Еве ги моите први обиди Сонувам да сум нечија. Заборавам дека сум своја прости што не те љубам не би ме болел доволно биди мојот грев кој полека ме љуби и уништува посакувам да те соберам во една хаику песна
Јас изумив да пишам во темава на 1ви, ама не е доцна да го фатиме месецов Февруари е месец на хаику поезијата и се одбележува со daily haiku. Лани го исполнивме предизвикот, се приклучија многу феминки, се надевам и годинава ќе ја испишеме темава со нови страници Јас едно хаику во месецов сум напишала, а бидејќи денес е 3ти, еве уште две. 2/28 Нема подобар аларм од мирисот на утринско кафе. 3/28 Колку надеж е собрана во еден мал бел цвет - кокиче.
4/28 A во мојава коса веќе пристигна пролет - расцвета. 5/28 Го впивам секој сончев зрак што пробива низ облаците. 6/28 Колку спомени може да собере во шишенце парфем?
7/28 И после толку време, уште треперам од твојот допир. 8/28 Една прегратка е помоќна утеха од зборовите. 9/28 Испиши ми го телото со бакнежи. Остави траги. 10/28 Љубов е кога со еден поглед можам да те прочитам. (овојпат некако за љубовно хаику имав инспирација )
11/28 Ја чувствуваш ли пролетта во воздухот? Мирис на зумбул. 12/28 А јас ги чекам ластовичките како на аеродром.
14/28 Еден нарцис за секој нарцис - остана бавчата празна. 15/28 Изгравирани букви на осамена клупа. Сведочат. 16/28 Пролет е кога улицата мириса на омекнувач.