1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хааб календар-што ни предвидуваат Маите

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Snow-Queen, 3 октомври 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Во последно време мошне актуелна тема се разните предвидувања на одамна изумрените Маи, што биле мошне напредна цивилизација. Една од најинтересните теми е нивната астрологија. Постојат многу несогласувања и различни мислења за астрологијата на Маите за кои се расправа и ден денес.

    Она што е познато е дека календарот на Маите, таканаречениот Хааб календар се користи и за интерпретација на 12 хороскопски знаци, за да се претстави циклусот на денови во годината, а многу значења и симболи се засновани на културолошки и верски аспекти, важни за културата на Маите. Основните значења на хороскопските знаци за овој интригантен народ се следните:



    Chen (1 јануари - 21 јануари)

    Симбол: Месечината, племенитост, црна бура, Запад

    Оригинален превод: Влегување во суштинската племенитост и мудрост

    Опис: Луѓето родени во овој знак се мудри и чувствителни. Големо внимание му посветуваат на религијата и духовната страна на животот.



    Yax (22 јануари –10 февруари)

    Симбол: Зелена бура, Венера, Југ

    Оригинален превод: Дисциплината го разбиструва умоти и го просветлува патот
    Опис: Сите личности се благи и љубезни, тешко остваруваат мир и хармонија во сопствениот живот и луѓето околу нив. Тие се прецизни и имаат практичен ум.


    Sac (11 февруари - 2 март)

    Симбол: Бела бура, жаба, Север

    Оригинален превод: Облаците и сомневањето ги уништуваат сните

    Опис: Личностите во овој знак се прилагодливи, сакаат промени и патувања. Одлучни се и секогаш спремни да преземат одговорност и да ги доведат работите на исправен пат.


    Keh (3 март - 22 март)

    Симбол: Оган, бела мечка, дрво, Исток

    Оригинален превод: Ослободете се од навиките со весела песна и барајте нов сјај

    Опис: Луѓето во овој знак се желни за промена и не се плашат од ризици, не се свртуваат во минатото и не се каат поради нивните постапки. Сакаат изненадување и авантури.


    Mаk (23 март - 11 април)


    Симбол: Затвореност, поврзаност

    Оригинален превод: Зачекорете во суштината на проблемот и решете го она што не е добро

    Опис: Овие личности се перфекционисти по природа, и се добро организирани. Тешко покажуваат емоции и се затворени.


    Kankin (12 април - 1 мај)

    Симбол: Жолто сонце, куче, земја

    Оригинален превод: Примете ја светлината како мудрост на вистинскиот учител

    Опис: Родените во овој знак се уметнички настроени, склони кон учење, а посебно во окултните науки ги искажуваат нивните најдобри способности.


    Muwan (2 мај - 21 мај)

    Симбол: Млад орел, богот на дождот и облаците

    Оригинален превод: Поглед во темнината

    Опис: Овие луѓе се тврдоглави и издржливи. Не гледаат само на надворешниот изглед; склони се кон анализа и психологија и имаат мошне развиена интуиција.



    Pax (22 мај - 10 јуни)

    Симбол: Музика, пари, време на сеење, јагуар

    Оригинален превод: Свирење на музиката на иднината

    Опис: Овие луѓе се иновативни и уживаат во секој момент во животот. Спремни се да преземат контрола над ситуацијата и предодредени се да бидат лидери.


    CAYAB (11 јуни - 30 јуни)


    Симбол: Месечина, желка, ритам

    Оригинален превод: Со песната и ритамот

    Опис: Луѓето во овој знак воглавно се добри глумци, пеачи и воопшто забавувачи. Тежнеат кон хармонија и сите нејзини облици.


    Kumku (1 jули - 20 јули)

    Симбол: Бог на дождот и растенијата, крокодил, житарици

    Оригинален превод: Оној кој ја сознава суштината добива духовна храна

    Опис: Овие луѓе се склони кон книжевност и филозофија, и имаат потреба да стигнат до суштината на значењето на животот.


