се надоградуваат, мораат да најдат свој пат, за да не бидат во сенка на други групи.
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Спаркс, а видиш на Дипеш никогаш не ми ни текнало, веројатно затоа што не сум им голем обожавател и ме напнува веќе кога ќе чујам некои нивни песни :tmi:
    Мене веднаш ми текна на Pet Shop Boys или пак на New Order кога ги чув прв пат. Сепак мислам дека имаат далеку од Дипеш, мој личен впечаток. Дипеш тераат накај рок веќе а овие прават повеќе поп и тоа без никакви гитари, строго на синтисајзер. Баш ги анализиравме со еден другар музичар пред некој ден. Инспирираат морам да признаам, барем за анализирање.

    Сепак прашање на вкус е ;) Една моја другарка кутрата, не ги поднесува а цимерката нејзина ја труе дома со нив. Баш ја жалам греотка што е принудена да ги слуша а толку и се одбивни :)

    Туку ме поттикна да чепкам малце повеќе за нив и наводно Тео рекол дека не биле инспирирани од музиката на 80тите туку од почетокот на 90те и тоа поточно од еден италијански стил кој се вика Disco Lento што би било во превод, бавна диско музика и дека целта им била да направат „heavy, emotional, and atmospheric love songs“. За ова морам да речам дека си ја исполниле целта до точка, затоа што песните токму такви и се.
     
  6. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Мене да ви кажам право многу ми се свиѓаат, и не ми личат на Депеш уопште. Интересни ми се, ја сакам ваквата депресивна, меланхолична но сепак толку позитивна музика. Сакам да идам на концерт у мај, само уште официјално да искочат и карти и информации.Единствен проблем ми ешто имаат само еден деби албум, па незнам како ќе изгледа тој концерт, немаат доволно материјал за концерт ама ајде :)
    Песни кои најмногу ми лежат се, Stay- на прво место, Blood,tears & gold и Wonderful Life
     
  7. xAne

    xAne Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2010
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    8
    На почетокот само Wonderful Life и Stay ги имав слушнато од нив и многу ми се допаѓаат. Откако прочитав дека ќе доаѓаат во Скопје решив да го симнам албумот и да го преслушам. Имаат добри песни а омилени ми се Blood, Tears and Gold, Better than love, Sunday, Unspoken. :)
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    Уф, ги обожавам Хртс. Песни што влегуваат во уво уште при првото слушање. A Тео :inlove:
    Не знам, има нешто мило во нив и ми се чини не може човек да не ги сака :)
    Омилена песна? Па не верувам дека сакате многу да се смали лизгачот од страна :wasntme: па затоа ќе речам дека сите до една се прекрасни.
     
    На viki44e и kate21 им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    4.715
  11. HeartlySmile

    HeartlySmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    50
    Не ги слушам многу,но имаат убави песни :)
    најубава ми е stay!
    http://www.youtube.com/watch?v=1nP3XB7hrFo може да ми кажете само каде можам да купам карти?
     
  12. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    7.601
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    4.715
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Desperate

    Desperate Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Ги обожавам! Многу ми се оригинални и поразлични од сите останати што се појавуваат периодов. Одвај чекам 26 мај :inlove:
     
  15. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    7.601
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    Само Wonderful life ја знам, прв пат кога ја слушнав си помислив пуштаат некој евергрин, стара песна или некој преработл песна од 80ти години, секако дека се освежување и тоа ме радува, други нивни песни не сум слушнала, во секој случај супер се, не се сомневам во нивниот сенс за музика.

    едно нешто приметив во горенаведената песна, се спомнува Сузи, што е финтава со името? во многу песни го имам слушнато?
     
  17. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    7.601
    Се разликуваат од останатиtе пејачи многу се посебни и специфични.
    Имаат преубави песни а посебно текстовите кои ми смируваат многу, , прва песна од нив што ја слушнав беше ''Wonderful life" спотот ми беше многу глуп но со песната "Stay" ме освоија потполно. Единствени се и посебни се издвојуваат од останатите.

    Ми се допаѓа ова песна :

    http://www.youtube.com/watch?v=j4IngwZBCC4

    I think we'll never change
    And our hearts will always separate.
    Forget about you
    I'll forget about you.
    The things we never say
    Are better often left alone.
    Forget about you
    I'll forget about this time.

    But it's the same old situation
    We made it through this far. Oh.
    We watched the rockets kiss the sky.
    I saw the flames burn out in your eyes.

    Nothing that I do
    Will ever be enough for you
    Whatever I do, whatever I do.
    Take me as I am
    I'll never be the other man.
    Forget about you
    I'll forget about this time.

    So won't you save this conversation
    And find a better time? Oh, oh.
    Don't you ever understand
    That if it hurts I'll do whatever I can?

    And if it's set in motion
    I'll watch it all pass by.
    And leave the rest unspoken
    I'll never change my mind.

    Leave it unspoken, leave it unspoken,
    Leave it unspoken, leave it unspoken now. (x4)

    So just let me go
    I won't change my mind.
    I'd rather be lonely
    Than be by your side.
    And nothing you say
    Could save us this time.
    I'd rather be lonely.
     
  18. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    7.601
    Не знам и јас што е финтата со името можеби е за некоја девојка што имала проблеми во животот ;)
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Омилена група ми се!

    Најомилена песна од нив ми е Wonderful Life. Песнава НИКОГАШ не ми е досадна, колку и да е слушам!
    Исто така и Stay е многу убава а и unspoken :) :inlove:
    Многу сакам да одам на 26 Мај, ама ќе видиме :| Инаку еве нешто повеќе :)
    http://www.youtube.com/watch?v=ABP7lgL-HMY
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    инаку за сите фанови на гурпава да ве известам ако досега не сте слушнале, ако сте, ок се извињавам :D .

    ГРУПАТА ДОАЃА У СКОПЈЕ НА СКОПЈЕ ГОРИ! јеееее!!!!!!!!