1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    Голтнав дожд.
    Пивнав и ветар.
    А за десерт: небо!
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    ^ стиховите треба да се составени од 5-7-5 слогови.

    ************

    ПМС

    Страшна нервоза,
    ПМС ме напнува
    Неподносливо.
     
  3. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Здогледав ѕвезда
    светол месец но не и
    негови очи.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Мислата вене
    А морам да учам јас
    јазик туѓински
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Одмор

    Борови сенки
    И море темно сино
    Сонувам често.
     
    На Hipster, AnaKarenina и Grejsi им се допаѓа ова.
  6. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Пролетно сонце
    капучино со цимет
    мирис на среќа! :)
     
    На Marossa и Ariel им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ко шолја кафе
    испиена по полноќ,
    ме држиш будна.

    Дај избегај ми
    од мисливе, да можам
    јас да заспијам.
     
    На do-re-mi, Grejsi, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    ^ АнаКаренина, последнава ти е прекрасна!

    ********************

    На тебе мислам
    И срцето ми чука
    Двеста на саат.

    Заљубеноста
    Целосно ме обзема,
    А јас уживам.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^
    Тоа е тоа :)

    Он топик:

    Би трчала по
    дождови со брзи и
    боси чекори.

    Само ако знам
    дека ти некаде под
    чадор ме чекаш.
     
    На do-re-mi, Ketrin.Moon, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Ме заразивте и мене по дома само слогови си бројам. :rofl:
    Еве еден мој обид, многу лошо знам. :tmi: :rofl:

    Лето

    В лето луѓе
    пливаат во синото
    и топло море.
    :wasntme: :D

    П.С АнаКаренина и Ариел одлични ви се поезииве. :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Треба да издадеме збирка со хаику поезија од АнаКаренина, мислам дека продажбата ќе ни биди гоолема.
    Браво девојко! :bow:

    Он топик:
    Погледнија за
    крајот да е поубав а
    срцето поболно.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Благодарам Грејси :)
    Само една замерка за последното хаику - во вториот слог наместо 7 имаш 8 стихови, а во третиот слог наместо 5 имаш 6. Ама можеш лесно да ги смениш.


    Он топик:

    Стави ме ко цвет
    меѓу страниците на
    срцето твое.

    Како спомен да
    останам, заборав да
    не ме избрише.
     
    На Marossa, Mihaela.P, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Погледнија за
    крајот да е убав а
    срцето болно.

    Вака мислам дека е во ред нели? Иначе сум го утнала у да го избројам во вториот стих :tmi:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Којзнае колку
    пати погледите ни
    се разминале.

    Пред да се сретнат
    во момент одреден од
    Универзумот.
     
    На Grejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Дождот ми мие
    срце,ми крие солзи
    ми дава сила.

    Тивко како да
    шепнува,дека утре
    е нов ден, сончев!
     
    На Mihaela.P и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Како ветерот
    Дуваш на сите страни.
    Застани мирно!

    Зар не гледаш ли
    Дека стојам,те чекам
    На дожд, без чадор?

    Не купувај ми
    Чадор, дојди заедно
    Да наврнеме.
     
    На Moonstone.17, crazylady и Lella им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Пиши ми нешто,
    макар и само еден
    мал неоправдан.
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Шкртанки на час :)

    Седам крај прозор
    а ѕвездите треперат
    тивко заспивам

    Околку мене
    само пресреќни лица
    а јас најтажна

    Цветчиња бели
    раззеленети дрвја
    пролет доаѓа

    Во гради болка
    ги затварам очите
    капнува солза

    Со црвен кармин
    и насмевка на лице
    чекорам гордо

    Мало девојче
    со панделка во коса
    слатки спомени
     
    На Grejsi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не барај да не
    излегувам надвор сам
    меѓу сите нив,

    најди начин ти,
    да сакам кај тебе пак
    да бидам без здив.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Се заглушувам
    од силното врескање
    на тишината.
     
    На anichka94, crazylady и blueeparadise им се допаѓа ова.