Хаику е вид јапонска поема која обично ја опишува природата и содржи мошне емотивна перспектива. Хаикуто и неговите творци се свртени кон ситните, обичните, речиси безначајните нешта, најчесто нешта кои се дел од природата. Токму поради тоа, карактеристично за оваа поезија е тоа што не изобилува со литературни украси, туку има многу едноставна структура. Хаику се состои од 3 стихови и 17 слогови. Во првиот стих се користат 5 слогови во вториот стих се користат 7 слогови и во последниот стих се користат 5 слогови (формата е 5-7-5). Седумнаесетте слогови на хаику песната не се стремат да го опишат неописливото, туку да го поттикнат читателот да го доживее она што го почувствувал поетот. Хаику поезијата нема рима, а тематски е слободна, освен тоа што редовно содржи збор што одредува на кое годишно време се однесува. Тој збор не мора да биде непосредно именка или придавка на некое годишно време. Тоа може да биде збор што на некој начин детерминира или сугерира одредено годишно време, на пример: за цутот на црешата се смета дека го става хаику во пролет, лилјанот во лето, хризантемата во есен, репката во зима. Таквиот збор може да биде некоја билка, животно, некоја природна појава, човечка дејност, свеченост и слично. Токму ваквата структура прилично го отежнува процесот на преведување на хаику во други јазици, но и поради самиот факт дека јапонскиот јазик во многу нешта е значително побогат од европските, особено во зборовите кои опишуваат чувства, впечатоци, атмосфера. - - - - - Дали ви се допаѓа хаику поезијата? Сте се обиделе ли да напишете по некој стих? Мене ми е искучително интересна, иако никогаш не сум пробала да напишам нешто, од проста причина што секогаш се изразувам на долго и широко Освен тоа, не љубам да сум ограничена во некаков формат. Но често читам хаику и особено ми се допаѓа тоа што имаме македонска хаику поезија која доживува и печатена верзија Еве дел: Свири чајникот како воз што пристига од далечини. Две штипки сами на жицата виснати бавно паѓа ноќ. Капна лист. Есен. Низ оџак ѕирка облак. Ти - сама. Јас - сам. Кога ми треба огледало гледам во Месечината. И еден мој обид: Небо од пурпур Го покрива овој град Ни носи сништа. (15 минути ја составував )
* Тоа е шега, петел јајца не носи, таблата празна. * Се е прав и чад, топлина ме обзема, недостига снег. * Неспокој во крв, стравува од темнина, очите без сјај. За 10 мин. што ми дојде на памет тоа пишував, повеќе време ми одзеде броењето на слогови
Шо ти требаше мор да влегвиш во вода со се кимононо кај ојш мор, кај ојш со тија куферине, зар ти е лошо в Трпејца? Ми падна Икспено, од лош драјвер, требат рестарт. Слабо врвит Интернетов ми велит сајт нот фоунд требат рестарт Немат место ми велит, дали немат меморија или требат рестарт.
Витомир, ова нема врска со хаику, прво прочитај што е хаику а ова се само охридски зезалици демек хаику.
^ Ана, прекрасно! Еве го мојот прв обид.. 10 мин. ја составував. -- Срцево мрзне Во исчекување на Вечната зима.
Многу е заразна хаику поезијава, синоќа учев и во учебникот си пишував стихови и броев слогови. За се и сешто Најслаткиот сон Ми доаѓа во мугри Затоа доцнам. Јаболко зрело Доцна сфатив дека е Дом за еден црв. Врз топла печка Кора од мандарини Се шири мирис. Боси стапала Потонати во песок Надоаѓа бран.
Започнавме брзо, часовник отчукува, се ближи крајот. Потонат в сон, мисла од мене бега, воздишка лесна. Утро во раскош, магија ќе создаде, сјајот се буди. Во срце немир, сонцето во зенитот, сенката бега.
Па ... Не сакам да сум Една од оние што не знаат за сни. Ладните раце Не секогаш се доказ За топло срце.
Баш ми се свиѓа хаику поезија, како солза е. Чекај да се потрудам малце, ова беше ептен набрзина... Ум имам ко лист, малку е жолт, малку сив. Зелен - од утре. Дујулајкит?
Зар снег нема или залутал сосем сам во ноќта далеку? Зар изгор лето не` очекува или пак снегот доаѓа? Се надевам не сум направила некои грешки, при делење на слоговите.
Мене порано повеќе ме бидуваше за хаику, ама како стареам некако немам умешност во крато изразување, се забегувам на долго и широко. Една постара, хаику е ги броев, сите слогови ми се тамн, напишана во 2009 година. Каде ли сме ние, И на каде одиме Се загубивме. Избегавме ли? Се` изгубивме сега, Не постоиме. Те барам тебе Те нема и ме нема Си заминавме. Постоиме ние Но не сме тоа што бевме Оттуѓени сме. Странци сме денес, Одрази в`огледало Непознати се. И погледни ме, Сега види ме добро Заборави ме Не постоиме. Замре и секој трепет Во незаборав.
Ладни рацете, топлина во срцето сакај ме, љубов! Надвор маглата очите ги прекрива, зарем не гледаш? Погледни ми ги очите најискрени, и запрашај се... Кој ли имам јас освен тебе најсакан, во овој лош свет?
Ладните нозе, топлите усни мои, бол се по тебе Огнот ги голта тажните солзи мои, што ли згрешив јас? Мракот везе вел од спомени и љубов, од друго време. Тогаш сонцето нам ни беше доволно. Сега веќе не. Прв обид, за 5 минутки, што ми дојде на душа
Ноќта е ден пак, мижам и треперам јас, болот ме гуши. Памтам силна бев, ништо не ни фалеше, но замина ти. Зимата дојде, твојот мирис го нема, се губам бавно. Пауза додека куцам семинарска, малку креативност нема да е на одмет.
Студот во коски Ми навлезе до болка Џабе пијам чај. Одамна е мрак, Над книгата сум уште Не знам до кога. Ме измачува Нешто недовршено Мир не ми дава. Да заврши се И подобро ќе биде Крајот се гледа. Знам дека можам Морам да сум упорна Не се предавам.
Еве го мојот прв обид за хаику поезија, и како за прв пат не е лошо.(за 10 минути го скоцкав) Да бев сонцето ќе сјаев силно за да ти осветлам пат. Нови патеки Што ме водат до тебе Ќе те стигнат ли? Старите дрвја тивко ми го шепотат твоето име. Жолтите лисја сведочат за нашата скриена љубов.
Еве една песна што ја пронајдов неодамна. (не пишувам јас да знаете, зашто може хаику поезијава ќе ме натера на харикири) Што сме убави со појасите ти црн појас седми дан јас волнен појас ишијас.
Еднаш си бев јас И еден јануари Станавме ние Си бевме ние Но по еден дождлив март Станавте вие - Црвени нокти Разбушавена коса Срамно минато Еден по полноќ Што ќе раскажуваш на своите деца? Имам три маски Две се на полицата Земи си една Дојди со мене И да зачекориме Во мојот мал свет - Јас ќе бев твоја За еден грст насмевки Ти не сакаше Јас ќе бев твоја За милион бакнежи Ти не сакаше Ќе бев твоја и за мал украден поглед Не, не сакаше Станав негова На тебе заборавив Ти - ме сакаше