1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    17/28
    Посади цвеќе,
    нека цути наместо
    љубовта наша.

    18/28
    Мирис на зумбул
    во воздухот, за денот
    да е поубав.

    19/28
    Штом сум болна, ти
    си ми најдобриот лек
    и терапија.
     
    На Jordanovska-K, Lella, tirkenbal и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Анчи ако не си ти да ја оживуваш темава, ништо не праиме.

    Да го затвориме месецов на хаику!

    Каде и да сум
    засекогаш само за
    тебе копнеам

    Таму каде и
    Тмурниот ден е сепак
    сончев, разигран.

    Таму каде баш
    секоја желба може
    да е реалност
     
    На kjukli, Jordanovska-K, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Кафе со многу
    шеќер, за животот да
    биде поубав.
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    20/28
    Вртам нов лист на
    календарот. Први март
    е нов почеток.

    21/28
    Пролет – време за
    пеперутки во стомак.
    Време за љубов.
     
    На kjukli, Jordanovska-K, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Чоколадо мо-
    ја,најдебела на свет
    кажи им кој е.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    22/28
    Постојат песни
    што се како створени
    за нас двајцата.

    23/28
    Во три по полноќ
    ти ми требаш повеќе
    и од парче сон.

    24/28
    Зачував малку
    љубов во тегла како
    џем од јагоди.
     
    На kjukli, LittleChili, Jordanovska-K и 2 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    25/28
    Колачиња со
    јаболка и цимет - сѐ
    уште е зима.

    26/28
    Шарени тезги
    со саксии цвеќе го
    бојат градот мој.

    27/28
    Ја заборавам
    марамата дома за
    бакнежи по врат.

    28/28
    Месечината
    личи на пита бурек
    ако си гладен.
     
    На kjukli, LittleChili, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    367
    Jас и ти како
    гулаби два качени
    на дрвото сме.


    Прв обид се надевам успешен. :)
     
    На Sunshine.Sunshine, Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  9. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Првенче :)

    А топло срце
    и снегулка на дланка
    Се топи лесно.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ластовички на
    жица, како ноти во
    петолиние.
    [​IMG]
     
    На kjukli, LittleChili, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Во стари песни
    наоѓам парчиња од
    спомени наши.
     
    На kjukli и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Еј, рози сини,
    денес ништо не учев
    сал ми се чини?

    У покушај да пишам нешто :rofl:
     
    Последна измена: 29 мај 2015
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Бројот на слоговите не ти е точен, во вториот имаш 8, а во третиот 6. Треба во вториот 7 и во последниот 5.
     
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    ги броев бре :/
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Не у-чев ниш-то за ут-ре
    И-ли ми се чи-ни
     
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    да бе ја тоа утре сум го броела ко едно ете си сменив :rofl:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ние скарани,
    а нашите четкички
    се бакнуваат.
    [​IMG]
     
    На crimson, Marossa, LittleChili и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Една од омилените, фала ти @AnaKarenina што ми го разубави денот!
     
    На kjukli, Marossa, HarleyQuinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    1. Додека сум жива
    во дождот сив јас само
    надеж ќе барам.

    Додека сум жива
    ќе ја најдам бар на миг
    за да те чекам.

    И ќе те чекам
    ко поле со лаванди
    после сушата.

    О, ќе те чекам
    дури и никогаш да
    не ми дојдеш ти.

    Дури и кога
    моите цветови свенат
    јас ќе останам.

    Жива само за
    пак да те чекам и пак
    да не ми дојдеш.

    И да ме снема
    пак ќе се родам само
    да те дочекам.

    И тука си ми
    макар во мисли само
    те дочекав јас.

    Ако скоро не ме
    бакнеш ти, ќе ме бакне
    летниот дожд.

    :f::rain:

    2. Не се грижи ти,
    сè што сакам е да ми
    недостасуваш.

    Дозволи ми да
    мислам на тебе ретко
    или засекогаш.

    Дозволи ми да
    заплачам по тебе јас
    пред спиење.

    Дозволи ми во
    коси да ми те носам
    да ми те чувам.

    Да ми те чувам,
    и кога те немам јас
    да ми те чувам.

    О, мирисот твој
    вечно да ми е тука,
    во косиве мои.

    Во косиве мои,
    што ко црешово дрво,
    се миризливи.

    :sun:

    Мој прв обид, се надевам ви се допаѓа.
     
    На kjukli, AnaKarenina и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn супер како за прв обид, само во овие стихови не си избројала убаво :)

    *Додека сум жива

    *моите цветови свенат

    *Ако скоро не ме

    *летниот дожд

    *или засекогаш

    *пред спиење

    *во косиве мои
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.