1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хаику поезија

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од AnaKarenina, 8 јануари 2014.

  1. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina Многу ти благодарам, воопшто не бев забележала, многу внимавав ама ете занесена и не ми текнало малку подобро да избројам. :f:

    :D Да се корегирам: Додека дишам
    само во дождот сив јас
    надеж ќе барам.

    Дури и кога
    цветовиве ми свенат
    јас ќе останам.

    Ако не ќе ме
    бакнеш ти, ќе ме бакне
    летниот дождец.

    Дозволи ми да
    мислам на тебе ретко,
    но засекогаш.

    Дозволи ми да
    заплачам по тебе јас
    само по полноќ.

    О, мирисот твој
    вечно да ми е тука,
    ти, во косиве.

    Поубаво ми е вака, ти благодарам уште еднаш. :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Вечерва сакам
    да разбудам негова
    уморна душа.

    Со смола да му
    ги лепам деловите
    од срцето јас.

    И да ја бакнам
    секоја модринка без
    љубов на него.

    И да ја љубам
    како никогаш таа
    рапава кожа.

    Под липите да
    се вљубиме ние сега,
    дојди ми ти пак.

    Дозволи им ним,
    да цутат над нашите
    убави тела.

    Нивните лисја
    покривка да ни шијат,
    и среде јуни.

    Во мирисот на
    искосената трева
    да ме имаш пак.

    Да го обојам
    јас телото твое со
    љубов бескрајна.

    А моето е
    разголено и празно
    како зимата.

    Сите бои ми
    ти ги подарив тебе
    без да жалам јас.

    Не жалам ради
    тајната што шумите
    ми ја шепотат.

    Секоја есен
    и пролет, летото ја
    љуби зимата.

    :f:
     
    На Marossa, kjukli и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Таблети љубов
    ќе пијам секој ден на
    празен желудник

    За кога ноќе
    сон не ми доаѓа да
    не те побарам

    Кога ќе легнам
    сама да не ми студи,
    меко да ми е.

    И да ме гушне
    ветрот наместо тебе,
    да ме милува.

    Но се стемнува
    а еве, сеуште не
    се излекував.

    Зар уште една
    вечност ми треба за да
    те заборавам?
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Брановите зад
    карпите удираат
    ко да се љубат.

    Алгите нозе
    ми бакнуваат пред да
    заминуваат.

    Се губам и јас
    во синилото како
    малечка риба.

    За тие да не
    ја видат тагава што
    на душа спие.

    Невидливоста -
    клетва која ти ми ја
    подари мене.


    .
     
    На kjukli, eliesaab и tessie им се допаѓа ова.
  5. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Во сивиот град
    излози, топли бои
    а ладни срца.

    Отровни очи
    кои ќе прободат и
    душа и срце.
     
    На kjukli и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Пред пет години
    во сонцето гледав и
    радост и живот.

    А сега кога
    гледам сончев зрак мене
    ме печат очиве.

    Пред пет години
    во морето гледав и
    радост и љубов.

    А сега ми се
    чини ко да пливам во
    човечки солзи.

    Пред пет години
    снегулки се топеа
    на дланкиве мои.

    А сега топлам
    ледени емоции
    студени души.

    Пред пет години
    дождот ме милуваше
    по раменици.

    А сега само
    една капка да падне
    ќе земам чадор.

    Пред пет години
    сликав со боите на
    паднати лисја.

    Сега газам по
    нив, очиве ми знаат
    само сивило.

    Пред пет години
    знаев која сум, сега
    се барам себе.


    :f::rain::sun:
     
    На kjukli и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Сакам мигов да
    трае подолго и од
    бесконечноста.

    И под стреа
    стуткани и гушнати
    да живееме.

    Иста цигара -
    и илјада години
    да ја делиме.

    Твоите усни
    да станат единствено
    „добро утро“ мое.

    А раце твои
    по телово да струјат
    ко за „лека ноќ’’.

    Нашите сенки
    засекогаш да личат
    ко да е една.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Јас тука седам
    и само солзи леам,
    кажи ''те сакам''.

    Сама довека
    ајде малку полека
    не можам веќе.

    Глупости истрескав ама набрзинка вака пред спиење. Никогаш не ме бидувало за вакви работи. :lol:
     
    На HarleyQuinn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    И желба ми е!
    Јас,ти,бело,небо,љу-
    бов,знаеш нели?

    Зелени очи,
    црна коса,висок,паме-
    тен само мој,ли?

    Црна коса,долга
    омилена твоја ,јас
    болка сум твоја.

    Зелено,црно,јас,
    ти, желба ми е знаеш
    нели?Љуби ме.
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На резанка од
    лубеница ми личи
    месечината.

    Со поглед ноќва
    ѝ се сладам, празен ми
    е фрижидерот.
     
    На LittleChili, kjukli, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ноќва заспивам
    со отворен прозорец
    и мирис на дожд.
     
    На LittleChili, Marossa и kjukli им се допаѓа ова.
  12. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Тивка е ноќта,
    ветрот ми се плетка низ
    мојата коса.

    Убаво е се,
    но со тебе би било
    доста подобро.

    Ајде врати се,
    те чекам цел мој живот,
    тивка е ноќта.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Кој ќе ги згрее птиците - Искра Донева.
    Ви ја препорачувам (y)
     
  14. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Морето ќе те
    избрише од песокот,
    а од срцето?
     
    На LittleChili, Marossa, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Првиот дожд на
    есента е збогум за
    балетанките.
     
    На Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.066
    Допаѓања:
    34.401
    Пол:
    Женски
    О, сонце мое,
    каде ли се сокри ти?
    Ми фалиш многу.

    прв покушај :) се надевам дека е добро
     
  17. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Инспирација
    Беше ти моја, сега
    Си само спомен.
     
    На Someonespecial, Lella и Marossa им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Биди ми есен
    Дојди утре, остани
    Ми засекогаш.
     
    На crazylady, LittleChili, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ние двајца сме
    синхронизирани и
    кога дишеме. :l:
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Побарај ми од
    душата,но немој од
    чоколадото.
     
    На crazylady, LittleChili, fatamorgana123 и 6 други им се допаѓа ова.