    Wаyeb (21 јули - 25 јули)

    Симбол: Богот на земјата, природата
    Оригинален превод: Сите кои прават грешки
    Опис: Среќата е свртена кон луѓето во овој знак, често им е загарантиран успехот на сите полиња, иако се брзоплети и поради тоа прават многу грешки. Исто така, тие се дарежливи и добри.


    Pop (26 јули - 14 август)

    Симбол: Пума, лидер

    Оригинален превод: Учител

    Опис: Родените во овој знак имаат талент да ги пренесат своите знаења на другите и имааг големи аналитички способности.


    Wо (15 август - 3 септември)

    Симбол: Ноќ, гром, земја

    Оригинален превод: Тивок истражувач

    Опис: Во животот настојуваат да стекнат високо образование, имаат одлични ораторски способности.


    Zip (4 септември - 23 септември)

    Симбол: Планина, космос, црвено небо

    Оригинален превод: Сила којашто го движи светот

    Опис: Овие луѓе имаат богат друштвен живот, жртвуваат се и се навистина добри пријатели.


    Zotz (24 септември - 13 октомври)

    Симбол: Лилјак, риба, почеток на зимата

    Оригинален превод: Знаење и свест

    Опис: Луѓето родени во овој знак се несебични и се грижат за луѓето од својата околина. Вредни се и емотивни.



    Zec (14 октомври - 2 ноември)

    Симбол: Земја и небо

    Оригинален превод: Создавање

    Опис: Овие личности имаат способност во секој момент да ја преземат иницијативата, дисциплинирани се и трпеливи во реализација на нивните планови.


    Xul (3 ноември - 22 ноември


    Симбол: Бог на ветрот, филозоф, мала птица

    Оригинален превод: Оној кој сее знаење и умеење

    Опис: Личностите во овој знак се сталожени и трпеливи. Се занимаваат со филозофија и сите видови на теоретски науки.



    Yaxkin (23 ноември – 12 декември)

    Симбол: Сонцето кое изгрева, плодните полиња

    Оригинален превод: Светлото на штотуку роденото сонце

    Опис: Овој знак дава креативни, иновативни и импулсивни луѓе. Тие се харизматични и духовити.



    Мол (13 декември - 31 декември)

    Симбол: Мудрец, оној кој создава, вода

    Оригинален превод: Оној кој ги составува сите делови во една целина

    Опис: Овие личности воглавно имаат истражувачки дух, а често нивните достигнувања ги прават поголеми отколку што се.
     
  2. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403

    Snow-Queen- КРАЛИЦЕ баш е сево ова точно
    СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ДЕВОЈКАВА
     
  3. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    браво полн погодок!!!
    Zotz (24 септември - 13 октомври)

    Симбол: Лилјак, риба, почеток на зимата

    Оригинален превод: Знаење и свест

    Опис: Луѓето родени во овој знак се несебични и се грижат за луѓето од својата околина. Вредни се и емотивни.
     
  4. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    684
    се е вистинаа ;)
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Zec (14 октомври - 2 ноември)

    Симбол: Земја и небо

    Оригинален превод: Создавање

    Опис: Овие личности имаат способност во секој момент да ја преземат иницијативата, дисциплинирани се и трпеливи во реализација на нивните планови.



    Интересно , се е точно.
     
  6. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    WOW, супре се е скоро точно! Инаку Маите ми се омилените ликови за истражување! :D
     
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    Опис: Луѓето родени во овој знак се несебични и се грижат за луѓето од својата околина. Вредни се и емотивни.
    -Си се пронајдоф.
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Симбол: Месечина, желка, ритам

    Оригинален превод: Со песната и ритамот

    Опис: Луѓето во овој знак воглавно се добри глумци, пеачи и воопшто забавувачи. Тежнеат кон хармонија и сите нејзини облици.
    не баш :(
     
  9. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Има вистина :)
     
  10. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Паа.. точно донекаде. :D
     
  11. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Речиси се е точно. :)
     
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900