Не можам да редактирам. То be continued Едноставна - за да ме разбереш само од три стихови. Комплицирана - да ме собере само едно хаику.
Хаику за летото Не го пуштајте летото, не сум спремна да кажам збогум. Уште е рано за топли напивки и меки џемпери. Сакам сладолед и коктели. И ноќи полни со ѕвезди. Да чекорам низ песок и нежно да ме милува ветрот. Да заспивам и да се будам, со звуци од брановите. Да ги одморам сетилата, дур ѕиркам од под палмите. На зајдисонце боси, ние заедно да танцуваме. Сонцето да го впивам, на секој зрак да му се радувам. Не ги пуштајте шеширите, рано е за чадорите. Ќе има време и за какао. Сега ми треба лето!
Кога е доцна Те опеав јас во сите мои песни а, не заслужи! Кажа збогум на кукавички начин и си замина така сам. Ќе ме бараш пак но, ќе биде прекасно јас ќе кажам чао. Без бакнежи и поздрави разделбата болеше силно.
(Не)романтично хаику Остави му ги ѕвездите на небото. Не ми требаат. Сé што ми треба е љубов вистинска. А не романтика.
Бегај, бегај ти подалеку од мене да не те гледам. Погледни ме ти, не оди толку бргу пак ќе се смееш. Те чекам јас пак, седам сама овдека полна со надеж.
Да не ја отворев темава и да не ги прочитав вашите прекрасни обиди, никогаш немаше да ми текне да напишам нешто свое. Инспирирана од денешниве првоесенски (не)погоди Сонце забесто, круша ко да гризеш со нова вилица.
Дали те гушка инаетот, подобар ли е од мене? Кога пишуваш кирилица додека го внесуваш пасс. И доживуваш мини срцев удар си мислиш хакнат сум.